Филипче: Досега се заболени вкупно 85 лица

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција за состојбата со коронавирусот.

Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански" и „Чаир" за земање на брисеви за тестирање за коронавирус. Исто така, од понеделник закажување за тестирање ќе може да се прави и преку матичните лекари, преку системот „Мој термин", информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Денеска заврши координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување преку системот „Мој термин", а после јавување на нивните веќе пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Тоа значи, дека од понеделник освен телефонските линии за информации во центрите за јавно здравје во Кол-центарот во Здравствен Дом Скопје пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари за да се закаже земање материјал во двата пункта доколку се постави индикција според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат, појасни Филипче.

Здравствените работници, според него, се целосно мобилизирани, во секоја здравствена установа е направен систем на ротација на лекарите, се третираат само итните и малигните случаи. Се прават распореди на стручните колегиуми за текот на денот, за начинот на којшто ќе се прави проценка и спроведување на оперативните програми.

Тој повтори дека состојбата со респираторни машини е добра, дека имаме 120 респираторни машини на располагање. Спремни се, рече, капацитетите и на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември". Светските искуства, според него, покажуваат дека на многу мал процент од пациентите, некаде околу пет отсто им е потребна респираторна поддршка.

Министерот за здравство рече дека бројот на дијагностицираните лица сo коронавирусот во нашата земја очекувано е во пораст и тоа со појава на изолирани случаи настрана од веќе постоечките кластери со кои сите досега дијагностицирани пациенти се во корелација.

-Имајќи го ова во предвид и со цел да бидеме точни во известувањето на јавноста за бројката од денеска за новозаболените пациенти ќе информираме еднаш во денот, во 12 часот, а бројката ќе се однесува на дијагностицираните случаи во изминатите 24 часа. Билансот ќе се темели на евиденцијата на лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика во ИЈЗ кој ја дигитализираше базата во изминатите денови, а кои освен дијагностицираните пациенти во таа лабораторија ќе ги добива информациите и од лабораторијата во болницата „Жан Митрев". Ќе има целосна евиденција од сите места каде што се врши дијагностика на коронавирусот во нашата земја, истакна Филипче.

Тој ја повтори информацијата дека во текот на ноќта се потврдени уште девет нови случаи, и оти вкупната бројка до 12 часот во нашата земја изнесува 85. Според местото на живеење регистрирани се случаи во шест градови: Скопје, Дебар, Гостивар, Кавадарци, Штип и Охрид.

-Состојбата на пациентите во Инфективната клиника се во непроменета состојба. Најтешката пациентка е на респираторна машина, во непроменета состојба во однос на вчерашниот ден, тројца од пациентите се со потешка форма на пневмонија, а другите пациенти се со полесна клиничка слика, рече Филипче.

Пациените кои се на домашно лекување се во секојдневна постојана комуникација со инфектолозите од Клиника. Нивната клиничка слика е сосем лесна, значи лекувањето може да се спроведе во домашни услови. Стабилна и добра и лесна клиничка форма имаат пациентите коишто се лекуваат во Дебар. /МИА

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

До 9 час. излезноста за претседателските избори е 4, 34 проценти, за парламентарните 4, 66 %

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори. Ќе се гласа до 19 часот..Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица .

Според информациите на Државната изборна комисија до 9 часот излезноста за претсесдателските избори е 4, 34 %., а за парламентарните одзивот е 4, 66 проценти од гласачите. Најмала излезност има во Боговиње.

Пред државната изборна комисија е Елизабета Дамјаноска Спасеновска .Повели Бети со информациите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Си: Посетата ќе отвори ново поглавје и поголем опсег во односите меѓу Србија и Кина

Илјадници луѓе присутвуваа на свечениот пречек пред Палатата Србија со што започна официјалниот дел од посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Според планот на посетата, треба да се одржи пленарен состанок на делегациите на Србија и Кина предводени од двајцата претседатели, по што ќе следи церемонијата на потпишување на Заедничката изјава и размена на потпишаните билатерални документи.

Кинеската делегација брои околу 400 членови, а за време на посетата се планира да бидат потпишани повеќе од 30 договори од различни области.

Претседателот Си Џингпинг синоќа по пристигнувањето во Белград изјави дека челичното пријателство на Србија и Кина пуштило длабоко корени во срцата на двата народа и дека е убеден дека оваа посета ќе биде плодна и ќе отвори ново поглавје во односите меѓу двете земји.

-Кина и Србија си пружија цврста поддршка за прашања кои се однесуваат на нашите суштински интереси и големи грижи. Ние заеднички ја поддржавме меѓународната правичност и правда и придонесовме со нашиот удел во промовирањето на мирот и развојот во светот, соопшти Си во изјавата објавена од Амбасадата на Кина во Србија.

Тој потсети дека двете земји договорија сеопфатно меѓусебно ослободување од визите, отворија директни летови и потпишаа договор за слободна трговија, а дека размената меѓу луѓето станува се поголема.

„Застанувајќи на нова историска почетна точка, Кина ќе работи со Србија за да остане посветена на првобитната аспирација и заедно да напредува во отворањето на нов поглед во соработката меѓу Кина и Србија со посилен замаец, поголем опсег и повисок квалитет“, порача кинескиот претседател.

Тој претходно истакна дека без оглед на промените во меѓународната ситуација, Кина и Србија остануваат вистински пријатели и добри партнери и дека челичното пријателство на двете земји континуирано се зајакнува, со што е пример за соработка меѓу државите и народите.

притисни ентер