3Терористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
КултураФилхармонијата ќе ја почне концертната сезона 2017/2018 на 21 септемвриСо комплексни и величествени оркестарски дела кои ќе бидат изведени под диригентската палка на Борјан Цанев, на 21 септември во новата сала ќе почне концертната сезона 2017/2018, соопшти Македонската филхармонија, која ја подготвила програмата за новата сезона, најавувајќи многу премиери, нови и досега неизведени дела. Меѓу позначајните уметнички имиња кои ќе гостуваат на македонската сцена Филхармонијата ги издвојува виолинистите од Русија, Сергеј Крилов, Алена Баева и Никита Борисо-Глебски, како и истакнатиот пијанист Борис Березовски кој пред македонската публика настапи и по повод 70-годишниот јубилеј од постоењето на Македонската филхармонија. Најавено е и гостување на славниот пијанист Данил Каритонов, победник на престижниот натпревар „Чајковски“, македонскиот баритон Милан Силјанов, кој гради успешна кариера на европските сцени, реномираниот германско-француски виолончелист Николас Алтштед, познатата и атрактивна пијанистка од Украина Валентина Лисица, потоа рускиот пијанист Евгениј Судбин, виолинистот Нинг Фенг од Кина... Ќе бидат изведени и дела од македонски композитори и ќе настапат македонски солисти кои имаат светска кариера. Покрај Силјанов, Филхармонијата ги најавува и Здравко Ангелов на кларинет, виолинистот Љубиша Кировски, како и сопранистка Ана Дурловски која ќе настапи во „Симфонија на тажните песни“ од полскиот композитор Хенрик Горецки, што ќе биде премиерна изведба од оркестарот на Македонската филхармонија. Диригентите на концертите ќе бидат познати имиња за македонската јавност, но и некои кои првпат ќе соработуваат со Филхармонијата. Меѓу нив: Емил Табаков, Јерухам Шаровски, Алексеј Огринчук, Конрад ван Алфен, Даниел Рајскин, Михал Нестерович, Габриел Бебешелеа, Тимоти Редмонд, македонските Борјан Цанев, Ле Фи Фи, Џијан Емин... Ќе бидат изведени дела од класичната музичка литература, од големите мајстори како Моцарт, Бетовен, Чајковски, Рахмањинов, Дворжак, Шуберт, Лист, Сибелиус, Стравински, Скрјабин, Шостакович, Малер..., а ќе биде одбележан и јубилејот 100 години од раѓањето на американскиот композитор Леонард Бернштајн. - Покрај класичниот, стандарден репертоар, Македонската филхармонија се потруди и во новата сезона да вметне малку поатрактивни концерти и солисти со, исто така, неспорен квалитет, концерти кои веќе неколку години наназад ги вметнува во необичниот циклуси „Алхемија“. Меѓу нив и атрактивната Ксенија Сидорова на хармоника од Летонија со нејзиниот најнов проект „Кармен“, потоа мошне необичната Каролина Ејк од Германија, која свири на исто така необичен инструмент-теремин, што ќе биде своевидно откритие за македонската музичка сцена, а ќе гостува и извонредниот басист од Полска, Адам Шкрипек, кој ќе изведе Концерт за електричен бас и оркестар, информира Филхармонијата. Ќе бидат одбележани и 30 години од смртта на композиторот Драган Ѓаконовски-Шпато со концертен проект насловен „Филхармонија за Шпато“, на кој легендарни теми на овој автор ќе добијат ново оркестарско руво. Концертот на квартетот „Белтанго“ од Србија, со нивниот атрактивен проект „Балканго“ чија цел е да ја шират танго културата, Филхармонијата го посочува како настан од кој се очекува да биде привлечен за пошироката публика. Филхармонијата го најавува и концертот „Четири годишни времиња“ на кој ќе прозвучат познатите истоимени дела од Антонио Вивалди и Астор Пјацола. Покрај „Алхемија“ и „Руски пијанизам“, Филхармонијата од претстојната сезона ќе воведе уште еден циклус - серија од вокално-инструментални концерти. - Покрај споменатите два на кои ќе гостуваат нашите вокалисти Ана Дурловски и Милан Силјанов, насловени „Духовен минимализам“ и „Вокална магија“, со наслов „Реквием Аетернам“ под палката на маестро Емил Табаков ќе биде изведен Моцартовиот Реквием - едно од највеличествените дела во историјата на музиката, наведува институцијата. Годинава Македонската филхармонија ќе организира и Гала-новогодишен концерт со пригодна програма, а ќе ги реализира и традиционалните концерти - по повод Денот на вљубените, мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“, како и концертите „Звукот на идната генерација“ и „Младите доаѓаат“ на кои настапуваат учениците и студентите од државните училишта. Циклусот концерти за најмладите, пак, поради новиот концертен амбиент ќе добијат и нова, поинаква димензија, а ќе се реализираат и неколку музички работилници за деца. За редовните посетители и оваа година Македонската филхармонија ги најавува циклусите „Фортисимо“, „Мецо“ и „Пијанисимо“, со кои може да се претплатат на целата концертна сезона, да изберат десет или пет концерти. Продажбата на циклусите ќе почне од 1 септември. Македонската филхармонија ќе има и нова веб-страница со нов и современ дизајн, која ќе биде во функција на почетокот на август. Таму ќе може да се добијат сите информации за идните концертни проекти на оваа институција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и РесенДенеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки. Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКим Кардашијан си купи нова куќа под влијание на канабисКим Кардашијан (46) откри дека под дејство на гумени бомбони со канабис, донела прилично скапа одлука. Додека се дружела со семејството и пријателите во Палм Спрингс, решила да купи куќа, која се наоѓа помеѓу имотите на нејзината мајка Крис Џенер и нејзината сестра Кајли Џенер. Сè беше прикажано во новата епизода од реалното шоу „Кардашијан“, пишува Unilad. Пред патувањето, тие земале гумени бомбони со канабис Во петтата епизода од осмата сезона на шоуто, Ким отпатувала со своите пријатели во Палм Спрингс, каде што нејзината мајка Крис Џенер има куќа. На забавата им се придружиле Клое Кардашијан, комичарката Ники Глејзер, актерката Бренда Сонг и комичарката Форчун Фајмстер. Пред да замине со приватен авион, Ким им понудила на другите гумени бомбони со канабис. Клое коментирала во шоуто дека комбинацијата на нејзината мајка и канабис е рецепт за забава. „Ги пробав можеби еднаш или двапати и не можев да престанам да се смеам“, рече Крис. Виде куќа на продажба и доби идеја По пристигнувањето во Палм Спрингс, Ким забележа дека имотот помеѓу куќите на Крис и Кајли Џенер е на продажба. Додека шетаа низ градината на Кајли, таа ги посочи патеките што претходно ги направиле за членовите на семејството да можат да се посетуваат едни со други низ дворовите, без да излегуваат надвор. „Го направивме ова за да можеме да поминуваме низ дворот еден на друг“, објасни таа. Потоа ѝ текна да го купи имотот помеѓу двете куќи и на тој начин да ги поврзе семејните имоти. „Можете ли да замислите само да ги продолжиме патеките низ дворовите? Тоа би било многу забавно“, рече таа. Потоа компанијата отиде на обиколка со количка за голф низ имотот што се продаваше. „Ова дефинитивно е нелегално влегување. Луѓе, не пробувајте го ова дома“, се пошегува Ким пред камерите. Форчун Фајмстер ја поддржа нејзината идеја. „Не знам колку чини, но треба да го купите“, ѝ рече таа. Ким не размислуваше долго, туку веднаш се јави кај агентот за недвижности. Клое потврди дека навистина ја купила куќата За време на разговорот со агентот, Ким објасни како планирала да го финансира купувањето. „Ми понуди иста цена. Ако продадам една за половина цена, ќе бидам блиску до Кајли, а овој поглед е многу подобар“, рече таа. Иако на почетокот сè изгледаше како спонтана идеја за време на дружење, Клое подоцна потврди дека нејзината сестра навистина го купила имотот. „Таа го купи. Навистина го купи. На крајот, сè се среди одлично“, откри таа. Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лицаНеколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната киевска област. Меѓу повредените во Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од повредените се хоспитализирани. Рускиот напад, исто така, го оштети клучниот Северен мост во Киев, кој во моментов е затворен за сообраќај во двата правци, додаде тој. Од утрото, оштетени се коловозот, тролејбуската контактна линија и далноводот, рече Кличко. „Сообраќајните работници и комуналните работници веќе работат на Северниот мост“, увери градоначалникот. Додека воздухопловните сили на Украина предупредија дека балистичките ракети се насочени кон главниот град, серија експлозии го потресоа градот. Првиот бараж од ракети го нападна Киев брзо, а воздухопловните сили објавија дека најмалку шест ракети биле лансирани кон градот во рок од неколку минути непосредно пред 23 часот локално време на 6 ноември. До утрото на 7 ноември, воздухопловните сили објавија дека Русија лансирала 172 дронови од типот Шахед, од кои 137 со млазен погон, и неодреден број балистички ракети кон Украина преку ноќ. Воздухопловните сили тврдеа дека собориле или потиснале четири балистички ракети и 149 дронови од типот Шахед, вклучувајќи 117 дронови со млазен погон, на 24 локации.Тагови: балистички ракети Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook