ФИФА неправилно го казнила Мексико - Канал 5

ФИФА неправилно го казнила Мексико

Спортскиот арбитражен суд во Лозана пресуди дека ФИФА неправилно парично ја казни фудбалската федерација на Мексико поради наводни „хомофобични скандирања“ на навивачите на адреса на противнички фудбалери за време на квалификациите за СП 2018.

ФИФА неправилно го казнила Мексико

Судот тврди дека иако се извикуваа „навредливи зборови“, ФИФА си создала погрешно, но легитимно разбирање и овие случаи нема да бидат казнети.
На Мундијалот 2014 во Бразил, Дисциплинската комисија на ФИФА не наложи казни за Мексико, поради скандирања на навивачите. Сепак, откако започнаа Мундијалските квалификации, Светската фудбалска федерација ги дефинираа песните на навивачите како „хомофобични скандирања“.
Станува збор за скандирања насочени кон голманите на ривалите со цел д аги деконцентрираат. Во нивните песни „Ehhhh, Puto“ тие се нарекуваат „машки проститутки“ кои, според судот, не се манифестација на хомофобија.

Мексико се жалеше за глобите во вкупен износ од 35 илјади швајцарски франци за натпреварите против Салвадор во ноември 2015 години и Канада во март 2016 година. Судот ги отфрли казните уважувајќи ги жалбите на Мексиканците, но ги поддржа предупредувањата на ФИФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“

-Денеска присуствував на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија,на Фејсбук објави Премиерот Христијан Мицкоски .

Премиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“

Заедно со Марта Кос го проследивме обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот во Брисел.

Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив.

За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење.

„Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере.

Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство.

Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере.

Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта.

Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија.

Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања.

„Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Нов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. 

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари.

За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер