Филипче и Шилегов со меѓусебни обвинувања за поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ - Канал 5

Филипче и Шилегов со меѓусебни обвинувања за поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ

Постапката за исклучување на Петре Шилегов од СДСМ е донесена со консенсус во Извршниот одбор, тука не станува збор за различно мислење туку за одработување за ВМРО-ДПМНЕ, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче и Шилегов со меѓусебни обвинувања за поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ

Постапката за исклучување на Петре Шилегов од СДСМ е донесена со консенсус во Извршниот одбор, тука не станува збор за различно мислење туку за одработување за ВМРО-ДПМНЕ, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче појаснувајќи ја партиската одлука од синоќа. Какви докази имаат во СДСМ за ваквите тврдења Филипче конкретно не одговори, но беше дециден дека актуелното раководство нема да дозволи внатрешни поделби во партијата за туѓи интереси. Тој негира дека има било каква тајна соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

-Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така и ќе биде понатаму. Oвде не станува збор за туѓо и поинакво мислење затоа што и тоа мислење беше сослушано, туку за процес за одработување за ВМРО ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата.Јас нема да дозволам луѓе да го делат СДСМ понатаму затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт. Ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст, единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата однатре. Таква поделба се случи 2021 година, 2024 со националистичка и лажна кампања, во 2025 година самиот Шилегов рече дека тој не работел за СДСМ, изјави Филипче.

Ваквата одлука на СДСМ следува откако деновие Шилегов во телевиско интервју го актулелизираше барањето за оставка на раководството и најави платформа за промени.

Според него, одлуката за исклучување е нестатутарна, донесена од нелегитимно раководство...

- Исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација на којашто припаѓа во која што претседателот Филипче првпат влезе кога е избран за претседател. Ако веќе сака да спроведе таква иницијатива нека дојде во општинската во Карпош, таму ќе разговараме со членството, јас ќе се потрудам да го имам сериозно многу и за моето исклучување но и за неговото заминување. Како може да биде грев да барате оставка од претседател којшто партијата ја направи да биде петта во Скопје, трета во Куманово, трета во Битола, трета во Велес, Штип, Битола, Прилеп. И потоа ве убедува дека некој друг одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Шилегов.

Шилегов вели дека одлуката на раководството нема ништо да промени во плановите на, како што кажа, поголема група социјалдемократи за сериозни промени во СДСМ, но детали за идното делување не сподели..

Од друга страна, Филипче најави засилување на партиското делување и партиски конгрес во мај на кој, како што кажа, ќе ги објават постулатите на нивната програма за следните парламентарни избори, а ќе биде објавена и проевропска платформа на СДСМ на која очекува да се приклучат сите проевропски партии за да се излезе од ќорсокакот во евроинтеграциите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

​Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер