Филипче: Финансиски крах ѝ се заканува на државата поради дилетанството на Мицкоски - Канал 5

Филипче: Финансиски крах ѝ се заканува на државата поради дилетанството на Мицкоски

Владата на ВМРО катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. 

Филипче: Финансиски крах ѝ се заканува на државата поради дилетанството на Мицкоски

Филипче укажа дека состојбата во буџетот е алармантна, снемува пари, нема пари за повисоки плати, за мерки на граѓаните, а власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери.

„Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта, предводена од Христијан Мицкоски, кој што нема капацитет ниту познавања држава да води како што треба, а нема ни желба. И сето тоа се манифестира со тоа што има стагнација во растот на платите, нема раст ниту на минималната, на просечната плата нема нешто значајно што граѓаните ќе го почувствуваат како зголемување на стандардот. Последниот знак кој што укажува дека сето тоа што го говориме со месеци наназад е вистина, е новото задолжување на владата“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта за последното задолжување побара 300 милиони евра за да може да го пополни веќе продлабочениот дефицит, што е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски.

„Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260 милиони евра.Побараа 300 милиони евра, затоа што треба да ја пополнат огромната дупка во буџетот. Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и на расходната страна. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах. Вкупните долгови се зголемени од 2024 година до сега за нови 2 милијарди евра“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора.

Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак.

- Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг).

Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Една од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. 

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите.

Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент.

Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот.

Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел.

Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца.

Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце.

На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден.

Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат.

„Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата.

Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година.

За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година.

Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер