Мигранти убија бебе делфин па позираат со него и сакаат да го јадат- светот згрозен (Вознемирувачко видео)
2Мигранти убија бебе делфин па позираат со него и сакаат да го јадат- светот згрозен (Вознемирувачко видео)
РакометФилип Лазаров се сели од Пелистер во БешикташМакедонскиот ракометен репрезентативец Филип Лазров се сели од Пелистер во редовите на турскиот шампион Бешикташ.Досегашниот лев бек на Пелистер денеска постигна договор со битолската екипа за прекин на соработката по само два месеци ангажман, со што е исполнет најголемиот предуслов Лазаров да се пресели во Бешикташ. - Заминувам од Пелистер, денеска и написмено добив раскин на договорот. Со 99 отсто сигурност можам да кажам дека нов клуб ќе ми биде Бешикташ, останува само уште да средиме неколку детали за договорот да се официјализира и да заминам за Истанбул, изјави Лазаров. Лазаров во новиот клуб ќе го има поранешниот соиграч од Вардар, Немања Прибак, кој во претстојната ЕХФ недела повторно ќе добие шанса и во македонската репрезентација. Со заминувањето на Лазаров, битолчани останаа без својот најдобар играч, кој беше прв стрелец во домашното првенство. Репрезентативецот минатата сезона настапуваше за романската Политехника Темишвар, а претходно уште ги носеше и дресовите на Вардар и Металург. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРобот нападна муштерија во продавница- покажа дека знае боречки вештини (ВИДЕО)Технолошка продавница во Русија објави снимка од она што тврди дека е еден од нејзините роботски асистенти како напаѓа купувач откако тој го турнал.Видеото, снимено во продавницата „Волга Електроникс“ во Саратов, го прикажува роботот како се приближува кон човек додека тој влегува во продавницата. Човекот посегнува да се ракува, но кога роботот го игнорира, купувачот на шега ја турка машината. Само неколку секунди подоцна, роботот возвраќа со насилна серија клоци и удари насочени кон купувачот. Двајца вработени интервенираат и се прикажани како се обидуваат да го совладаат роботот додека тој продолжува да го таргетира купувачот. Не е јасно зошто продавницата би одлучила да ја објави снимката ако нападот врз купувачот бил вистински, а не маркетиншки трик. View this post on Instagram A post shared by Айфон Саратов | Apple, Dyson, Sony | Волга Стор (@volgastore64) Снимката стана вирална на социјалните мрежи, а многу гледачи ги истакнуваат опасностите од роботите. „Машините се пред да преземат контрола. Бевме предупредени“, коментираше еден корисник на X. Друг рече: „Ќе гледаме сè повеќе и повеќе вакви работи сè додека не го запреме несовесниот развој на моделите со вештачка интелигенција“. Ова не е првото видео што се појавува на робот што изведува движења на боречки вештини. Снимката доаѓа само неколку недели откако хуманоиден робот што носи перика од кловн шутна дете во стомак за време на претстава на боречки вештини во Кина. Роботот, носејќи афро перика, изведе уникатна демонстрација на боречки вештини пред толпа гледачи во Ботаничката градина Урумки во Синџијанг, Кина. Додека публиката ја снимаше претставата, роботот се префрли во борбен став и изведе кружен удар. Неочекуваниот потег го погоди момчето право во стомакот, предизвикувајќи го да се згрчи од болка пред да падне наназад во публиката. A robot in China wearing a clown wig roundhouse kicked a child in the stomach pic.twitter.com/lFrfEyNgUT — Culture Crave 🍿 (@CultureCrave) June 5, 2026 Роботот се затетерави наназад по ударот, пред да се појави како да ја враќа рамнотежата, да се опорави и да продолжи со претставата. Видеото стана вирално на интернет, предизвикувајќи нова дебата за роботите напојувани со вештачка интелигенција. Еден коментатор напиша на X: „Наскоро ќе бидеме нападнати од овие роботи, бидејќи навистина не знам зошто Кина е толку ентузијастична за правење на овие роботи“. Друг додаде: „Зошто луѓето се толку опседнати со самоуништување. Кому му е потребно ова?“ Во друг пример претходно оваа година, десетици роботи се качија на сцената на CCTV Spring Festival Gala, најгледаното телевизиско шоу во Кина. Носејќи елеци, роботите изведуваа клоцања, салто, па дури и движења со нунчаки, мечеви и стапови. Зачудувачки е што нивниот смел настап се одржа само неколку метри од децата изведувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСиљановска-Давкова ги додели признанијата „Инженерски прстен“ на најуспешните млади инженериПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска им го врачи признанието „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најдобри дипломирани инженери.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска им го врачи признанието „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најдобри дипломирани инженери, на церемонија пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид. Годинашните добитници на признанието „Инженерски прстен“ се: Марта Митева од Архитектонскиот факултет, УКИМ; Арбана Касами од Факултетот за применети науки (насока архитектура), Универзитет во Тетово; Антонио Томески од Градежниот факултет, УКИМ; Јане Коцески од Машинскиот факултет, УКИМ; Мила Саздова од Технолошко-металуршкиот факултет, УКИМ; Огнен Пендаровски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ; Марија Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна, УКИМ; Никола Петровски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, УКИМ; Михаил Трајков од Природно-математичкиот факултет, УКИМ; Мила Чолакоска од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, УКИМ; Стефана Димитриеска од Техничкиот факултет, УКЛО; Симеон Наловски од Факултетот за информатички и компјутерски технологии, УКЛО; Стефан Спасов од Факултетот за природни и технички науки, УГД; Тамара Атанасова од Факултетот за информатика, УГД. За претседателката, „Инженерскиот прстен“ е потврда дека умот, трудот, стручноста и професионалноста, не само што се препознаваат, гледаат и ценат, туку и се наградуваат и слават. За неа, најдобрите и најуспешните студенти во инженерските науки не персонифицираат само исклучителен индивидуален, академски успех, туку се непроценлив социјален капитал на државата. „Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги идентификуваме и навреме и соодветно да ги вреднуваме и да им овозможиме својот професионален потенцијал да го реализираат дома, се детерминирани нашата технолошка конкурентност и компетитивност, како и економскиот капацитет и развој, на државата“, рече Сиљановска-Давкова. Таа укажа дека сме изнедриле и расеале низ светот многу генерации талентирани инженери со докажано знаење, професионален интегритет и дигнитет и со креативен потенцијал за технолошки натпревар. Според неа, од нашата решеност и способност да ги задржиме најдобрите, зависи македонската иднина. „Инженерски прстен“ се доделува по 23. пат, а со ова признание се закитиле вкупно 257 инженери. Покрај претседателката, на настанот се обратија: д-р Андреј Лепавцов, Претседател на Инженерската институција на Македонија, м-р Дејан Метикош, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и Стефан Спасов, кој говореше во името на добитниците. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Почитуван министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Почитуван д-р Андреј Лепавцов, претседател на Инженерската институција на Македонија, Почитуван Дејан Метикош, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери, Почитувани ректори, декани, професори, Најпочитувани лауреати, Млади инженери, Дами и Господа, Во својство на привилегирана покровителка, со особено задоволство и со голема чест ја поддржувам манифестацијата „Инженерски прстен“, којашто веќе две децении ги афирмира знаењето и извонредноста во инженерската професија. Признанието коешто им се доделува на најуспешните дипломирани инженери е скромна потврда дека умот, трудот, стручноста и професионалноста, не само што се препознаваат, гледаат и ценат, туку и се наградуваат и се слават преку доделувањето највисоко општествено признание. Неспорно е дека од генијалните пронајдоци на Леонардо да Винчи, преку сè уште нереализираните изуми на Никола Тесла, до денес, инженерскиот неуморен, немирен, бунтовен и креативен ум е еден од најсилните цивилизациски творци и двигатели. Впрочем, најголемите историски пресврти и општествени скокови не се врзани само за нови научни сознанија, туку и за способноста и подготвеноста за нивно преточување во конкретни решенија со коишто темелно и трајно се менува начинот на живот, производство и комуникација. Значи, преку инженерството, научната мисла добива апликативна општествена верификација и релевантност. Мора да станеме свесни дека во време кога знаењето е најзначаен развоен ресурс, а не профитот, од односот на одговорните и на најповиканите кон нив најучените, најталентираните и најкомпетентните млади луѓе зависи просперитетот на нашата држава. Најдобрите и најуспешните студенти во инженерските науки не персонифицираат само исклучителен индивидуален, личен академски успех, туку се непроценлив социјален капитал на државата. Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги препознаеме и да ги идентификуваме, но и навреме да ги вреднуваме, овозможувајќи им, својот професионален потенцијал да го реализираат тука, дома, а не само љубов да им изразуваме, зависат и се детерминирани нашата технолошка конкурентност и компетитивност, но и економскиот капацитет и развој, т.е. економскиот прогрес на државата. Инженерството најдобро вирее, најбрзо се развива и вродува со плод во средини што ем сакаат, ем решиле, ем знаат како да ги почитуваат знаењето и стручноста. Затоа, создавањето услови младите инженери својот ум, талент, желба и креативен потенцијал да ги реализираат во татковината во којашто не случајно се родиле, претставува стратегиска цел и определба, од која се детерминирани нејзиниот развој и нејзиниот опстанок. Во остварувањето на таа цел, македонската инженерска фела и вокација имаат особено важна улога. Со својата посветена долгогодишна работа, со континуираниот ангажман во доделувањето на „Инженерски прстен“ и со издавањето на списанието „Инженерство“, таа придонесува за афирмација на инженерската професија, за поттикнување на научната и стручна мисла и за поврзување на академската заедница со инженерската практика, во функција на технолошкиот развој. Верувам дека сме изнедриле и сме расеале низ светот генерации млади талентирани инженери со исклучително знаење, љубопитност, професионален интегритет, дигнитет и креативен потенцијал за натпревар во националната, регионалната, европската и светската технолошка и научна заедница. Наша обврска е да создаваме и да негуваме пријателски амбиент во којшто тие ќе можат својата стручност и својот потенцијал да ги манифестираат и продуктивно да ги вложат во развојот на државата. Способноста да ги задржиме најдобрите и да им овозможиме својата иднина да ја градат дома е суштинско прашање, од чиј брз и точен одговор ќе зависат економската конкурентност и долгорочниот развој на македонската држава. Запомнете, пред хамлетовска дилема сме: Да нé биде или не?! Со нив ќе нé биде, без нив – прашање е.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМигранти убија бебе делфин па позираат со него и сакаат да го јадат- светот згрозен (Вознемирувачко видео) Видеата од група мажи со бебе делфин на плажа во Сеута, Шпанија, предизвикаа бура од реакции, а локално здружение за животна средина го пријави случајот во Цивилната гарда. Здружението тврди дека животното било извлечено од морето и удрено по главата со стап, по што умрело. Сепак, досега нема јавно објавен официјален наод што би ја потврдил точната низа на настаните и причината за смртта на делфинот. Снимката е направена во среда, 2 септември, на плажата Трамполин во Сеута, шпански автономен град во Северна Африка. На неа се гледа група мажи, опишани од локалните медиуми како мигранти, и бебе делфин што еден од нив го носи. На други видеа, двајца мажи го креваат животното во воздух. Луѓето што ја снимале групата ја изгубиле од вид откако таа отишла зад блоковите на бранобранот со делфинот. На видеото, може да се слушне како еден човек, опишан од Дејли Меил како Шпанец, се приближува кон групата и се обидува да интервенира. „Тукушто фатија делфин, тоа е делфин, не можете да го допрете“, им вели тој. Додека двајцата мажи го креваат животното над своите глави, а другите околу нив се радуваат и се смеат, Шпанецот вика дека не смеат да го прават тоа. „Тоа е делфин. Не можете да го јадете“, им кажува тој. Мажите потоа му даваат до знаење со гестови дека животното е мртво, а еден од нив ја подава раката преку вратата. Видеото, исто така, покажува еден од мажите како се обидува да го врати делфинот во морето. Шпанецот потоа луто ја напушта плажата коментирајќи дека младенчето има крв на главата и обвинувајќи ја групата за убиство на заштитено животно. Локален весник објави нови информации Локалниот весник Ел Фаро де Сеута ја објави првата статија за случајот во четврток веднаш по 16 часот. Весникот наведе дека го проверил местото и времето на снимката и дека младенчето во него изгледа мртво. Во тоа време, сè уште не беше познато што се случило со животното или како завршило во таква состојба. Así han cazado una cría de delfín los inmigrantes en Ceuta: pic.twitter.com/LtqwtWDyjN — Wall Street Wolverine (@wallstwolverine) September 3, 2026 Помалку од два часа подоцна, околу 18 часот, Ел Фаро објави нова статија во која се наведува дека добил дополнителни информации за инцидентот. Според овие информации, младенчето претходно пливало многу блиску до брегот, по што групата го извлекла од морето. Ел Фаро тврди дека еден од мажите потоа го удрил животното во главата со стап. Весникот, исто така, наведува дека работник од градската служба Екосервициос, кој ја чистел плажата, бил сведок на инцидентот. Според извештајот, тој ја предупредил групата да не го удираат или допираат животното и да ја повикаат надлежната служба. После тоа, тврди Ел Фаро, некои од присутните се обиделе да го вратат младенчето во морето, но дотогаш тоа веќе изгледало мртво. Важно е да се напомене дека овие детали сè уште не се потврдени со официјален полициски или ветеринарен извештај. Потврдено е дека снимката направена во Сеута прикажува група луѓе со бебе делфин, додека тврдењата дека истите луѓе претходно го извлекле живо од морето, го удирале со стап и со тоа ја предизвикале неговата смрт, во моментов се базираат на извештај од локалните медиуми и на тврдењата на еколошко здружение. Здружението поднесе извештај до Цивилната гарда Здружението за одбрана на урбаните дрвја, биодиверзитетот и животната средина, ДАУБМА, потоа поднесе формална жалба до Цивилната гарда за она што го тврди дека е насилна смрт на бебе делфин со шишен нос. Здружението достави до полицијата фотографии, видеа и снимки од објави од социјалните мрежи, за кои тврди дека го покажуваат редоследот на настаните и луѓето кои учествувале во нив. ДАУБМА тврди дека достапниот материјал покажува дека животното пристигнало на брегот живо и дезориентирано, по што било извлечено од водата и нападнато. Здружението, исто така, наведува дека снимката покажува крвава рана под едното око на животното и тврди дека некои луѓе се обиделе да ја отстранат крвта. Дури и тие тврдења сè уште не се потврдени со независен експертски извештај. ДАУБМА побара Цивилната гарда да покрене постапка, да ги идентификува лицата видени на видеата, да добие експертски извештаи од надлежните служби и да го проследи случајот до обвинителството за заштита на животната средина. Здружението истакнува дека делфинот со шишен нос (Tursiops truncatus) е заштитен вид и верува дека, доколку неговите тврдења се потврдат, може да станува збор за кривични дела поврзани со злоупотреба на животни и загрозување на заштитената фауна. Исто така, беше покрената и онлајн петиција, со која се бара идентификување на одговорните и покренување кривични постапки. Идентитетот на лицата на видеото не е потврден. Локалните медиуми ги опишуваат лицата на видеата како мигранти. Сепак, не е можно со сигурност да се утврди нивниот идентитет, државјанство или индивидуален правен статус од моментално достапните информации. Инцидентот се случил во време кога Сеута се соочува со последиците од големиот бран мигранти од соседното Мароко. Досега не е објавено дека Цивилната гарда утврдила одговорност на одредени лица за смртта на делфинот, ниту пак е објавен ветеринарен извештај што би ја утврдил точната причина за смртта на животното.Тагови: делфин мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07