Филателистичка изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Пустец - Канал 5

Филателистичка изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Пустец

Филателистичка изложба „Светите браќа Кирил и Методиј - сесловенски просветители“ во организација на Музејот на македонската борба беше отворена вчера во општина Пустец, Албанија.

Филателистичка изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Пустец
Ова е прва филателистичка изложба од Македонија што гостувала во Албанија. Изложбата, како што информираат од Музеј на македонската борба, предизвика голем интерес кај повеќе од стотина присутни и е дел од активностите за одбележувањето на 24 Мај меѓу Македонците што живеат во тој дел на Албанија.

На отворањето на изложбата говореа директорот на Музејот на македонската борба Бранислав Светозаревиќ, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, писателот од регионот Мала Преспа Спасе Мазенковски, а поетесата Виолета Сековска читаше делови од „Црноризец Храбар“ на старословенски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак

Случајот со двајцата мажи од Сарај, кои тврдат дека биле претепани од полицајци, не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак. Ова за Канал 5 го вели адвокатот Драган Пешевски, кој ги застапува шестмината полициски службеници.

Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак

Според него, јавноста прерано донела пресуда, пред целосно да се утврди хронологијата на настанот. Пешевски тврди станува збор за класична полициска оперативна акција, по претходни оперативни сознанија и дека инцидентот започнал кога двете лица се обиделе да избегаат со автомобил, при што на еден од полицајците му бил одземен и службениот пиштол.

- Значките се јасно објавени на врат закачени на полицајците. Како гледаат дека има полиција, истите лица со кола почињаат да одат во рикверц и пробуваат да избегаат. Но, не по мое кажување, по кажување на еден од полицајците дури можеле и да го прегазат. Како одат накај него, он така со пиштолот пробувајќи да ги спречи да застанат, замавнал накај стаклото на колата и дали некој од лицата му го повлекол пиштолот или пиштолот паднал во колата, не знаеме но по негово кажување пиштолот му бил повлечен од лицата коишто продолжиле во бегство потоа. – Драган Пешевски, адвокат на шестмината полицајци

Од друга страна, Внатрешната контрола на МВР на 11 октомври соопшти дека, по анализата на снимките и изјавите на сведоците, утврдила низа неправилности во постапувањето на шестмината полицајци. Најавени се дисциплински постапки и суспензии, додека обвинителството продолжува со утврдување на евентуална кривична одговорност.

„Кривичната одговорност е секогаш лична одговорност. Има сторител на кривично дело, време и начин на сторување на кривичното дело. Доколку истрагата, а се води кривична истрага, потврди дека некој од полициските службеници ги пречекорил своите овластувања и сторил кривично дело, апсолутно треба да одговара. Никој не треба и никој не поддржува полициско насилство и полициска бруталност.“ – Драган Пешевски, адвокат на шестмината полицајци

Пешевски, пак, смета дека од објавените снимки на социјалните мрежи не може со сигурност да се утврди дали лицата биле врзани.

Канал 5 се обрати до МВР за дополнителни информации за текот на постапката и одговорноста на полициските службеници. Дали имало пречекорување на овластувањата и кој за тоа треба да одговара, останува да утврди истрагата, а од полциијата информираа дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петтемина кандидати за шеф на ОЈО ГОКК ги претставија кандидатурите

Петмина кандидати за едно од најважните обвинителски места во државата – челната позиција во ОЈО ГОКК. 

Петтемина кандидати за шеф на ОЈО ГОКК ги претставија кандидатурите

Сите најавуваат поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата, но со различни приоритети – од реорганизација на обвинителството и зајакнување на истрагите, до конфискација на незаконски стекнатиот имот и поголема одговорност за резултатите. На Фатон Азизи кој во моментов е обвинител во ова обвинителство во фокус му се истражниот центар, проактивно вклучување во предметите кои се наоѓаат на т.н црна листа и перењето пари во градежниот бизнис. ВЈО Трајче Пеливанов вели дека има јасна визија за обвинителство кое ќе постапува навремено, одговорно, професионално и независно.

Обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ иако не презентираше конкретна програма пред членовите на Советото на јавни обвинители, рече дека ги нуди својата стручност и квалитет. Таа најавува проактивен пристап и бескомпромисна борба против криминалот. И обвинителката од ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева предлага промени во четири клучни области – поголема ефикасност, финансиски истраги и конфискација на имот, зајакнување на капацитетите и поголема транспарентност.

Последен кандидат на листата е обвинителот од ВЈО Скопје Јован Цветановски акцентот го става на ефикасноста и завршницата на предметите. Според него, целта не е само да се отвораат истраги, туку тие да резултираат со правосилни пресуди и одземање на незаконски стекнатиот имот.

Изборот на новиот шеф на ОЈО ГОКК кој ќе го наследи Ислам Абази ќе се спроведе на 28 октомври, со тајно и непосредно гласање. Право на глас имаат 188 јавни обвинители а Советот на јавните обвинители треба да го именува кандидатот што ќе добие најмногу гласови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за 13 полицаијци за „Пулс“: Влезната врата на дискотеката била целосно блокирана од заглавени лица

Паунов, на судењето на 13 полициски службеници, обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“, истакна дека  дојавата за пожарот била примена во 2:35 часот од дежурниот на врски.

Судење за 13 полицаијци за „Пулс“: Влезната врата на дискотеката била целосно блокирана од заглавени лица

Влезната врата на дискотеката „Пулс“ била целосно блокирана од заглавени лица, а за извлекување на едно лице во дел од случаите биле потребни најмалку две или три лица, вака сведочеше денеска пред судот пожарникарот Благојчо Паунов, кој бил дежурен во територијалната противпожарна единица Кочани ноќта на трагичниот пожар.

Паунов, на судењето на 13 полициски службеници, обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“, истакна дека дојавата за пожарот била примена во 2:35 часот од дежурниот на врски, по што првото противпожарно возило пристигнало пред објектот за околу пет минути. Тој објасни дека заедно со колегата веднаш започнале да извлекуваат луѓе, но уште при првиот обид сфатиле дека процесот ќе биде многу тежок и бавен и дека побарал помош од полициските службеници и од присутните цивили. По формирањето на мешани тимови составени од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили, започнало организирано извлекување на заглавените лица.

– Од тој момент извлекувавме заедно. Некогаш со полицаец, некогаш со обезбедување, некогаш со цивилно лице. Рече Паунов.

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ побараа ефикасна судска постапка, а одбраната да не ја одолговлекува постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер