ФИФА жестоко го казни Сенегал за подигрувањето со Салах (ВИДЕО) - Канал 5

ФИФА жестоко го казни Сенегал за подигрувањето со Салах (ВИДЕО)

По драматичното изведување пенали, Сенегал го победи Египет во плејофот за Светското првенство на нивниот стадион во Дијаманди, недалеку од Дакар.

ФИФА жестоко го казни Сенегал за подигрувањето со Салах (ВИДЕО)

Еден од трагичарите на Египет беше Мо Салах, кој промаши во последната серија испраќајќи ја топката високо над голот. Но, целиот натпревар, а особено пенал-рулетот го одбележа скандалозното однесување на домашните навивачи кои постојано со ласери ги заслепуваа играчите на Египет. Така Салах беше погоден со ласери од трибините при последниот пенал.

ФИФА одлучи Сенегал да биде казнет со 180.000 долари, а следниот домашен натпревар Сенегалците ќе го одиграат пред празни трибини. При изрекувањето на пресудата, ФИФА го имала предвид и фактот дека сенегалските навивачи по крајот упаднале на теренот и ги навредувале Египќаните со навредлив транспарент.

YouTube video

Египетската фудбалска федерација испрати писмо до ФИФА во кое се наведува дека Салах и неговите колеги биле жртви на расни навреди:

"Репрезентацијата на Египет беше изложена на расизам. Навивачите презедоа навредливи акции против египетските играчи воопшто и кон Мохамед Салах особено. Толпата ги заплаши играчите фрлајќи кон нив со шишиња и камења ".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер