Филипче: Измените во Законот за заштита од заразни болести се очекува да се носат по скратена постапка

Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира, најави денеска од Штип, министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека за кратко време се очекува и законот по скратена постапка да се реализира, со цел да се донесат новите мерки, кои ги предлага Комисија за заразни болести, а со цел да не се шири коронавирусот меѓу населението.

-Се изнуди практично таква ситуација, да мора да се интервенира во законот, поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во уредбата со законска сила, којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба. Така да ова е најдобриот начин да имаме една мерка, којашто е ефикасна и ќе може да се контролира и да се спроведе, вели Филипче.

Прашан како ќе се справи здравствениот систем со недостигот на лекари и медицински персонал на инфективните одделенија низ земјава, Филипче со одговор дека тој проблем се надминува уште од почетокот на кризата со системот на ротации на лекарите и медицинскиот персонал од други одделенија.

-Лекари, интернисти, инфектолози и сестри се во системот на ротација, како од клиниките кон Инфективната во Скопје и болницата во Козле, така и и од една кон друга општа болница ширум државата. Во еден одреден период имавме, пред неколку месеци имавме ваква слична ситуација, кога беа скоро преполнети одделенијата и сега навистина има голем притисок за прием на пациенти во болницата во Струмица, понатаму во Куманово и во Битола има слободни места и во Гостивар, почнаа да се полнат капацитетите и во Кавадаречката болница, таму има веќе сместено двајца пациенти од вчера, вели Филипче.

Забележа дека е во секојдневна координација со раководствата на болниците и се менаџираат ситуациите, а се прават и секојдневни анализи и се врз основа на нив се прави системот за мобилизација на медицинскиот кадар.

Прашан дали болниците ќе добијат дополнителни финансиски средства, бидејќи имаат зголемени трошоци за заштитна опрема и за набавка на кислород, а од друга страна приловот на средства е намален од оние секојдневни специјалистички прегледи на другите одделенија, Филипче со одговор дека уште на почетокот на кризата ниту една здравствена институција не се соочи со недостиг на финансии.

-Имаше зголемување на буџетите во тие болници, каде што имаше зголемен трошок за третман на овие пациенти заболени од Ковид, од другите болници каде што беше намален обемот на другата работа, имаше прераспределба на буџетите. Меѓутоа во рамките на практично секојдневната следење, анализирање на состојбата од страна на министерството, Фондот за здравствено осигурување, ниту една институција не беше оставена без потребните финансии, вели Филипче.

Министерот за здравство најави дека набавени се 40.000 вакцини за сезонскиот грип, кои ќе бидат бесплатни за одредени граѓани, со хронични болести, за кои се смета дека треба да ја примаат оваа вакцина, а вакцинацијата ќе почне на крајот од месецов.

МТСП: Неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува .

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:

1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.

Министерство за труд и социјална политика

Италијанскиот новинарски синдикат повика на штрајк на јавниот радиодифузен сервис Раи

Новинарскиот синдикат УСИГраи (USIGrai) повика на 24-часовен штрајк во италијанската јавна телевизија Раи на 6 и 7 мај, главно во знак на протест против мешањето на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, јави ДПА.

Тие ја обвинија Мелони дека сака да го претвори радиодифузерот во „говорник на владата“.

Заднината на ова е откажување во последен момент на поканата на писателот Антонио Скурати, кој сакаше да прочита текст на денот на ослободувањето на Италија од германската окупација и фашизам на 25 април.

За време на настапот, тој сакаше да ја критикува партијата на Мелони за нејзиното постфашистичко потекло. Текстот на крајот беше прочитан од новинар на Раи.

Мелони е на чело на десничарската трипартиска коалиција од октомври 2022 година. Нејзината сопствена партија „Браќата на Италија“ потекнува од постфашистичкиот политички спектар. Поранешниот диктатор Бенито Мусолини (1883-1945) сè уште е почитуван од истакнати членови на партијата до ден-денес, наведува ДПА.

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија.

Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.

Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.

Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

притисни ентер