3Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
КултураФиктор Фридман и Јоуко Сакари Линдстет добитници на Рациново признаниеДобитници на годинашното почесно Рациново признание се професор доктор Виктор Фридман од Чикаго, САД, и професор доктор Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.– Организацискиот одбор на Рациновите средби одлучи Виктор Фридман, светски познат лингвист, македонист и славист, редовен професор по славистика и македонстика на Универзитетот во Чикаго, да го добие ова признание, заради неговите заслуги за македонскиот јазик, македонската лингивистика и македонистика во САД и светот, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски. Професор Јоуко Сакари Линдстет, професор по филологија на Унверзитетот во Хелсинки од 1986 година е учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од регионот Виа Игнација", раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие" и на многу други проекти. Тој е врвен светски славист, македонист и балканист, а како што појасни Коцевски, признанието го добива во знак на благодарност за афирмација на македонскиот јазик, македонската лингвистика во Финска и во многу други европски и светски земји. – Сигурен сум дека токму сега кога некој ни го оспорува нашиот мајчин јазик – македонскиот јазик, двајцата великани кои искрено се посветени на афирмација за македонскиот јазик, литература и култура, во јавноста силно ќе одекне веста за меѓународната поддршка на македонскиот јазик и на македонската култура. Научните истражувања на двајцата покажуваат дека македонскиот јазик и неговите дијалекти се афирмираат во светските научни центри со што македонскиот јазик се афирмира како посебен јазик и претставува предмет на исклучително научно интересирање поради својата поврзаност со балканските јужнословенски и нејужнословенски јазици, потенцира Коцевски. Организацискиот одбор одлучил поради состојбата со Ковид-19, Рациновите средби сепак да се одржат, но не како што првично се размислуваше во ноември, декември, туку од крајот на септември до крајот на октомври, а ќе имаат поинаква организација, а тоа ќе значи и нивно осовремување и модернизирање, појасни Коцевски. Дел од содржините се планира да се одржат во живо до колку тоа го дозволат здравствените власти со почитување на здравствените мерки. Онлајн содржините може да се организираат во ова време и малку подоцна. -Со тоа ќе се продолжи времетраењето на Рациновите средби и тие подолго време би биле присутни во јавноста, рече Коцевски. Тоа би било преку електронски пат, можност да учествуваат на Рациновите средби поголем број на писатели од светот, а пренос да има во живо на Јутуб каналот и некои од телевизиите, а со поставување на видео бимови на повеќе локации во Велес. Организацискиот одбор донесе одлука за доделување на Рациновото признание за кој конкурсот ќе биде распишан пред 13 јуни, денот на трагичното убиство на Коста Солев Рацин. По неколку години пауза ќе биде модифицирана и наградата „Антологија на болката" за која првично преовладува мислењето на Организацискиот одбор, но конечната одлука треба да биде донесена на следната средба. Првичната нивна размисла е оваа книжевна награда да се доделува за најдобра песна на јавен конкурс кој би се објавил најмалку 30 дена пред оддржување на Рациновните средби, а право на учество ќе имаат поети од Северна Македонија и светот кои ќе учествуваат со своја песна на мајчин јазик и превод на англиски јазик, појасни Коцевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО ГОКК го затвори предметот за јавните набавки на модуларните болнициПо речиси пет години предистрага, ОЈО ГОКК го затвори предметот за набавката и изградбата на модуларните болници за време на ковид кризата. Не е утврдена злоупотреба на службената положба ниту друго кривично дело. Предметот беше отворен по допрен глас во 2021 година по пожарот во модуларната болница во Тетово со цел да се провери дали при набавката, договорите и изградбата имало незаконитости. Обвинителката Верица Бержецка Крстева која е трета која го презела предметот и ја донесе одлуката, на брифинг со новинарите објасни дека анализирани биле постапките за јавни набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантната законска регулатива. -Од анализата на целокупната документација и извршените проверки, Обвинителството не утврди факти од кои би произлегло дека во постапките за набавка службено лице ја искористило или пречекорило службената положба или овластување, односно не ја извршило службената должност, со цел да прибави значителна имотна корист или да нанесе значителна штета,- -ОЈО ГОКК. Клучен дел од проверката била и набавката на модуларните објекти преку проектот за итно справување со Ковид-19, финансиран со заем од Светска банка. Дополнително, Светска банка по пожарот во Тетово извршила проверки на повеќе модуларни болници – во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип. Според документацијата доставена до обвинителството, било потврдено дека набавката била спроведена согласно правилата на банката, а испорачаните објекти одговарале на техничките спецификации. -Со измените на Законот за градење објавени на 24 ноември 2020 година, модуларните градби наменети за вршење здравствена дејност биле опфатени во категоријата градби за кои не е потребно одобрение за градење. Од прибраната документација произлегува дека дел од јавните здравствени установи имале решенија од Министерството за здравство за поставување на модуларните градби, како и соодветна проектна документација,- -ОЈО ГОКК. Со ваквата јавнообвинителска одлука практично значи дека нема обвинение за Кочо Анѓушев кој е еден од споствениците на компанијата Брако која го доби тендерот за изградба на 19 модуларни болници. Ова е одвоен предмет од оној за пожарот во модуларна болница во Тетово во кој загинаа 14 лица на по три години затвор правосилно се осудени двајцата поранешни директори на тамошната болница Флорин Бесими и Артан Етеми. Инаку на брифингот со новинарите присуствуваше и шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази чиј четиригодишен мандат истекува на почетокот на ноември. Рече дека не размислува за повторна кандидатура на оваа позиција и ќе се врати во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредвремени избори повторно во фокусот на партиитеПремиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предвремени парламетарни избори не треба да има, но повторно ја остави можноста за нивно одржување доколку такво барање дојде од опозицијата. Иако, според него, граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада, сепак Мицкоски е дециден дека нема да бега од изборно соочување. - Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада 4 години, но она коешто јас го кажав, ќе го потврдам: доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победиме, кажа Мицкоски. Но, опозицијата нема единствен став за прашњето. Од ДУИ преку соопштение го прифатија предизвикот да се оди на избори и бараат деновиве да се договори најбрз датум. „ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието. Да се определи датумот. Да одиме на избори“, повикаа од партијата на Ахмети. За разлика од нив, лидерот на СДСМ Венко Филипче повтори дека тие нема да бидат алиби за избори на Мицкоски. Иако вели дека СДСМ се подготвени за изборно соочување во секое време, повтори дека премиерот е тој што може да ги распише кога и да посака. -Избори ќе закаже премиерот којшто има двотретинско мнозинство, апсолутна власт на секое ниво, Претседателката, извршната власт, во Собранието двотретинско мнозинство, мнозинство во општините, може да си направи избори кога сака. Ние нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Ништо друго не ги интересира. Ние сме секако спремни, се подготвуваме секојдневно, ако ме прашувате дали сме спремни, но алиби не даваме, изјави Филипче. Филипче не гледа потреба да се одржи ниту лидерска средба со оглед на искуството од последната, на која тој не присуствуваше, кога беше договорено укинување на техничката влада. За изборниот законик кој останува блокиран од опозицијата, Филипче вели СДСМ ќе го поддржи законското решение само доколку ги содржи препораките од ОБСЕ/ОДИХР... За нив останува најспорен моделот за гласањето на дијаспората што го нуди власта - електронски или преку пошта, за кој сметаат дека е вовед во, како што вели, изборен грабеж. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВодата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степениВодата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години. Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31