Филипче : 90 новозаразени , деветмина починати од коронавирусот, медицинскиот персонал е преморен (ВИДЕО)

Mинистерот за здравство , Венко Филипче на прес конференција со најнови информации во врска со зараата со коронавирусот. 

Направени се 665 тестирања , од кои 90 се позитивни. Оздравени се 48 пациенти, рече министерот Филипче. Вкупно дијагностицирани 5196 , а починати се 247.

Министерот апелира до сите граѓани за да се почитуваат мерките за помош на себеси и своите најблиски , а потоа и на медицинските работници. Денеска го добивме лекот Фавипиравир(Авиган) за 100 пациенти , но иако не е одобрен за лекување на коронавирусот , се користи за антивирусна терапија. И се заблагодарувам на јапонската амбасада и лично на амбасадорката , рече министерот Филипче , од каде пристигнала донацијата.

– Денеска преку итна неповратна помош преку Амбасадата на Јапонија го добивме лекот Фавипиравир (АВИГАН) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС – Канцеларијата за проекти на ОН. Добивме АВИГАН за 100 пациенти. Станува збор за антврирусна терапија што во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата во 2014 година и се уште не е одобрен да биде специфичен лек за Ковид-19, но во тек се бројни клинички студии и од искуствата во апликацијата веќе има доста добри резултати воповеќе земји, рече Филипче на денешната прес-конференција искажувајќи благодарност до Амбасадата на Јапонија.

Генеричките форми, додаде тој, веќе се одобрени во Русија и во Индија, а се користат и во други земји во светот како офлејбл лек, а за да биде дефинитивно потврден потребно е да завршат клиничките студии, но сепак е очигледно дека има добри резултати кај пацинетите во многу земји и се препишува после бројни анализи на крвта.

– Епидемијата е се уште во полн ек. Состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите. Ова повторно не води до заклучокот дека вирусот е тука, ќе мораме да продолжиме да живееме со него, да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила практично ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, веројатно и следната година. Ние четири месеци сме во борба со коронавирусот, направивме многу да одговориме на овој светски здравствен предизвик. Тоа ќе го правиме и понатаму, рече Филипче

Тој апелираше до политичките партии да ги почитуваат мерките и да бидат пример за граѓаните како се штити здравјето.

Во последните 24 часа, како што посочи, направени се 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Починати се девет лица од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.

– Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975. Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот, рече Филипче.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, посочи, од вкупниот број на позитивни случаи регистрирани во периодот од 12 до 20 јуни најголем дел се од Скопје 58,3 проценти и од Тетово 14,2 проценти.

– Со ова практично се докажува тоа дека овие два града и нивната околина се практично најголемите жаришта во државата. Во другите градови се регистрира драстично помал број на случаи. Од 12 јуни регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години – 24,2 проценти. Сепак има и помлади лица коишто се заболени од 30 до 39 години – 19,4 проценти што укажува на тоа дека никој не е поштеден ниту имун на вирусот. Во однос на статистиката на смртни случаи регистрирани се 65 случаи во истиот период од 10 градови. Најголем дел на возраст над 60 години – 83,1 процент, а 58 од овие случаи односно 89 се практично случаи коишто имаат бројни хронични заболувања, појасни министерот за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на Ковид-19. До изутрината во ГОБ „8 Септември" примени се 12 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

– Со ова до утрово бројот на хоспитализирани пациенти е 379 или проценти од вкупниот број на активни случаи, практично 87 проценти од вкупниот број дијагностицирани лица се на домашно лекување или практично асимтоматски. И покрај тоа што има голем број на хоспитализирани пациенти се уште има капацитет за сместување во болниците и тоа во Битола во сегашниот оддел пет слободни места со потенцијал да се ослободат уште повеќе спратови во самата болница, слободни места има и во Охрид, Куманово, во Гостивар девет, во Прилеп 10, во Штип има 12 слободни болнички кревети, истакна Филипче.

Од денеска, предочи министерот за здравство, започнува да се организира во крајната фаза и со работа да профункционира лабораторијата во болницата во Битола каде што ќе се анализираат сите брисеви на пациенти хоспитализирани тука, но и од регионот со што ќе се растерети капацитетот во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

– Во модуларната болница има 60-ина слободни кревети и практично е целата слободна, само еден пациент е сместен во болницата во Козле која што изминативе неколку денови практично се стави во функција за третман на КОВИД позитивни пациенти, доопремена е со неопходната опрема која што е потребна, како и соодветен број на лекари коишто доаѓаат од интернистичките клиники, пред се специјалисти пулмолози коишто ќе работат заедно со тамошните експерти, значи тука ќе бидат сместувани не само деца како досега, туку и возрасни доколку има потреба. И покрај тоа што има доволен капацитет болнички, медицинскиот персонал е навистина преморен. Ние секојдневно правиме и реаорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа и ова засега добро функционира. Системот можеме да го одржиме, но секако дека не можеме да издржиме без помош од граѓаните и почитувањето на мерките од нивна страна, рече Филипче.

Повторно апелирам, додаде министерот за здравство, до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита, да се помогне пред се на себеси и на своите најблиски и секако на сите вработени во здравствениот сектор.

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

Ханија: Хамас го проучува примирјето „во позитивен дух“

Хамас во „позитивен дух“ го проучува предлогот за примирје, до кој се дојде со посредство на Египет, изјави денеска лидерот на палестинското движење, Исмаил Ханија.

Ханија во телефонски разговор со шефот на египетското разузнавање Абас Камел кажа дека преговарачите на Хамас ќе се вратат „што е можно поскоро“ во Египет за да ги завршат актуелните разговори за прекин на огнот.

Во моментов се чека одговорот на ова палестинско движење на предлогот за прекин на огнот, што предвидува примирје во израелските воени операции, проследено со размена на заложниците киднапирани за време на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, за палестинските затвореници кои ги држеше Израел.

Израелската влада, од своја страна, денеска го обвини Хамас дека го попречува договорот со тоа што одбива да направи отстапки.

-Единственото нешто што го спречува договорот е Хамас. Хамас само ги заострува своите услови и се крие зад неразумните барања, изјави портпаролката на израелската Влада, Ракела Карамсон.

Таа повтори дека Израел продолжува да се подготвува за голема офанзива на Рафа, град што се наоѓа на крајниот југ од Појасот Газа, и покрај противењето на меѓународната заедница. /МИА

Мицкоски од Тетово: Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста

 Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија.

„Живееме под едно небо, делиме исти проблеми, исти предизвици. Маката ни е иста, и копнееме по заеднички работи. Денес Македонија е држава каде управуваат стотина души кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат. Секој тендер поминува низ нивни раце, за секој бизнис процентот на добивка го определуваат истите луѓе. Тој артаноиден систем стана синоним за корупција и неказнет криминал. Систем на искривени вредности и непринципиелност која државата ја носи во пропаст“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Тетово.

Мицкоски додаде дека доаѓа ново време, се врти нов лист, нов почеток.

„Овде од Тетово објавувам дека веднаш по победата и формирањето на влада значаен процент од буџетот ќе оди за развој и решавање на децениските инфраструктурни проекти на Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и повеќе други општини од западна Македонија“, вети Мицкоски.

„Се обврзувам дека во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и на овие места овде. Подеднакво ќе градиме и работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека на народот му е доста од удирање на гради зборење за права, а во реалноста сето тоа да се сведе на крадење и тендери. Реално и со дела да се менува животот на луѓето и тоа идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи.

„За да се случи ова што ви го зборувам, на 8-ми мај мора да се заврши започнатата работа. Цунамито е кренато. Тоа цунами треба да удри на денот на изборите и да ја оддува забрефтаната од криминал власт. Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста“, порача Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на осми мај да излезат и да гласаат, време е да започнат промените во Македонија.

притисни ентер