3Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
МакедонијаФилипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годинатаПретседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра.„Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 милијарди денари. Во исто време, расходите се на ниво од 72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Ова значи дека со вакво темпо, а тоа е за очекување, на крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци. Тоа е фрапантна буџетска дупка. Ова значи дека сите овие пари ќе треба да се покриваат со задолжување, со нови оптоварувања за бизнисите и граѓаните, или со кратења кај најважните јавни услуги. Ја прашувам власта, што планира да прави и како ќе ги покрива овие 1,4 милијарди евра?“, праша Филипче. Филипче како што рече економската состојба во државата е алармантна поради што чувствува должност и загриженост да ја објави вистината пред граѓаните наспроти пораките за економски „успеси“, кои власта ги зборува на митинг. „Во време кога премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за економски „успеси“, должност ми е да зборувам за реалноста и да ги информирам граѓаните за реалната економска состојба. Во изминатите 15 месеци постојано алармиравме дека економијата и економските политики на оваа власт се многу погрешни, а реализацијата на проектите е историски најслаба. Денес тоа што го зборувавме го потврдуваме со реални економски индикатори, факти и бројки. Овие податоци укажуваат на алармантна состојба со буџетот, со приходите, со инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции, како основни индикатори за економската состојба во државата“, рече Филипче на денешната прес конференција. Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата со највисок јавен долг во Западен Балкан. „Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и 70 милиони од домашни банки. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан. Ние сме исто така единствена земја во која актуелниот долг го надминува предпандемискиот пик“, рече Филипче. Тој посочи дека и покрај ваквите алармантни бројки, власта упорно повторува дека долгот е 61,7%, односно се обидува да манипулира пред јавноста за да се прикрие вистинскиот товар што ја турка економијата надолу. „А под површината, стои уште еден проблем кој Владата избегнува да го признае. Фискалниот совет предупредува на приближно 700 милиони евра доспеани, а неплатени обврски. Тоа е скриен долг што директно ја уништува ликвидноста на македонските компании“, рече Филипче. И додека долговите се трупаат, Филипче предупреди дека моторот на секоја здрава екоомија, а тоа се странските инвестиции исчезнуваат. „Во 2024 година, Владата што ја предводеше СДСМ остави повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции. А што имаме во 2025? Во првиот квартал 135,8 милиони евра, а во вториот само 75,9 милиони евра. Премиерот, кој неодамна влезе во еуфорија со најави за милијарди, сега молчи. А токму тоа молчење е најгласниот доказ за економскиот пад“, рече претседателот на СДСМ, венко Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКрива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравитеПовеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните. „Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест. „Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи. По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот. Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени. Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили? „Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“. Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои. Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување. Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП. Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца. Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација. Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазикДелот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот. „Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање. Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам. Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски. За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter