Филип Лазаров: Словенците се фаворити, ама и ние имаме шанси за триумф - Канал 5

Филип Лазаров: Словенците се фаворити, ама и ние имаме шанси за триумф

Македонската ракометна репрезентација денеска од 17:45 часот на ракометниот Мундијал ја очекува натпревар со Словенија, селекција против која многу натпревари, пред се пријателски, има одиграно Филип Лазаров.

Филип Лазаров: Словенците се фаворити, ама и ние имаме шанси за триумф
- Ни следуваат три тешки дуели со европски селекции. Шпанија и Словенија имаат амбиции за медал. Често сме играле со Словенија, сме победувале и сме губеле. Дерби „балканско“ последен пат игравме во Катар во осминафинале. Со евентуална победа наша или нивна, секој ќе биде поблиску до второто место во групата. Ние сметаме дека имаме шанси, Словенците се фаворити , а шанса ако имаме ќе ја искористиме. Секој натпревар е различен, сега за сега кај двете селекции нападот доминира, а мислам дека одбраната ќе го реши дуелот во неизвесен натпревар до крај, изјави левиот бек на „црвено-жолтите“.

Победа за било која од двете репрезентации ќе значи обезбеден пласман во осминафиналето.

Покрај овој дуел, од Б групата во 3.коло играат уште и Шпанија – Ангола. Вчера Исланд и Тунис одиграа нершено 22:22.

Табела: Словенија 4 бодови, Македонија 4, Шпанија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ги затвора вратите за кинеските електрични автомобили – тие наоѓаат ново решение

Европската унија сега разгледува царини за кинеските „plug-in“ хибриди по порастот на продажбата во Европа.

ЕУ ги затвора вратите за кинеските електрични автомобили – тие наоѓаат ново решение

Кога Европската унија воведе дополнителни царини за електрични автомобили произведени во Кина на крајот од 2024 година, се очекуваше да го забави нивното продирање на европскиот пазар. Сепак, кинеските производители брзо пронајдоа алтернатива – „plug-in“ хибриди.

Според германскиот весник „Handelsblatt“, Брисел сега разгледува воведување нови трговски мерки што би ги вклучиле и кинеските „plug-in“ хибриди.

Ова би затворило законска дупка што кинеските компании ја искористија по воведувањето царини за електрични возила.

Резултатите на компании како „BYD“ и „Chery“ привлекоа посебно внимание. Додека растот на продажбата на нивните електрични модели беше ограничен од царините, регистрациите на „plug-in“ хибриди во Европа нагло се зголемија.

Затоа, европските производители сè повеќе предупредуваат на притисок од кинеската конкуренција, која веќе сочинува околу 10 проценти од продажбата на нови автомобили на европскиот пазар.

Иако новите мерки сè уште се разгледуваат, наводно е во тек официјална истрага што би можела да доведе до дополнителни царини во наредните месеци.

Сепак, аналитичарите веруваат дека ова веројатно нема да ги запре кинеските производители. Многу компании веќе работат на приближување на производството до европските клиенти, користејќи ги постојните фабрики во Европа или планираат да изградат нови погони за да ги избегнат царинските бариери.

И покрај сè построгите правила, интересот на европските купувачи за кинески автомобили продолжува да расте, па затоа се очекува дека кинеските брендови нема да се откажат од своите амбициозни планови за проширување на европскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Двојни аршини на Мицкоски - бугарски бизнис за своите, изолација за Македонија

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е меѓу најблиските соработници на Мицкоски со бугарски пасоши односно бугарски државјанин. 

СДСМ: Двојни аршини на Мицкоски - бугарски бизнис за своите, изолација за Македонија

А тој е генерален секретар на Владата на Македонија.

Според документи кои се објавени во медиуми од Бугарија, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил.

Компанијата има годишен промет од околу 320.000 евра, но пријавува добивка под 10.000 евра.

Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија.

Додека неговите луѓе прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница поради новиот Шенгенски систем и поради немањето напредок во ЕУ интеграциите и намерната изолација на Македонија од страна на ВМРО.

Организираната криминална група ВМРО има двојни аришини:

За себе и своите луѓе - бизнис во Бугарија, бугарски пасоши, компании со сомнителни финансиски извештаи.

За граѓаните на Македонија - изолација, блокада на европскиот пат, економска криза и чекање на граница.

Додека тие се богатат и прават бизнис преку Бугарија, граѓаните плаќаат цена за нивната политика на изолација.

Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер