ФИФА: Суспензија за фудбалерите кои ќе настапуваат во Суперлигата!! - Канал 5

ФИФА: Суспензија за фудбалерите кои ќе настапуваат во Суперлигата!!

Светската фудбалска федерација ФИФА им се закани на фудбалерите чии клубови најавуваат основање на елитна европска Суперлига.

ФИФА: Суспензија за фудбалерите кои ќе настапуваат  во Суперлигата!!

-Играчите кои ќе бидат дел од Европската Супер-лига нема да можат да играат за репрезентациите. ФИФА најави суспензии за сите фудбалери што ќе бидат дел од најавеното натпреварување.

Најавената суспензија од ФИФА подразбира забрана за настап на фудбалерите кои би играле во најавената Суперлига за нивните национални селекции на светските и европските првенства.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфатино, вели дека негова обврска е да го „штити фудбалот“.

„Видовме многу обиди за одделување од главната структура. Или сте во неа или ќе бидете комплетно надвор. Играчите кои на клупско ниво нема да бидат со нас, тогаш нема да играат ниту во националните лиги, во конфедерациските натпреварувања ниту пак на Европските и на Светските првенства“ – порача Инфантино.

Инаку пред десетина дена најбогатите фудбалски клубови од Европа најавија формирање на Суперлига во 2021 година.

Во лигата која е надвор од рамките на ФИФА и УЕФА би играле гигантите на светскиот фудбал Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барен Минхен, Милан, и уште неколку од најбогатите и најтрофејните екипи во Европа.

Според дел од европските медиуми раководните луѓе на овие гиганти веќе и одржале неколку тајни состаноци на кои разговарале формирање на елитно натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меси за фотографија со Јамал како бебе: „Неверојатно“

По крајот на мундијалските полуфиналиња и победите на Шпанија и Аргентина, топ вест во светските медиуми е една фотка на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и неговиот наследник Ламин Јамал како бебе

Фото: Меси за фотографија со Јамал како бебе: „Неверојатно“

И Лионел Меси, како и целиот свет, е вчудовиден од фактот дека ќе игра за светската титула против момчето што го држел во рацете пред две децении.

Сега веќе познатата фотографија на Меси – направена во времето кога тој го градеше својот пат во Барселона – и на сосема малото, новородено бебе Јамал, повторно стана актуелна откако Ламин се проби во првиот тим на Каталонците и многу брзо со право според игрите се здоби со статус на ѕвезда.

Фотката своевремено предизвика неверување во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но повторно излезе во преден план за време на Светското првенство и стана хит откако и двајцата стигнаа до финалето.

Сега звучи уште поневеројатно тоа што „моделите“ од таа позната фотографија ќе се борат за светската титула. Дваесет години откако е направена фотографијата.

Од сите приказни поврзани со Светското првенство раскажани досега – не само од тековниот турнир – оваа е можеби најневеројатната.

„Ламин е играч кој може многу да постигне. Пред него е одлична кариера и можност да направи нешто историско, но се надевам дека тоа нема да се случи овој пат, против нас. Животот е луд, а фактот што и двајцата играме на Светското првенство по онаа фотографија е неверојатен. Му посакувам многу среќа во Барселона. Ќе се обидеме да не му дозволиме да биде во најдобра форма во недела, иако тоа ќе биде тешко“, изјави Меси на настан организиран од ФИФА во Њујорк.

На фотографиите направени во 2007 година може да се види како Меси го бања бебето Јамал.

Во 2007 година се случи историски момент, а никој не беше свесен за тоа.

Всушност, идејата била да се реализира фотосесија за годишен календар.

Во декември, каталонскиот весник „Спорт“, во соработка со Барселона и УНИЦЕФ, започна проект за хуманитарен календар. Идејата беше ѕвездите на Барселона да се фотографираат со бебиња, а потоа календарот да се искористи за собирање средства за хуманитарни цели.

УНИЦЕФ помина неколку месеци избирајќи семејства од Каталонија кои би учествувале во оваа програма, а за изборот да биде целосно правичен, меѓу заинтересираните родители била организирана ждрепка. Извлечено било семејството на Ламин Јамал. Но, тука не завршило сè. Не се знаеело со кого ќе се фотографира момчето, а кога семејството пристигна на „Камп Ноу“, ги пречекало изненадување – на нивниот син му бил доделен никој друг туку Лионел Меси. Овој момент го овековечија фотографите Жан Монфор и Ориол Каналс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лица

Во двата земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни загинаа над 5 илјади лица, изјави претседателот на парламентот, Хорхе Родригез.

Во двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лица

Бројот на повредени и натаму е над 16 000, додека 17 илјади лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресите.

Според претходно објавени податоци, оштетени се речиси 900 згради... Земјотресите што ја погодија венецуела инаку, беа со јачина од 7,2 и 7,5 степени според рихтеровата скала

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Берлин бара од Зеленски да го преиспита разрешувањето на министерот за одбрана

Одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров предизвика реакција во Германија, каде што од федералната влада сега се бара да изврши притисок врз Киев да го врати поранешниот министер.

Берлин бара од Зеленски да го преиспита разрешувањето на министерот за одбрана

Претседателот на Комитетот за прашања на Европската унија на Бундестагот и пратеник на зелените, Антон Хофрајтер, рече дека Зеленски направил „сериозна грешка“ и дека неговата кадровска одлука е резултат на жестока борба за моќ во рамките на украинската држава и военото раководство.

Тој нагласи дека Федоров бил многу успешен министер и се сметал за неподмитлив политичар во Киев и меѓу западните партнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер