ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата
2ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата
МакедонијаФилипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете.Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои. Затоа сме тука. Затоа се бориме. Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме. Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата. Туку за да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. СДСМ отсекогаш беше државотворна партија, тоа вие како млади го препознавте. Секогаш носеше храбри одлуки кои носеа просперитет и иднина за нашата земја, за нашата татковина. Денес носител на промените не е само СДСМ, туку еден широк граѓански фронт. Затоа што мораме сите заедно. Не само како партија, туку како граѓани кои сакаат успешна Македонија. Затоа денес поединци, експерти, граѓански иницијативи и невладини организации, сите заедно стоиме под еден покрив - Фронтот за вистина и правда. Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа. Борба во која секој млад човек кој сака да остане и да живее достоинствено има свое место. Вие не сте само иднината. Вие сте сегашноста. Вие имате најмногу сила и енергија за оваа борба. И токму затоа оваа борба е ваша. Останете. Борете се. Верувајте. Македонија може подобро. И ќе биде подобра. Нам не ни треба култ на лидер. Нам ни треба систем. Нам ни треба слободна, демократска и правна држава а затоа ни треба европска Македонија. Сите заедно! А, јас сум со вас сум. До победа! Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко ФилипчеТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаПриведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лицаИзвршен е увид на местото на настанот.На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.Тагови: нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијатаГоран „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение. Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува. Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет. СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години. Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар? ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисТенисерот Вавринка заминува во пензијаШвајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк. Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот. „Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.Тагови: Вавринка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter