3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
ФудбалФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) откажа илјадници хотелски резервации во Филаделфија, првично резервирани за Мундијалот 2026 година, без објаснување, објавува „The Independent“.Според Здружението на хотелиери на Голема Филаделфија, ФИФА откажа приближно 2.000 хотелски резервации во градот. Претседателот на Здружението на хотелиери на Филаделфија, Ед Гроуз, изјави за „ABC 6“ дека поголемиот дел од откажувањата се во четири хотели во центарот на градот. Тој, исто така, им рече на новинарите дека ФИФА не ги објаснила причините за откажувањата, туку дејствувала во рамките на условите од својот договор и не се соочила со казни. Гроуз рече дека откажувањата на хотели од страна на ФИФА се случуваат и во други американски градови домаќини. Тој истакна дека не е јасно како откажувањата ќе влијаат на цените, но им советуваше на навивачите кои бараат сместување да не ги откажуваат своите резервации. - Иако не сме воодушевени од ова, ова не е крај на светот. Овие соби ќе бидат повторно достапни и ќе им се продаваат на навивачите кои сакаат да дојдат во Филаделфија, рече Гроуз. Тој, исто така, истакна дека две конвенции ќе се одржат во Филаделфија приближно во исто време со натпреварите од Светското првенство и верува дека пополнувањето на собите нема да биде проблем. Оваа вест од Филаделфија доаѓа по извештајот од почетокот на март дека ФИФА откажала 40 проценти од хотелските резервации во Мексико Сити. Според ФИФА, се очекува турнирот оваа година, кој ќе се одржи во градови низ САД, Мексико и Канада, да привлече помеѓу пет и 6,5 милиони навивачи. Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре отворен ден во О. КарпошВо среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото. JAPAN EARTHQUAKE MOMENT pic.twitter.com/qytUMzfCdN — 𝑫 𝑬 𝑿 𝑻 𝑬 𝑹 🇫🇷 (@fenerlitopuria) July 28, 2026 Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени. По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо. Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени. A few minutes ago: The stone walls of Kumamoto Castle collapsed following a magnitude 7.1 earthquake (地震 ) that struck 4 km southeast of Uki, Kumamoto Prefecture, Japan. pic.twitter.com/PwXwldRmIr — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 28, 2026 Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег. Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди. ▽防災カメラ 07/28 16:40ごろの #熊本県 各地のライブ映像 熊本 水俣・天草・中央区・八代 28日午後4時27分ごろ地震 気象庁は津波注意報を発表 ▼有明・八代海(予想高さ 1m) ▽【地震】熊本県で震度7 各地の #ライブカメラ (NHK)と雨雲レーダーhttps://t.co/HJcCM2sw4K https://t.co/hnwhAIGtOT pic.twitter.com/a1LjwTaqa3 — ライブカメラ検索マップ (@web_camera) July 28, 2026 Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на ФранцијаЛегендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook