Филипче: Граѓаните да одлучат преку референдум дали ќе има уставни измени - Канал 5

Филипче: Граѓаните да одлучат преку референдум дали ќе има уставни измени

Граѓаните да одлучат преку референдум дали ќе има уставни измени – повика претседателот на СДСМ – Венко Филипче, обвинувајќи дека премиерот Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ го блокираат евроинтегративниот процес на земјата.

Филипче: Граѓаните да одлучат преку референдум дали ќе има уставни измени

Граѓаните на референдум да се изјаснат дали се за уставни измени – повика претседателот на СДСМ – Венко Филипче, обвинувајќи дека премиерот Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ го блокираат евроинтегративниот процес на земјата поради лични лукративни интереси. Во однос на повикот на премиерот до опозицијата за обединување околу националните интереси и евроинтеграциите, Филипче оцени дека станува збор за лажно „подадена рака“ и дека СДСМ нема да го поддржи, како што кажа, лажниот патриотизам и политиките кои ја изолираат државата.

-Нека распише власта референдум, затоа што ја носат целокупната одговорност за патот кон ЕУ и да им го кажат граѓаните вистинскиот став и одговор. Се согласувам дека треба прашање како ќе биде, но на власта е одговорноста, власта ветуваше влез во Европа по поинакви, подобри и погорди услови, така беше? Излажаа. Прашајте го што е патриотски во неговата политика да ја изолира земјата и што точно значи неговиот повик за обединување, што Мицкоски сака да слушне од опозицијата, од мене лично, нас, било кој, што точно очекува, што за него значи обединување. Нема да застанеме зад него и неговите погрешни политики, само за тој и бандата да продолжат со криминалните тендери,- -Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека уставните измени не се последното барање кон Македонија, и дека единствениот кој верува дека нема да има дополнителни барања од Софија бил токму Филипче. Според нив, целта на Бугарија се историјата, идентитот и културното наследство на Македонија, за кои велат, не смеат да бидат предмет на политички договори.

-Очигледно е дека единствениот кој верува на пораките од Румен Радев дека уставните измени се последна пречка на патот кон ЕУ е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија – Венко Филипче. Македонската историја која е надалеку позната и прочуена Румен Радев ја претставува како бугарска, а Филипче не осудува. Почитувани граѓани зошто ова што го говориме е многу важно – затоа што имате право да знаете какви отстапки би следеле понатаму доколку СДСМ и Филипче повторно би добиле можност да одлучуваат за државните позиции. Од авион се гледа дека Бугарија има пошироки барања кон Македонија,- Валентин Манасиевски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Мицкоски по вчерашната прес-конференција со хрватскиот колега Пленковиќ изјави дека Македонија останува посветена на членството во Европската Унија, но не по секоја цена и без можност за идентитетски отстапки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мундијалска сензација преку Инстаграм си бара нов клуб

Најголемото изненадување на Светското првенство, голманот на Зеленортските острови 40 годишниот Возиња бара нов клуб преку Инстаграм. 

Мундијалска сензација преку Инстаграм си бара нов клуб

На 40-годишна возраст, Возиња блесна на Светското првенство и го сврте вниманието кон себе со фантастични одбрани.

Во меѓувреме, тој стана најследениот голман на Инстаграм, а нема сомнеж дека ќе се зборува за неговите одбрани, особено оние против Шпанија и Аргентина.

Познато е дека Возиња немаше клуб пред заминувањето на Светското првенство, а сега се дозна дека тој ја бараше следната дестинација каде што би можел да ја заврши кариерата. Тој преку Инстаграм стапи во контакт со Родни Страсер, поранешен играч на Милан, со намера овој да му помогне да ја најде својата следна дестинација.

Возиња истакна дека би сакал да одигра уште една или две сезони и додаде дека се надева оти ќе добие понуда од второлигашки клуб од Турција или Италија.

„Му реков да оди на Светското првенство и да го даде својот максимум. Тој е премногу добар голман за да бара клуб на таков начин, а големата светска сцена е таква што, ако малку го привлечеш вниманието – некој ќе те забележи. Верував дека Светското првенство може да му ја промени кариерата и бев во право“, рече Штрасер и додаде:

„За мене, тој е најдобриот голман на Светското првенство, а сега е и најбараниот во светот. Поуката е едноставна – никогаш не се откажувај. Верувај во себе и бори се. Возраста, потеклото или твојата ситуација се неважни. Едноставно – животот може да ти се промени преку ноќ“, вели Штрасер, раскажувајќи интересна приказна и приложувајќи снимки од екранот што ја потврдуваат нејзината веродостојност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

Светскиот џет сет брачен пар, Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот, а по тој повод објавија серија заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

И покрај сите проблеми и минати афери, Дејвид и Викторија Бекам ја слават својата 27-годишнина од бракот, иако никој можеби не го очекувал тоа порано. Многумина сè уште се сеќаваат на познатата афера со Ребека Лос, но Викторија не дозволи ништо да им го наруши бракот и мирот.

Викторија призна дека тој период бил најтежок во нејзиниот живот, но тие успеале да ја надминат својата најголема криза.

Последната работа што ги погодила бил конфликтот со нивниот син Бруклин, кој предизвикал голем скандал кога ги открил деталите за својот однос со родителите.

Без разлика на се, денеска на годишнината се огласи на Инстаграм славниот екс фудбалер а сега сопственик на Мајами Интер, Дејвид се огласи за да ја одбележи годишнината и сподели серија фотографии.

„Заедно 29 години, во брак 27, а ти ми даде сè што некогаш би можел да посакам. Нашето најголемо достигнување засекогаш ќе биде нашето семејство. Те сакам и среќна годишнина“, напиша Дејвид покрај објавата.

Во коментарите, Викторија (52) одговори: „Среќна годишнина. Многу те сакам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголемиот трансфер во историјата на Тотенхем, потрошени 200 мин. за само двајца фудбалери

По катастрофалната сезона во која до самиот крај се бореа за опстанок во Премиер лигата, во Тотенхем свртеа нов лист.

Најголемиот трансфер во историјата на Тотенхем, потрошени 200 мин. за само двајца фудбалери

Роберто де Зерби пристигна на тренерската позиција кон крајот на претходната сезона, а раководството на клубот летово одлучи да ги исполни неговите желби во врска со играчкиот кадар – навистина е тенка линијата меѓу „скржави“ кои никогаш не трошат и реализација на најголемиот трансфер во историјата.

По потврдувањето на трансферот на португалскиот фудбалер Матеуш Фернандез (21) за 99 милиони евра,од Тотенхем“ претставија уште едно големо засилување – еден од најдобрите италијански фудбалери

. Поранешниот играч на Њукасл, Сандро Тонали, стана најскапиот Италијанец во историјата, но и најскапото засилување во историјата на Тотенхем, бидејќи за него мораа да платат 108 милиони евра!

Двајцата играчи од средниот ред го чинеа лондонскиот тим вкупно 207 милиони евра, па очекувањата ќе бидат огромни. Тие ќе треба да донесат „свежа крв“ во тимот на Де Зерби, со оглед на тоа што централниот дел од средниот ред беше еден од најголемите проблеми во претходната, историски лоша сезона.

Според информациите, Тотенхем го направи Сандро Тонали најплатениот фудбалер во тимот. Клубот мораше длабоко да посегне во касата за да ги обезбеди речиси 17-те милиони евра што италијанскиот играч за врска ќе ги заработува на годишно ниво.

Ова е јасен сигнал дека лондонскиот тим сака да игра многу позначајна улога во Премиер лигата следната сезона.

Покрај двајцата играчи за врска кои веќе потпишаа договор со Тотенхем, во клубот пристигна и дефанзивецот Јан Пол ван Хеке, за кого на Брајтон му беа исплатени 60 милиони евра. Тотенхем на истиот тим ќе му го продаде талентираниот хрватски фудбалер Лука Вушковиќ, но прашање е дали ќе успеат да добијат толку пари за него. Лондонскиот тим исто така потпиша договори со голманот Мартин Дубравка (поранешен член на Барнли), левиот бек Ендрју Робертсон (кој доаѓа од Ливерпул) и стоперот Маркос Сенеси (досегашен играч на Борнмут).

Тројцата пристигнаа во Тотенхем без обештетување, а веројатно ќе има и дополнителни засилувања во клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер