ФИФА: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП2026 - Канал 5

ФИФА: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП2026

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека за две недели се пристигнати 150 милиони барања за купување влезници за Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

ФИФА: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП2026

„Имаме шест до седум милиони билети во продажба, а за само 15 денови добивме 150 милиони барања за купување билети. Тоа се 10 милиони барања секој ден. Тоа покажува колку е моќно Светското првенство“, рече Инфантино, говорејќи на Светскиот спортски самит во Дубаи.

Претходно овој месец, навивачките групи ги критикуваа цените на билетите, кои беа неколку пати поскапи отколку за исти натпревари на Светското првенство во 2022 година.

ФИФА потоа воведе категорија на билети од 60 долари за да ги направи натпреварите подостапни за навивачите.

„Во речиси 100-годишната историја на Светското првенство, ФИФА продаде вкупно 44 милиони билети. Значи, за две недели би можеле да „исполниме“ 300 години на светски првенства. Замислете го тоа. Апсолутно е неверојатно“, додаде Инфантино.

Според него, најмногу барања за билети дошле од САД, по што следуваат Германија и Велика Британија.

„Клучно е приходите генерирани на овој начин да се вратат во фудбалот низ целиот свет. Без ФИФА, немаше да има фудбал во 150 земји низ целиот свет. Фудбалот постои благодарение на овие приходи што ги генерираме преку Светското првенство и кои потоа ги реинвестираме низ целиот свет“, заклучи Инфантино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот простор

Секој петти адолесцент во светот бил изложен на сексуално вознемирување и злоупотреба во дигиталниот простор во текот на изминатата година, потврдува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ спроведен во 21 земја.

Секој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот простор

Овие загрижувачки наоди покажуваат дека интернетот сè повеќе станува небезбедна средина за најмладите, а посебно предупредување упатува фактот што сторителите на ваквите дела во голем број случаи не се непознати профили, туку лица од нивното непосредно или пошироко опкружување. За родителите и семејствата ваквите податоци значат итен повик за будност и преиспитување на дигиталните навики во домот. Експертите укажуваат дека алгоритмите на популарните социјални мрежи системски го задржуваат вниманието на малолетниците, вовлекувајќи ги во појавата позната како „думскролинг“, односно непрекинато следење на вознемирувачки содржини што директно го зголемува ризикот од тешки психолошки состојби, анксиозност и депресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Се потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.

СДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг.

Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации.

Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП.

Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери.

Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари.

Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра.

Буџетот денес е околу 7 милијарди евра.

Од повеќе пари народот не добива ништо.

Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите.

Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените.

Ништо нема за народот, само нови долгови.

Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Крапош: Подобрување на условите во предучилишните установи

 Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание.

Општина Крапош: Подобрување на условите во предучилишните установи

Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика , демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници од министерството, ЗЕЛС, градоначалници и претставници од општините, а беше разговарано за реновирање/адаптација и опремување на неискористени училишни/општински простории и нивно пренаменување во групи во други просторни услови.

На состанокот беше ставен акцент на две главни теми и тоа јавниот повик со фокус на руралните средини и втората тема се однесуваше на отворање на младински канцеларии во рамки на општините. Покрај различните теми за кои се дискутираше, стана збор и за недостатокот од соодветен персонал во градинките и давање на согласности за вработување заради соодветна кадровска екипираност на тимовите.

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание и создавање подобри услови за децата и нивните семејства.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер