Филипче го обвинува Мицкоски за авторитарно владеење и закани кон опозицијата - Канал 5

Филипче го обвинува Мицкоски за авторитарно владеење и закани кон опозицијата

Филипче и Мицкоски ги продолжија и меѓусебните обвинувања на политичките теми, а во фокусот и натаму се најавите за прогон на поранешни високите владини функционери..

Филипче го обвинува Мицкоски за авторитарно владеење и закани  кон опозицијата

Премиерот Мицкоски пак не сака јавно да коментира кривичната пријава што му ја поднесоа од СДСМ, за како што велат кршење на Уставот и законите по неговата изјава дека имал чувство дека ќе се гонат поранешни високи функционери од опозицијата и како што рече ќе оставаи на органите да одлучуваат. Мицкоски денеска категорично ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека власта ангажирила странска разузнавачка агенција за да ги следат партискиот лидер Венко Филипче и нивни функционери и кажа дека не се занимава со „естрадна политика

-Јас не би можел да коментирам повеќе, оставам на органите да одлучуваат, кривичната претпоставувам е поднесена до обвинителството , можеби ќе треба прашањето да го упатите до таму, јас не би сакал со моја изјава по ниту една основа да влијаам врз одлуката на обвинителството, а во однос на кривична што ја поднесе СДСМ. Што се однесува за чувствата мислам дека премногу чувствителни станавме во периодов сега да се фокусираме на вистинските нешта за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и напорна работа за македонските граѓани, изјави Мицкоски.

СДСМ нема да отстапи пред заканите и притисоците за прогон од премиерот Мицкоски, изјави опозицискиот лидер Венко Филипче упатувајќи критики дека премиерот ја претворил државата во авториртарен режим со поделби и креирање на внатрешни и надворешни непријатели.

-Слушав и не ми се веруваше што кажува сега премиерот. Човекот којшто отворено се закануваше и од собраниска говорница, кажуваше кој и како ќе биде гонет, се закануваше со органите на власта кои што се независна власт, судска. Наеднаш не чувствува ништо. Чудни амплитуди во чувставата, постепено се зголемуваат и наеднаш исчезнуваат. Прво премиерот треба да знае и сакам да му порачам: доколку знаел што се случува со пријавата тогаш има кривична одговорност. Доколку не знаел има политичка одговорност, затоа што се заканува и тоа е нешто што не смее да го прави, тоа е манир на авократски режим. Ама тоа не неизненадува. Тоа е така изминативе две години, тоа е неговиот манир на владеење, изјави Филипче.

Во однос на изразелската фирма, Филипче праша зошто премиерот експлицитно не кажал дека не била ангажирана. Според него СДСМ е подготвена да оди на парламенатрни избори во било кое време, но не одговори конкретно дали би побарал да бидат предвремени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот Мерцедес е снимен на тестирање во Шпанија (ВИДЕО)

Mercedes-Benz развива нова верзија од серијата Black Series на моделот AMG GT, а по најавата со концептот AMG GT Track Sport минатото лето и официјалната потврда во март, сега се појавија првите тест снимки. 

Новиот Мерцедес е снимен на тестирање во Шпанија (ВИДЕО)

Новото видео прикажува камуфлиран прототип на супер автомобил на јавните патишта во Шпанија.

Аеродинамичен пакет и дизајн

Прототипот снимен на патот има нагласен преден спојлер, отвор на хаубата и дополнителни отвори за воздух. Од страната, веднаш пред вратата, има голем отвор со страничен излез на издувниот систем. На задниот дел доминира масивно крило, таканаречено „goose neck“, слично на она на 911 GT RS, и дифузер што се протега надвор од работ на браникот.

Автомобилот е покриен со камуфлажна фолија што ги крие прецизните линии на дизајнот, но на задниот дел има видливи отвори во панелите, веројатно наменети за дополнително ладење на компонентите.

Звукот на V8 мотор

Видеото го сними и звукот на издувот, и потврдува дека под хаубата има V8 мотор. Бидејќи автомобилот се возел по јавни патишта во рамките на дозволената брзина, звукот не бил особено агресивен, но нема сомнение дека GT Black Series ќе има многу моќ.

YouTube video

Најмоќната Black Series досега

Кога Meрцедес го објави развојот на новата AMG GT Black Series, компанијата изјави дека тоа ќе биде „најрадикалниот“ и „најекстремниот“ модел на Black Series некогаш произведен. Автомобилот ќе служи и како хомологациски модел за новата генерација на тркачкиот автомобил GT3.

Покрај новиот ултимативен AMG GT, видеото прикажува и нови модели во подготовка и развој. Редизајни, како и AMG верзии во подготовка.

Фокусот на моделот Black Series ќе биде на висока моќност и напредна аеродинамика, но сè уште не е познато дали Mercedes ќе воведе хибриден погон.

Хибриден погон и намалување на тежината

За споредба, сегашниот модел GT 63 S E Performance користи електрифициран 4,0-литарски V8 мотор со двоен турбополнач, кој развива 816 КС и 1.420 Nm вртежен момент. Сепак, овој модел е доста тежок, со тежина од над 2.100 килограми.

Моделите од Black Series традиционално го претставуваат врвот на AMG перформансите, а тој статус обично вклучува значителни заштеди на тежина. Претходниот AMG GT Black Series користеше голем дел од јаглеродни влакна за да биде 35 килограми полесен од стандардното купе со 730 КС. Затоа, изоставувањето на хибридниот систем во новиот модел би бил логичен чекор во намалувањето на вкупната тежина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познатиот американски доктор Фаучи одби да сведочи во Сенатот за Ковид-19, се повика на Петтиот амандман

Ентони Фаучи, клучниот американски експерт за заразни болести за време на пандемијата Ковид-19, одби да одговори на прашања на сослушувањето во Сенатот.

Познатиот американски доктор Фаучи одби да сведочи во Сенатот за Ковид-19, се повика на Петтиот амандман

Ентони Фаучи, клучниот американски експерт за заразни болести за време на пандемијата Ковид-19, одби да одговори на прашања на сослушувањето во Сенатот, повикувајќи се на своето право од Петтиот амандман да молчи и обвинувајќи го републиканскиот сенатор Ранд Пол за опсесивна желба да го стави зад решетки.

Тие го обвинија дека го прикривал потеклото на вирусот

„По совет на моите адвокати, ќе го искористам моето право од Петтиот амандман да се воздржам од одговарање на вашите прашања“, рече Фаучи на сослушувањето пред Комитетот за внатрешна безбедност и владини работи на Сенатот, со кој претседаваше Пол.

Републиканецот од Кентаки со години бара обвинение против Фаучи, обвинувајќи го дека лажел пред Конгресот за тоа дали Националните институти за здравство (NIH) финансирале истражувања во Вухан, Кина, и дека помогнал во прикривањето на потеклото на болеста Ковид-19.

Фаучи ги негира обете обвинувања и инсистира дека сведочел вистинито пред Конгресот за овие прашања.

Потеклото на ковид-19 е сè уште нејасно. Во 2023 година, ФБИ објави дека протекување од лабораторија во централниот кинески град Вухан веројатно ја предизвикало пандемијата, тврдење што Кина го отфрли како „без кредибилитет“.

Критичарите на Фаучи

Во јануари 2025 година, ЦИА ја промени својата проценка и заклучи дека веројатно причината е лабораториско истекување, но со „низок степен на доверба“, додека четири други американски разузнавачки агенции и Националниот совет за разузнавање веруваа дека вирусот најверојатно е предизвикан од природен пренос.

Пол објави 1.141 страница од дневникот на Фаучи за време на пандемијата оваа недела, кои го опфаќаат периодот од декември 2019 до декември 2022 година.

„Бројни записи во дневниот брифинг на Фаучи целосно го поткопуваат официјалниот наратив што го промовираат Фаучи и другите службеници за јавно здравје“, рече тој во соопштението.

Американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, активист против вакцинација како Пол и чест критичар на Фаучи, во понеделник изјави дека ги предал документите на сенаторот откако ги пронашол на владини сервери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници работници во Германија на протест против затворање на фабрика на Ауди

Илјадници работници на Ауди протестираа денеска против можното затворање на фабриката на германскиот производител на автомобили во Некарзулм. 

Илјадници работници во Германија на протест против затворање на фабрика на Ауди

Матичната компанија на Ауди, Фолксваген, спроведува реструктуирање за кое се очекува да резултира со десетици илјади отпуштања. Протестот во Некарзулм се совпадна со најавата на БМВ дека ќе отпушти и неколку илјади работни места.

Ова е најновиот удар врз работниците во германската автомобилска индустрија, која е принудена на кратења од високите трошоци, сè посилната кинеска конкуренција и американските царини. „Се плашиме од затворање на фабриките и загрозување на нашата иднина“, рече работникот на Ауди, Мелих Чевлик, на протестот во Некарзулм. Според проценките на работничкиот совет, на демонстрациите се собрале околу шест илјади луѓе.

Работниците бараат појасни информации од Фолксваген. Неговиот извршен директор, Оливер Блуме, претходно предупреди дека Некарзулм е меѓу четирите германски фабрики кои би можеле да се затворат по 2030 година доколку не се најде друго решение.

Други производители се исто така под притисок

Блуме се стреми да избегне затворање на фабрики предлагајќи алтернативи што вклучуваат партнерства со одбранбениот сектор и производство на кинеските модели на Фолксваген, кои моментално не се достапни за продажба во Европа, во недоволно искористени погони низ Германија.

Околу 15.000 луѓе се вработени на локацијата во Некарзулм. Таа фабрика ги произведува моделите на Ауди А5, А6 и А8, а во помали серии и целосно електричниот Ауди е-трон ГТ.

Локалниот градоначалник Штефен Хертвиг ​​предупреди дека затворањето на фабриката во Некарзулм ќе има далекусежни последици за југозападната федерална покраина Баден-Виртемберг, традиционален автомобилски регион каде што Мерцедес-Бенц, Порше и Бош се исто така под притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер