3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаФилипче: Го честитам големиот празник Богојавление - Водици Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честиташе големиот празник Богојавление - Водици.-Го честитам големиот празник Богојавление, Бог се роди, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На момчето коешто и годинава исто како и лани го фати крстот, му посакувам многу успех и среќа оваа година. Тоа што скокна во ладните води на Охридското езеро е доказ за една голема храброст, голема умствена и телесна сила, изјави Филипче. Филипче денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавелие -Водици во Охрид.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МетеоВремето ведро и постудено со температури до 24 степени, дожд во петок Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2) 1 Битола. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 7 Попова Шапка, 13 Крушево, 15 Маврови Анови, 17 Претор, Берово, 18 Прилеп, 19 Тетово, Крива Паланка, Битола, 20 Виница, 21 Скопје Петровец, Охрид, Штип, 22 Велес, 23 Зајчев Рид, Кавадарци, 24 Струмица, Демир Капија, 25 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Во југозападните делови имаше слаби врнежи од дожд. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена локална облачност. Услови за слаб дожд ќе има во западните и јужните делови на Македонија. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПредметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион евра Личните предмети на француската актерка Брижит Бардо (1934-2025) се продадени на аукција во Париз за речиси еден милион евра, а приходите одат во нејзината фондација за заштита на животните.На аукцијата беа понудени вкупно 285 предмети, кои беа продадени за 1,15 милиони американски долари, што е речиси 20 пати повеќе од првичната проценка, објави „Гардијан“. Две јаки за кучиња, со идентификациона табличка со името и телефонскиот број на Бардо, проценети на 30 евра, се продадени за 9.400 евра на руски купувач. Автопортретот достигна цена од речиси 40.000 евра, додека машината за пишување со која ја напишала автобиографијата е продадена за 4.634 евра. Две нејзини гитари, проценети на 300 и 500 евра, се продадени за 8.600 и 1.900 евра, додека три кадифени играчки достигнале цена од 2.200 евра. Фондацијата Брижит Бардо е основана во 1986 година, а на веб-страницата на организацијата стои дека згрижила 13.000 животни. Брижит Бардо, која како модел и актерка стана симбол на модерната женственост и сексуалната револуција, подоцна се посвети на борбата за правата на животните. Во текот на животот, таа беше критикувана и за хомофобични изјави, а повеќепати беше казнувана за поттикнување расна омраза.Тагови: Брижит Бардо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДве делегации ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание.Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание, откако тој изјави дека комунистичкиот режим во Хавана е „целосно пропадната држава“ и рече дека режимот наскоро ќе падне. Кубанците и Иранците ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп „Мојата администрација бара радикална промена на ситуацијата во Куба, каде што комунистичкиот режим е под најголем притисок под кој некогаш бил. Тоа е целосно пропадната држава“, рече Трамп пред собраните светски лидери. Тој додаде дека режимот „се урива како никогаш досега“ и рече: „И ќе падне“. Претседателот на САД во својот говор ја истакна улогата на државниот секретар Марко Рубио, кој присуствуваше и на годишната сесија. „Тој е длабоко во преговорите со Куба. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп. Кубанската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парила, стана и ја напушти седницата токму во моментот кога Трамп ги изнесе обвинувањата. Куба не беше единствената земја чии претставници демонстративно го напуштија говорот на Трамп. Кога американскиот претседател се осврна на теми поврзани со воените напади врз Иран во изминатите шест месеци, иранската делегација исто така ја напушти салата, а само еден од нејзините членови остана да седи во клупите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25