Филе:Јасна перспектива за членство само за оние што се посветени на вредностите на ЕУ

Постои јасна перспектива за европска интеграција на сите земји во регионот на Западен Балкан, но тоа бара вистинска определба и напори во работата за воведување на европски стандарди и вредности.


Ова е пораката на комесарот за проширување и европска соседска политика Штефан Филе до граѓаните на земјите од Западен Балкан и нивните европски амбиции упатена по повод Денот на Европа.

- Денес е важен ден за Европа. На Денот на Европа е време да се потсетиме што е европскиот проект и што е потребно да се биде дел од Европската унија. Пред повеќе од 60 години, Роберт Шуман ја формулираше својата визија на уште поблиска унија на европските народи. Па дури и денес, ние ја придвижуваме оваа идеја напред. Хрватска наскоро ќе стане 28-ма членка и “чекалната на Западен Балкан“ се уште е далеку од празна. Ова покажува дека визијата на Шуман продолжува да инспирира и да се зајакнува европската стабилност и напредок, порача Филе.

Според првиот човек за проширување на Унијата, влезот на Хрватска додава нова динамика за проширувањето на Европската унија. Тој вели дека ова праќа силен сигнал до целиот регион за тоа што може да се постигне кога ќе се направат потребните напори.

- Има охрабрувачки резултати и во некои други делови на Западен Балкан. Србија и Косово неодамна постигнаа историски договор и Црна Гора се движи напред во процесот на пристапување, додава еврокомесарот.

Според Филе, перспективата за европска интеграција останува отворена за сите земји во регионот, но потенцира дека “тоа не е бесплатно возење“.

- Таа бара вистинска определба и напори и бара лидерите да размислуваат и да дејствуваат на европски начин. Членството во Европската унија е реална перспектива, но само за оние кои се навистина заинтересирани за прифаќање на принципите на ЕУ. Ова е патот за напред за целиот регион. Европската интеграција е за градење на заедничка, постабилна и попросперитетна европска иднина. Тоа е она што граѓаните на земјите од Западен Балкан го заслужуваат, потенцира Филе. /Извор МИА.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер