Филипче: Донација од 1 милион ден.од фондацијата „Никола Јанчев" за централен довод на кислород - Канал 5

Филипче: Донација од 1 милион ден.од фондацијата „Никола Јанчев" за централен довод на кислород

Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев и директорот на болницата д-р Диме Коцев, министерот Филипче се заблагодари за овој чин на висока општествена одговорност и благодарение на препознавање на важноста во овој момент.

Филипче: Донација од 1 милион ден.од фондацијата „Никола Јанчев" за централен довод на кислород

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Кавадарци по повод донација од Фондацијата „Никола Јанчев" во висина од еден милион денари за обезбедување на централен довод на кислород за модуларната болница во Општата болница со проширена дејност Кавадарци.

Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев и директорот на болницата д-р Диме Коцев, министерот Филипче се заблагодари за овој чин на висока општествена одговорност и благодарение на препознавање на важноста во овој момент ќе се помогне таму кадешто е најмногу потребно, а тоа е здравствениот систем.

Болницата во Кавадарци со години наназад е позната по својата експертиза. Покрива регион од над 100 илјади жители, не само од Кавадарди, туку од сите околни градови.

„Навистина вложивме многу. Се обезбедија голема сума на средства за зголемување на платите и дежурствата. За првпат се направи сервис и служба на дежурни специјалисти, нешто што не беше на располагање претходно. За првпат почна да се имплементира моделот којшто планираме да го продолжиме на територија на целата држава, а тоа е интегрирање на здравствените установи, со цел работата да се рационализира. На пациентите да им се олесни пристапот и да се искористи целокупниот кадар. Во финална фаза е и постапката за набавка на компјутеризирана томографија и на почетокот на следната година ќе биде инсталиран за првпат во оваа болница, што сериозно ќе го олесни пристапот до оваа услуга на сите граѓани кои гравитираат во болницата во Кавадарци. Прилично се напреднати и подготвителните работи за поставување на модуларната болница.", потенцираше министерот Филипче.

Тој информираше дека е обезбедена сума на средства како еднократна награда за сите здравствени и нездравствени работници кои работат со пациентите заболени од ковид-19. Таа награда ќе им биде доделена пред новогодишните празници во висина од 30 илјади денари.

Филипче упати апел до граѓаните кои денеска го слават верскиот празник Св. Никола, со негрупирање во домовите да помогнат на здравствениот систем во борба со коронавирусот.

„Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза. Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати. Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници. Уште еднаш голема благодарност на семејството Јанчеви со тоа што покажаа како се негуваат семејните вредности, трета година по ред инвестираат таму кадешто е најмногу потребно, претходно во младите, во стипендии за образование, а сега во поддршка на нашите здравствени работници", рече Филипче.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Земјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест, незадоволни од откупната цена на црвената пиперка позната како „ајварка“, која најчесто се користи за подготовка на ајвар.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Како што објави „Струмица Денес“, производителите бараат повисока откупна цена, посочувајќи дека сегашните услови не ги покриваат вложувањата и трошоците за производство.

На протестот земјоделците носат транспаренти преку кои го изразуваат револтот од состојбата со откупот. Дел од пораките се насочени кон откупувачите и трговците, а производителите предупредуваат дека со ниските цени земјоделското производство станува сè понеисплатливо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар

Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот.

Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар

Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот.

Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат.

Филипче, ДУИ и партијата на Таравари требаше веднаш да ја земат работата во свои раце, но затоа што се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење.

ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите.

Талогот од СДС најмалку што можеа да направат е да се извинат и да донираат некој пакет вода за жителите, но тоа не го очекуваме затоа што тие немаат чест и углед.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Редок модел на Ferrari Monza SP2, со проценета вредност од 3,7 милиони фунти, било запленето во Лондон за време на викендот. 

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Автомобилот беше еден од 90-те возила што полицијата ги заплени при акцијата против несовесното возење во областите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк.

Вкупната вредност на запленетите возила надминува 8 милиони фунти, пренесува BBC News.

Скапоценото Ферари ( Ferrari Monza SP2) – модел од кој се произведени само 499 примероци, било запленето само половина час откако по прв пат се појавило на улиците на Лондон.

Според информациите од полицијата, возачот бил зад воланот помалку од триесет минути. Утврдено е дека поседувал само привремена возачка дозвола и дека возилото не било осигурено. Модел од овој тип беше продаден на аукција претходно оваа година за 3,7 милиони фунти.

Полицијата на лице место запленила петнаесет возила, користејќи овластувања што дозволуваат конфискација без претходно предупредување доколку автомобилот се користи на начин што го загрозува јавниот ред. Главниот инспектор Џеф Татман, кој ја предводеше операцијата, ги објасни мотивите зад оваа акција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер