Фигел: Интеграција во ЕУ значи заеднично, а не соло работење - Канал 5

Фигел: Интеграција во ЕУ значи заеднично, а не соло работење

Многу е важно во вашиот случај да се изгради концензус  помеѓу  политичките партии, Парламентот и граѓанското општество во врска со пристапувањето кон Европската Унија, рече Јан Фигел.

Фигел: Интеграција во ЕУ значи заеднично, а не соло работење

Многу е важно во вашиот случај да се изгради концензус помеѓу политичките партии, Парламентот и граѓанското општество во врска со пристапувањето кон Европската Унија, рече Јан Фигел шеф на преговарачкиот тим на Република Словачка и поранешен евро-комесар на денешната трета сесија на тема „Пристапните преговори во Поглавјето 23 – Правосудство и основни права„, што се оддржа во Скопје во организација на Европското движење во Република Македонија.

Целта на ЕУ, како што рече Фигел, е мирот што е плод на првдата.- Нема мир доколку нема правда. Мирот не доаѓа автоматски. Основата на мирот, и правдата и модерното меѓународното право се човековите права. 20-иот век кој беше исполнет со многу лекции како непочитувањето на човековите права носи трагедии. Тој век може да биде означен како циклус од Сараево до Сараево. Бидејќи во Сараево почна Првата светска војна и последната војна беше во 90-тите во БиХ. Како што воениот циклус се движи од Сараево до Сараево, истото треба да се однесува и на мирот. Проширувањето на ЕУ значи реобединување, рече тој.

Фигел нагласи дека не може да се преговара доколку работата е завршена и додаде дека ако работата оди напред и преговорите ќе одат напред.

-Поглавјата се отвораат според начелата. Оваа не е натпревар за мис на убавина, туку сериозна работа на поглавјето. Интеграција значи активно вклучување на сите граѓани, да заземаат улога, дека тоа влијае врз нивните животи, нивните семејства. Бидете амбициозни и реални, рече Фигел.

Во врска со пренесувањето на искуството од неговата земја, тој рече дека најважно било заедно здружени да влезат во ЕУ, дека не било лесно, но оти тоа било правилна амбиција.

-Бидејќи интеграција во ЕУ значи заедничко работење, здружување, а не соло работа. Таа соработка беше со цел прво демонтажа на минатото на комунистичките структури, особено на Варшавскиот пакт. Второ, градењето на нова Европа во 21-иот век и ова се уште е наша неостварена мисија што си ја поставуваме пред нас. Европа може и треба да направи повеќе за слободата на религија и верување, што значи слобода на мисла, слобода на свесноста. Ова е суштината на човековите права, бидејќи каде што оваа слобода се почитува ќе се почитуваат и граѓанските и политичките прави, рече Фигел.

Симонида Кацарска, директор на Институтот за европски политики-Скопје рече дека процесот на пристапување кон ЕУ и процесот на преговори всушност се во евро-процесна изработка.

-И ЕУ во голема мера за овој процес учи и го моделира процесот на пристапување на Западнио Балкан. Ги инкорпорира стандардите, позајмува од ОН и другите меѓународни организации. Прво што е најважно Унијата во оваа поглавје позајмува од други организации и овој процес на позајмување честопати се базира делумно на стандарди кои ги конципира во своите преговори. Ова најпрвин го извежба со Хрватска за чии што преговори за Поглавјето 23 времето беше пократко, бидејќи беше блокирано поради порцесот со Словенија. Поради недостатокот на јасни стандарди во оваа област постои многу простор за креирање на сопствени стандард кои би се совпаднале со европските практики. Во текот на последните шест месеци дискусиите се одвиваа околу новиот Закон за корупција, измените на Законите за судови и Судскиот совет, нагласи Кацарска.

Според Милка Ристова, судија на Врховен суд на РМ, најважен аспект е јакнењето на независноста на судството како гарант за заштита на човековите слободи и права .

-Тука сме да укажеме на некои слаби, проблематични точки во процесот на суштинските реформи што треба да се направат во судство. Предлозите за измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет и на Законот за судови од стручната и научната јавност посочуваат да се промени местото и улогата на Судскиот совет како важен орган и најважна карика во процесот на реформите. Граѓански здруженија пак укажуваат на потребата од депрофесионализација на тој орган. Тоа стоеше и во првата стратегија за реформи. Во последната верзија на законите напуштено е со аргументација дека не може судијата што е член на Судскиот совет да врши друга функција. Судијата за да стане член на Судскиот совет претходно мора да биде судија, изјави Ристова.

Ппрвобитната замисла зошто судиите треба да бидат членови на Судскиот совет, како што посочи таа,е затоа што треба да придонесаат со своето знаење за подобрување на состојбите во судството, како внатре за подобар избор и подобра контрола над работата на судиите.

-Вториот аргумент, принципот на неспоивост речиси го има во сите устави како принцип. Но сепак во повеќе земји членки во ЕУ , односно во Словенија има решение каде судиите не ја вршат таа работа професионално. Третиот аргумент укажува на недостатокот на судии и обвинители во Македонија и објективизирањето во однос на нивниот исбор и разрешување, изјави Ристова.

Околу тоа дали има законска можност за замрзнување на имот на целото семејство на поранешнит премиер Никола Груевски, Ристова рече дека судот треба да оценува.

-Времени мерки во процесот на судење не се можни, туку тоа е мерка што се изрекуваа дури откога обвинетиот ќе биде прогласен за виновен за дејствија врз основа на кои е стекнат противзаконит имот, изјави Ристова.

Одговарајќи на новинарско прашање дали според законските прописи на ЕУ може да се реализира екстрадицијата на Груевски, поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска рече дека во Македонија се уште има институции кои се надлежни за реагирање во такви ситуации, особено ако тоа го презентира како закана.

–Во ниедна институција не е побарано никаква заштита. Тој човек имаше шест телохранители кои веројатно имале некаква улога и во оваа насока требало да реагираат. Доколку имал потреба тој можел да ги побара, да побара асистенција, има органи кои се грижат за тоа. По мене тој аргумент не може да биде аргумент за политички азил, изјави Николовска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава

Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. 

Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава

Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата.

Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик.

Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање.

Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша.

Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години.

„Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор.

Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно.

Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци.

Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна.

Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството.

По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани..

Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија.

Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа.

Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство.

На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер