Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаФилипче има решение за 600 евра плата: Помалку луксуз - поголеми плати за работницитеДозволете да се обратам на две теми, прво Предлог-Законот за минимална плата којшто го поднесовме во Собранието, затоа што ги гледаме ставовите пораките коишто доаѓаат од владата. Имено стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години.Соочени со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ ништо не направија за да платите имаат континуиран соодветен раст, за да може луѓето да излезат и да врзат крај со крај до крајот на месецот во услови кога цените неконтролирано растат, кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, само за храна и пијалоци е потребно повеќе од третина. Тоа барање кое што го слушнавме на протестот на Сојузот на синдикати за минимална плата е сосема на место, соодветно и се темели на реални потреби на работниците. Затоа го поднесовме законот за 600 евра минимална плата. По вторпат го поднесуваме законот, првиот пат беше на крајот на 2024-та година, тогаш власта го одби и тука на површина излегува континуитетот на нашите политики. Имено континуирано растеше минималната плата за време на мандатот на владата на СДСМ. Тогаш кога имаше протести или протести во најава, тогашната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ тие ги поддржуваше, а сега кога има можност и кога треба платите да им ги зголеми, тоа не го прави. И тука на површина освен што излегува конзистентноста на нашите политики, излегува на површина и нивното лицемерие. Ништо не прават за да го подобрат стандардот на граѓаните. Не може да има пари само за луксузирање, за 161 тендер за една фирма, за луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт, за една мала група на луѓе околу врвот на власта а сите други да страдаат во државата. Затоа ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците. Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата. Првата ставка категорија 42 од Буџетот, стоки и каде што се планирани 27,5 милијарди денари. И тука влегуваат патни дневни расходи тука влегуваат договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли, мебел, комфор за функционерите од власта. Ако се скрати помеѓу 20-30 % од оваа категориј,а се стигнува до сума на пари од 5,5-8 милијарди денари односно 90 до 130 милиони евра. И веќе тука се задоволуваат потребите за зголемување на платите на работниците. Понатаму, имајќи предвид дека со формираа нови министерства, дека тука кабинети се опремуваат се вработуваат повторно по партиски клуч луѓе, имаме категорија 46 - субвенции трансфери, ставка 464 разни трансфери којашто е тешка 22 милијарди денари од кои што со 20-тина проценти да се обезбедат кратење, да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра. Значи, во само две категории 46 и 42 може да се обезбедат помеѓу 130 или 205 милиони евра, сосема доволна сума на пари. Прво да се зголемат платите на работниците до 600 евра и одам чекор понатаму, да се излезе во пресрет на барањето и потребата на приватните компании да се субвенционираат придонесите за празните осигурувања со цел да и приватните компании ги зголемат платите на работниците без да имаат дополнителен терат во плаќање на придонесите. И тоа е нешто што мислам дека е сосем разумно .Мислам дека и на компаниите им е тоа потребно, без да се загрози нивната ликвидност. Со ова практично сметам дека е јасно дека нема простор за изговори. Ако владата сака тогаш ова кратење може да се направи само во овие две ставки на Буџетот. Нека дадат предлог за ребаланс веднаш ќе го поддржиме во Собранието. Не може да се планира пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците. Помина скоро пола мандат од оваа влада, еве веќе е месец февруари. Во првите две години од владата на СДСМ до 2019 година, социјалната помош се зголеми за 300% од 3.000 на 11.700 денари, значи пари може да се најдат. Понатаму минималната плата за 60% во првата половина од мандатот, од 8.000 на 14.500 денари се зголеми. Во здравството во првата половина од мандатот платите на докторите практично се дуплираа, преку основно зголемување на 40% и повеќе од триплирање на сумата која што докторите зимаат и медицинските сестри за дежурство и надоместоци за ноќните смени. Значи, ако се сака ако си има вистинска желба, волја ако се има идеја да се излезе во пресрет на потребите вистински на граѓаните во Буџетот има средства да се најдат и еве како тоа сметам дека може да се направи. Втората тема на која што сакам да коментирам е изолацијата намерна на нашата земја. Очигледно е веќе дека ниту се спроведуваат реформи, ниту се прават потребните чекори да се фати возот за Европска Унија на којшто веќе многу напред одат Црна Гора и Албанија. Црна гора веќе го пишува договорот за пристап во Европската Унија веќе се затвораат сите поглавја. Тоа што нема желба оваа влада да се направат вистински реформи во правосудството, тоа што дополнително се прави партизација на сите по сите инстанции во правосудството, обвинителство, судии и така натаму е доказ дека се нема желба и волја да се оди понатаму. Силното влијание на премиерот Орбан на Унгарија се гледа секој ден. Започна како финансиска зависност со кредитот од милијарда евра, за кој што никој не знае каде се парите отидени, понатаму во делот на транспортот преку приоретизирање на пругата север југ и покрај тоа што Коридорот 8 е не само за транспорт туку и безбедносен Коридор,кој што се стави во втор план. Се прекина па сега еве прават обиди да се да се продолжи. Понатаму, во делот на медиумите јасна и мрежата на унгарските медиуми кај нас кои што креираат силно антиевропско расположение кај граѓаните. Тоа го гледаме секојдневно и еве сега последно со некаков проект во енергетиката, за кој што повторно е заинтересирано фирма блиска до примерот Орбан. Очигледно е дека оваа поврзаност со вакви авторитарни режими на северот од нас не држи во изолација. Премиерот јасно кажа, дека нема да има уставни измени, веќе не ни крие дека нема да има чекор напред кон Европа. Ја цитирам за жал и претседателката, „Измислен е патот кон Брисел“. Граѓаните мора да знаат дека оваа владата ја држи земја во изолација оставена во овие комплексни геополитички случувања како изолирана земја на влијание на Русија. Утре ќе се отвораат нови проблеми кога Црна Гора и Албанија ќе станат земји членки на Европската Унија. Еве го кај е времето брзо поминува, тоа може да се случи за една или две години 2027-2028, времето минува ништо кај нас не се случува, нема реформи, нема чекор напред. Можеа да се започнат реформите уште целиот пат којшто ВМРО-ДПМНЕ и тогаш го блокираше од 2023 година, веќе се поминати три години од тогаш, а ние стоиме во место изложени на дефокус, на лажни кампањи, на ширење на анти-европски наратив, на криминални тендери и тоа е се што оваа власт за жал прави. Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБогдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богдан Илиевски и Иво РангеловиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЗабаваЦвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се превисоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања. Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно? Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“? Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна. Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената. Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето. Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања. Треба ли мажот да ја плати вечерата? Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи. Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата. Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската. Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин. Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“. Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот. Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе. Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди? Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа. Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава. Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа. Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter