Филипче: Да се почитуваат мерките и протоколите-политичките партии да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните

На вчерашната прес конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче упати апел до сите граѓани, но и до политичките партии за целосно и безусловно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.

Тој потенцираше дека епидемијата е се уште во полн ек, а состојбата во регионот укажува на тоа дека практично во сите земји има пораст на случаите, што води до заклучок дека вирусот е тука и ќе мора да продолжиме да живееме со него. Да се навикнеме на правилата за лична заштита бидејќи по тие правила ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, туку и следната.

„Ние четири месеци сме во борба со коронавирусот, направивме многу да одговориме на овој светски здравствен предизвик, а тоа ќе го правиме и понатаму. Кога се појави првиот случај на заразен, во земјава имаше малку болнички места предвидени за ваков тип пациенти што, со целокупната активност која ја спроведовме во изминатиот период, го надополнивме, и опрема има сосем доволно. Здравствените работници се целосно мобилизирани и практично деноноќно и непрекинато работат од првиот ден на кризата. Тие направија и прават се што можат најдобро да го заштитат населението, но не смееме да дозволиме со непочитување на мерките да го деградираме трудот на сите кои деноноќно се во првите борбени линии“, потенцираше министерот Филипче и посочи дека е важно сите општествени чинители активно да се вклучат во пренесување на вистинската информација, а додека вирусот е тука меѓу нас, мерките кои се воведени мора да се почитуваат.

„Со почитување на мерките, маска, дистанца, дезинфекција, се штитиме самите себеси, и сите околу нас. Соработката со сите лекари и епидемиолози, давањето точни информации, контакти, е клучно за да се лоцираат сите коишто се во опасност, во спротивно може да предизвикаат дополнителна опасност за околината за ширење на вирусот. Уште повеќе економски оператори почнуваат да работат, но условот секако е тие строго да се придржуваат до донесените протоколи и препораки, затоа се изготвени тие препораки, кои досега ги почитуваат најголем дел од компаниите коишто добија дозвола да работат. Апелирам апсолутно до сите целосно да се почитуваат овие протоколи заради тоа што така ќе се заштитат и клиентите и вработените“, изјави министерот Филипче.

Министерот Филипче упати апел до политичките партии и сите актери во изборите.

„Мерките да се почитуваат без исклучок - сите партии да бидат пример со почитување на мерките и да не дозволат кампањата да биде ризик за граѓаните. Од нив се очекува тие да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните. Мерките не се тешки, а се исклучително ефикасни и потврдени од многу земји во светот- да се носи заштитна опрема, да се одржува физичката дистанца, да се одржува лична хигиена и да се почитуваат протоколите за работа на економските оператори“, рече министерот Филипче, соопштувата од Министерството за здравство.

Де Роси за пресметката со Баер: Има од што да се плашиме, но Рома верува во успех

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ги искажа своите очекувања за првиот меч со Баер Леверкузен во полуфиналето од Лигата на Европа.

- Возбудени сме што ќе доживееме уште една незаборавна вечер со нашите фанови. Има од што да се плашиме, начинот на кој игра Баер, нивната долга серија без пораз. Имаат интересни играчи и многу го почитувам нивниот тренер. Но, Рома верува во успех и ќе се бори, изјави Де Роси за сајтот на УЕФА.

Натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Рома ќе се одигра вечер од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.

Серијата без пораз на германскиот клуб изнесува 46 натпревари.

Во другото полуфинале во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа се среќаваат Марсеј и Аталанта (вечер 21 часот). /МИА

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот и ги достави до Владата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност утврди потреба од измени на тарифата за премии за осигурување и подготви предлог-измени со кои се враќа цената на осигурувањето за аавтоодоговорност на ниво како пред 25 април годинава.

- Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30 отсто, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година. Дополнително беше утврдено дека Комисијата најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Предлог-одлуката на Комисијата, како што информира Министерството за финансии, е доставена на усвојување до Владата.

Одлуката се заснова на анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето со која се укажува дека на 23 април, 11 друштва за осигурување кои вршат работи на осигурување во групата на неживотно осигурување, доставиле известувања до АСО за донесени одлуки за зголемување на премиите за задолжително осигурување од автоодоговорност, при што се повикале на одредбите од тарифата на премии за осигурување од АО, објавена во „Службен весник на РМ“ број 191/2018, според кои одредби имаат можност самостојно да одлучат за висината на делот од премијата за спроведување на дејноста, односно т.н. режиски додаток при одредувањето на крајната премија по договор за осигурување - член 3 од тарифата.

- Притоа, известувањата на друштвата до АСО не содржат финансиски анализи за изминати периоди, ниту пак конкретни проекции за очекуван развој на ризиците кои ги преземаат во осигурување. Единствен аргумент, на кој се повикуваат друштвата за осигурување се растечките трошоци од работење, кои не се непосредно поврзани со настанување на ризиците, односно со настанатите и очекуваните штети, се појаснува во соопштението.

Ставот на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност е поткрепен со мислењето на АСО како регулатор дека ваквото постапување на друштвата за осигурување влијае врз стабилноста, сигурноста и предвидливоста на функционирање на целиот систем на осигурување во насока на штета на осигурениците, односно сопствениците на моторни возила.

- Состојбите на пазарот ќе се следат и во наредниот период и ќе се преземаат соодветни одлуки, врз основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес. Во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност во втората половина од април 2024 година, Министерството за финансии ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седници на 26, 29 и 30 април и 2 мај 2024 година, со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки, потенцираат од Министерството за финансии.

Претходно, денеска АСО ја повика Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

ВЛЕН: Влада и Бадентер ДА, без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. 

Кога од партија се претворија во Коза Ностра.

Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите.

Не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата. Тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК.

Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки.

Коалиција ВЛЕН

притисни ентер