Филипче: Двајца починати, едниот на 91 и еден на 31-годишна возраст, 16 новозаболени (ВИДЕО)

Министерот за здравство, Венко Филипче со најнови информации за коронавирусот.

На Клиниката за инфективни болести утрово починале две лица, пациенти на 31 и 91 годишна возраст, новозаразени се 16 лица, вкупно 257 заболени со коронавирус во Македонија, информира министерот Венко Филипче.Со новите случаи до денеска од Ковид-19 починале шест лица.

Помладиот пациент кој утрово починал имал тешка клиничка слика.Кај него дошло до нагло влошување на состојбата. Тој од вчера бил ставен на респираторна машина.

На Инфективната клиника во Скопје примени тројца ново заболени од Скопје и Куманово, на клиниката досега се хоспитализирани 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба. Во моментов нема пациенти на респираторни машини.

Двајца имаат втор негативен тест, за два до три дена по нивните втори тестови уште седум пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер