Филипче: Апелирам пациентите да кажуваат точни податоци, препораките да се имплементираат без исклучок

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека во однос на кластерите, активните случаи и заразени со КОВИД-19 во огромен процент, помеѓу 65 и 70 проценти се во рамките на познатите кластери.

Тој тренд во Скопје продолжува, односно вирусот се шири помеѓу повеќе кластери, но има и нови. Филипче подвлече дека појавата на нови случаи е секогаш поради истата причина, а тоа непочитувањето на мерките.

„Во Охрид од семејна прослава со околу 200 присутни, досега се потврдени осум позитивни пациенти, 40 контакти се во изолација. На семејна прослава - свадба во Скопје на којашто имало стотина присутни, потврдени се 14 досега позитивни на вирусот. Голем проблем на епидемиолозите и инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) им создава несоработката на присутните на таа прослава. И покрај забраната, луѓето прават масовни собири. Нешто што апсолутно нема логика. И го осудувам, го осудуваат сите здравствени работници. Тоа го дискутираме на утринските состаноци на Комисијата со заразни болести. Имаме пациенти, коишто доаѓаат заради тоа што не почитувале мерки. Јасни се мерките. Не може да се собираат, мора да носат маски. Не може да се прави свадба, кога е тоа забрането. Не може други собири од 200 луѓе да се прават во Охрид кога е тоа забрането. И згора на тоа, да не се соработува, да не се кажуваат точни информации. Има и нови кластери, но во рамки на градот Скопје сè уште станува збор за трето, четврто колено, од каде почна вториот бран", потенцираше министерот Филипче.

Во штипските конфекции, од седум досега, кои беа идентификувани како ризични, земени се 778 бриса, од кои потврдени се 126 позитивни случаи и хоспитализирани во болницата се 24 лица. Сите останати се на домашно лекување или во самоизолација, во зависност од симптомите. Од решенијата вкупно издадени од ДСЗИ, 400 лица се контакти.

„Откако се направи овој пристап, тестирање, изолација на сите контакти, состојбата во Штип и во тетовско постепено се смирува, останува во Скопје, особено населбата Чаир, каде има најголем број потврдени случаи. За жал сè уште епидемиолозите се соочуваат со проблемот со обезбедување контакти и давање вистинити податоци.

Сè уште се евидентираат и прекршувања и непочитување на мерката за самоизолација, но и на пропишаните мерки за групирање и за лична заштита. Во контекст на ова, засилени се контролите согласно координативните состаноци на Централниот штаб од страна на надлежните кои се задолжени да ги спроведуваат на терен овие активности. Владата веќе има донесено уредба со којашто се определува, за лице кое ќе го прекрши решението за самоизолација, или дава лажни податоци, во врска со лицата со кои било во контакт, да му се одреди мерката државен карантин во времетраење од 14 дена, за што МВР донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од лицето", истакна министерот Филипче.

На прес-конференцијата, министерот Филипче потенцираше дека вториот бран сè уште трае, иако две од четирите големи жаришта полека спласнуваат.

„Сега постепено, согласно спласнувањето во Штип и постепено во тетовско, сконцентрирани сме на сузбивање на преносот на заразата тука во Скопје. Препораките на Kомисијата остануваат исти и бараме апсолутно да се почитуваат од сите граѓани, заради тоа што пред нас e уште долга битка со вирусот. Очигледно е дека вирусот е тука, и ние ќе мора да научиме соодветно да живееме со него. Мора да научиме да ги почитуваме мерките, кои се базираат на трите принципи, да се носат маски, да се одржува дистанца, да се одржува хигиена, односно често миење и дезинфекција на рацете, бидејќи тоа е нашиот нов начин на живот. Мора да се почитуваат и здравствените работници, да се кажуваат точни информации, заради тоа што само така ќе знаеме со каков пациент имаме работа и по која патека тој пациент ќе биде упатен. За жал, имаме неколку случаи во изминатите денови во коишто заради неточни податоци повеќе здравствени работници сега се во изолација и ова не смее да се случува", рече министерот Филипче.

Тој упати апел сите пациенти во болниците да кажуваат точни податоци, поради тоа што пациентите не даваат точни информации и рече дека ќе инсистира тоа да се санкционира. Институциите мора да се почитуваат, и сите препораки да се имплементираат без исклучок.

„Оваа битка повеќепати кажуваме дека здравствените работници не може да ја добијат сами, ќе ја добиеме сите заедно. Животот мора да продолжи, не можеме да останеме затворени и со рестрикции, заради тоа што со почитување на мерките ние ќе го продолжиме нашиот живот. Со овие превентивни мерки и тоа ќе се случи што порано, ако се штитиме и себе и другите околу нас", истакна министерот Филипче.

Дневен хороскоп за 5. мај 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 5. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Одличен ден за љубов , излегувања и поврзување со саканите личности. Не губете време затоврени , излезете надвор.

Кариера

Во дејностите во кои треба да работите со луѓе , работите ќе ви одат од рака. Се друго ќе ви биде малку здодевно.

Здравје и совет

Покажете се пред светот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Мал недостиг на самодоверба накусо ќе го забави добриот развој на љубовната врска. Бидете тактични и трпеливи.

Кариера

Без оглед што релативно добро ќе соработувате, ќе дојде до финансиски издатоци , на кои никој не сметал. Станува збор за луксуз.

Здравје и совет

Послушајте го мислењето на другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

И денеска ќе бидете премногу чувствителни и ќе нема многу работи што ќе ве задоволат. Најдобро е да се стрпите.

Кариера

Вработените во администрацијата би можеле да блеснат на свој начин. Ќе направат нешто што ќе им се допадне на сдругите.

Здравје и совет

Внимавајте на настинка.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе продолжите да развивате добри односи со личности од спротивниот пол. Ќе бидете отворени и комуникативни.

Кариера

освен што ќе имате проблем со самостојната дејност , денеска ќе се покажете како одличен и љубезен соработник.

Здравје и совет

Ќе го споите убавото со корисното.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе треба малку поголемно внимание да и посветите на саканата личност. Помирете се со тоа дека не може се да биде по ваше.

Кариера

Денот не е добар за претставување нови инапредни идеи. Затоа воздржете се и работете го само она што е неопходно.

Здравје и совет

Минлив душевен немир.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата сила е во тоа што сте позрели од многумина и што знаете што сакате. Денеска ќе го препознаете тоа без проблем.

Кариера

Ви предлагаат службен пат на кој би можеле да договорите деловна соработка со тим од друга земја. Планирате како тоа да го реализирате.

Здравје и совет

Не треба да брзате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро.

Кариера

Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост.

Кариера

Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста.

Здравје и совет

Здравјето ви е одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои се сами денеска би можеле да забележат нечии симпатии од работното место. Можно е да биде и обратно.

Кариера

Ќе работите со поголема леснотија , што за вас е необично. Во некои моменти ќе се чудите самите на себеси.

Здравје и совет

Некои ќе одат на козметичар.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Се чини како се да е во рацете на саканата личност. Вашето влијание на настаните овој пат е минимално.

Кариера

во финансиските теми денеска ќе дојде до мало недоразбирање , што набргу ќе го решите.

Здравје и совет

Обидете се да живеете поздраво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата сензибилност и ранливост денеска ќе биде поизразена отколку другите денови. Во таква ситуација , се ќе ви пречи.

Кариера

Во големите деловни задачи работите се одвиваат одлично, но во една ситна работа денеска доаѓа до неуспех.

Здравје и совет

Искористете ја својата брзина.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе зрачите со шарм и убавина , па нема да ви биде тешко да ја привлечете личноста која ви се допаѓа. Обидете се да ја отворите.

Кариера

На дневен ред доаѓаат мали анализи , што не треба да ги одложувате. Ве нервираат , но што се мора ,се мора.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика или шетајте се.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

притисни ентер