Филипче: Илјада токсични наслови - доказ за организиран медиумски линч врз мене и СДСМ - Канал 5

Филипче: Илјада токсични наслови - доказ за организиран медиумски линч врз мене и СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави дел од, како што ги нарече, илјада токсични наслови, што според него претставуваат организирана кампања за политички и личен линч.

Филипче: Илјада токсични наслови - доказ за организиран медиумски линч врз мене и СДСМ

Има една книга „Илјада зошто,илјада затоа“, верувам добро е позната, во Македонија многу семејства се уште ја чуваат во библиотеките.

Она што денес го претставуваме е токму тоа - илјада наслови за сите да се прашуваат зошто нешто се случува? За секое „зошто“ има одговор затоа.

Денес сакавме да ви ги претставиме дел од илјада токсични наслови што успеавме, за ова кратко време, од вчера да ги собереме.

Морам да кажам не беше воопшто тешко, бидејќи ова е само мал дел од она што медиумскиот октопод на ВМРО го произведе за толку краток период.

Погледнете, вака изгледа секојдневието на СДСМ и мое лично. Вака се будиме, вака заспиваме, вака функционираме. Со ова се бориме секојдневно. Невистини, лаги, навреди, хајки, линч, навреди итн. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање.

Зошто власта го прави ова - за ДЕФОКУС од вистинските реални проблеми.

Кога започна да се зголемува интензитетот на нападите врз мене и врз СДСМ? Кога откривме дека постои договор „мигранти за пари“, кога почнавме да објавуваме „бомби“, 161 тендер за една фирма, 52 милиони евра преку општините, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра преку Пошта, сè за ортаците на Мицкоски. Кога кажавме дека недостига една милијарда евра, а сега, за жал, веќе недостигаат две милијарди, а јануари сè уште не е ни завршен.

Најжестокиот удар врз нас започна по нашата објава за Алфа ТВ и нивната поврзаност со цела мрежа што оди преку Белград, СНС, па до Будимпешта и Орбан. И тргнаа со сите сили врз нас.

Во Здруженијата на новинарите, гледавме последен зрак надеж дека ќе можат да се одбранат од притисоците на ВМРО и да застанат на страната на вистината. Се уште чекаме одговор за поднесените осум претставки за навреди од страна на Геровски. Тој ме споредува со убиец на деца, замислете убиец на 300 деца. И никој не реагира.

Не се реагира ниту на сето ова што денеска го гледате собрано на едно место денеска.

Погледнете ги овие токсични, ужасни наслови, тие зборови, тие изрази. Можете ли да замислите како ние се чувствуваме? Дали ние некогаш сме изјавиле, рекле или напишале нешто вакво? Не, никогаш.

Во дел од медиумите велат дека ние таргетираме? Кого? Оние што ова го пишуваат? Тие нам ни велат „Ве држиме на нишан!“ Кога некој застанал во одбрана на некого од нас? Не како политичари, туку како луѓе? Зар мислите дека ова што е напишано на овие насловни страници е човечки? „Глупави, будали, јадете, идиоти итн“ Ова не постои никаде, ама баш никаде!

Сега дозволете да ви ја прочитам, поточно да ја цитирам, најавата за мојот линч, повторно, уште на 19 ти декември минатата година!

„ Венко Филипче којшто треба да одговара за криминали од набавката на вакцини до клинички центри “

И ова е најава ако сакате така да ја наречам на една ваша колешка, претседателка на едно од таканаречените независни здруженија на новинари. Дали е сега појасно кога велиме дека е сценарио, смислено и координирано?

Оваа количина омраза не може да постои кај независен новинар. Ова може да го каже само лице длабоко поврзано со ВМРО. Потоа, врз сето тоа, следуваат организирани напади врз нас и одвнатре, со луѓе кои се купени, некои уценети. Го видовме тоа веќе, емисијата оди во живо, паралелно излегуваат вести на портали под контрола на ВМРО.

Она што е важно граѓаните да го знаат, додека се објавува лажна вест, во позадина се одвива кражба. Додека ние се занимаваме со лажни вести, измислени афери Жан, кули итн, а притоа паралелно на тоа Мицкоски на средба во Давос преку посредничка компанија договара мигранти. Така тоа оди - кучињата си лаат, караванот си врви.

Вчера ја добивме и последната потврда дека сме единствена вистинска опозиција на политичката сцена во Македонија. Организирани напади врз нас преку контролирани медиуми и наши петтоколонаши беа доволни за да стане јасно дека со цела сила удривме во осиното гнездо. Сакаат да ја запрат единствената вистинска и конструктивна опозиција.

Единствената опозиција, затоа што се бориме против криминалот на власта, се бориме за подобар живот на граѓаните, на сите граѓани на Македонија. Она што граѓаните денес го гледаат е дека сме конструктивна, а не контролирана опозиција, како некои други.

Бевме контруктивни за многу работи, за реформските закони, за закони за поголема минимална плата кои беа одбиени, за поголеми примања во приватниот сектор, кои исто така беа обиени, за намалување на цените на храната, исто така бевме одбиени, за намалување на цената на струјата,исто така владата не одби за се.

Бевме конструктивни во Собранието во однос на анкетната комисија за трагедијата во Кочани, која тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ ја преврте целосно и сега не се спроведува.

Бевме конструктивни и во однос на запирањето на проектот мигранти за пари. Понудивме Резолуција што сакавме заеднички да ја потпишеме и поднесеме во Собранието, за да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните.

За возврат, од тендер-коалицијата добивме Декрет по примерот на Третиот рајх, со кој се забранува слободата на говор.

Бевме конструктивни и во однос на безбедносниот сообраќаен проект „Safe City“, започнат во време на владата на СДСМ, со цел да се усвојат механизми и да се води сметка за контролата на огромната количина на податоци кој овој систем ќе ја контролина. Никој од Владата нема слух за ова.

Велат дека не сме биле конструктивни затоа што одбивме средба со тендер-коалицијата во врска со укинувањето на единствениот механизам кој може да обезбеди фер и демократски избори.

Како да бидеме конструктивни со поддршка на ваква организирана криминална група? Тоа не се вика конструктивност, туку соучесништво во криминал и корупција. Ние тоа го одбивме. Контролираната опозиција видовме отиде на таа средба и видовте дека ништо не се договори, затоа што целта не беше договор, туку давање легитимитет на оваа тендер-коалиција.

За крај на оваа прес конференција, сакам да ви кажам дека уште денес ќе се обратиме до Европската Унија, до нејзините институции, како и до сите меѓународни организации за заштита на слободата на говор и слобода на медиумите.

Ова нема да нè запре. Сега сме посилни, затоа што ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат, на патот на вистината и правдата. А правдата ќе победи!

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. 

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си.

Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати.

Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост.

По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката.

Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS).

Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен.

„Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП.

Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат.

Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината.

Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. 

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“.

Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина.

Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење.

„На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“.

Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави.

Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација.

Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред.

Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците.

Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето.

„Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата.

Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. 

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса.

Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“.

Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро.

Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил.

Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште.

Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил.

Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот.

Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега.

„Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот.

Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената.

„Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот.

Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло.

До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер