Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги
1 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги
Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
2Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
ФудбалФИФА: Потврдени новите правила кои ќе важат и на МундијалотНеполни две недели пред стартот на Светскиот фудбалски шампионат во САД, канада и Мексико, Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации (IFAB) одобри серија историски промени на правилата. Новите мерки имаат за цел борба против дискриминацијата, намалување на одолговлекувањето и подобрување на темпото на играта, а вклучуваат и проширени овластувања за VAR и построги казни за неспортско однесување на фудбалерите. Промените официјално ќе важат од сезоната 2026/27, но ќе имаат премиера на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, објави Ројтерс. „IFAB одобри серија историски промени на Правилата на играта, а Светското првенство во 2026 година на ФИФА ќе биде првиот голем турнир што ќе ги примени“, изјави главниот судија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина. „Овие промени имаат за цел борба против дискриминацијата, намалување на доцнењата, подобрување на темпото на играта и подобрување на искуството и за играчите и за навивачите.“ Една од најзначајните промени е воведувањето на директен црвен картон за играч кој ќе ја покрие устата со рака, подлактица или маица за време на конфронтација со противник или судија. Ова правило е воведено по инцидентот во кој играчот на Бенфика, Џанлука Престијани, беше обвинет за дискриминаторски навреди упатени кон Винисиус Џуниор додека ја покривал устата, за што УЕФА му изрече суспензија од шест натпревари. Сепак, судиите нема да ги казнуваат играчите кои ги покриваат устата за време на пријателски разговори со соиграчите или противниците. Покрај тоа, секој играч кој ќе го напушти теренот во знак на протест против одлуката на судијата, исто така, ќе добие црвен картон. Истата казна ќе важи и за членовите на тренерскиот персонал кои ги охрабруваат играчите да го сторат тоа. Тим кој ќе предизвика прекин на натпреварот со напуштање на теренот автоматски ќе го загуби натпреварот. Мерката е реакција на настаните во финалето на Африканскиот куп на нации, кога репрезентацијата на Сенегал накратко го напушти теренот во знак на протест поради пенал, пред да се врати и да го победи домаќинот Мароко. На VAR технологијата, воведена на натпреварите на ФИФА во 2017 година, исто така ѝ се даваат нови овластувања. „Почнавме (да го користиме) VAR на натпреварите на ФИФА во 2017 година, на Купот на конфедерации пред Светското првенство во Русија во 2018 година“, рече Колина. „Затоа, (веруваме) дека е време да се разгледа протоколот што беше напишан кога имаше многу ограничено искуство.“ Според новите правила, VAR ќе може да интервенира и во случаи на погрешно доделени втори жолти картони, во случаи на погрешен идентитет на играч и во случаи на погрешно доделени корнери. Судиите ќе можат да ја корегираат одлуката ако на играчот неправедно му се покаже втор жолт картон, но нема да можат да му сугерираат на судијата да го покаже ако тоа не го сторил на теренот. Интервенциите при корнери ќе се користат само за корекција на очигледни грешки кои не го одложуваат продолжувањето на играта. Покрај тоа, VAR ќе може да реагира кога ќе се направи прекршок пред прекин, како што е корнер. Во овој случај, судијата ќе може да изрече дисциплинска мерка откако ќе ја прегледа снимката, а прекинот ќе се повтори. Се воведуваат две важни мерки во борба против одолговлекувањето. Првата е визуелно одбројување од пет секунди за изведување на аут или гол аут, кое судијата ќе го сигнализира со крената рака. Доколку не се изведе аут во предвиденото време, топката се доделува на противничкиот тим. Доколку не се изведе гол аут, на противничкиот тим му се доделува корнер. Втората мерка се однесува на замените на играчите. Откако судијата ќе ја покаже таблата за замени, играчот кој излегува ќе има 10 секунди да го напушти теренот за игра од најблиската точка по должината на аут линијата. Доколку не го стори тоа, неговата замена ќе може да влезе во играта само една минута по продолжувањето на играта, со дозвола од судијата. Исклучоци од ова правило ќе бидат повредите на играчите и безбедносните причини.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услугиМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан. За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија. Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните. Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија. На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации. Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗабаваГвардиола одмора во Дубаи и гледа кошаркаЕден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига. Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес. Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години. На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа. Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение. Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
СветМексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со КинаМексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс. Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC). #SheinbaumLiderMundial 🚨 LLEGA LA NUEVA ERA MEXICO-CHINA Nuestra PresidentA @Claudiashein y toda la delegación Mexicana fueron recibidas en la Sala de Honor por el Presidente de China, Xi Jinping y su gabinete, en la que acordaron una nueva era de cooperación para impulsar el Desarrollo y el Comercio entre ambos países... — La Catrina Norteña (@catrina_nortena) November 17, 2026 Кинески предлози за соработка Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување. Reunión con el presidente Xi Jinping y su gabinete. Hablamos de una nueva era de cooperación para el desarrollo en las relaciones México-China. https://t.co/ucrYYb7BSe — Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) November 17, 2026 Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook