ФудбалФИФА ја полни касата: Потпишан рекорден договор за ТВ права со Кина“ Светската фудбалска федерација ги продаде телевизиските права за Светското првенство на Кина за рекорден износ.ФИФА конечно успеа да постигне договор со кинеските радиодифузери (помалку од еден месец пред почетокот на Мунијалот), не само за емитување на натпреварите од Светското првенство, туку и за неколку од следните големи натпреварувања под покровителство на Светската фудбалска федерација. ФИФА брзо се пофали со договорот што го склучи, кој го нарече „историски“. „Најважниот договор во историјата со оваа земја“, објави ФИФА по постигнувањето договор со Кинезите. ФИФА објави дека договорот за емитување на Светските првенства на ФИФА во 2026 и 2030 година достигна рекордна сума за земјата. Договорот ги вклучува и Светските првенства за жени во 2027 и 2031 година. „ФИФА потврдува дека склучи рекорден договор со China Media Group што опфаќа неколку турнири. Ова е најголемиот договор во историјата на ФИФА со оваа територија“, изјави портпаролот на организацијата во порака испратена до АФП од Кина. Во исто време, во соопштението се негираше дека станува збор за сумата што циркулира на социјалните мрежи. ФИФА не прецизираше за колкав износ станува збор, туку само рече дека износот е „значително поголем од бројките споменати во медиумите и на социјалните мрежи“, додаде портпаролот на ФИФА. Кинескиот медиум „The Paper“ тврдеше дека договорот е вреден 60 милиони долари, подоцна голем дел од светски медиуми шпекулираа токму со оваа сума. ФИФА и државната телевизија во петокот објавија доделување на ексклузивни права за емитување на Светското првенство во континентална Кина (без Хонг Конг и Макао) на државниот радиодифузер CMG. Постигнатиот договор стави крај на шпекулациите дека земјата со 1,4 милијарди жители ќе остане без емитување на најважниот спортски настан оваа година.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаРепрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници Европските кошаркарски легенди Дејан Бодирога и Жељко Ребрача беа херои на екс Југославија и заедно ја освоија Европа и Светот, но денес се разделени од политиката.Од заедничкото освојување на светскиот трон во Атина во 1998 година, каде што беа едни од главните членови на репрезентацијата на СР Југославија, патиштата на Дејан Бодирога и Жељко Ребрача денеска се вкрстија на сосема спротивни страни во пратеничките клупи на Народното собрание на Република Србија. На Светското првенство во Грција, токму тие двајца беа најзаслужни за освојувањето на златниот медал, делејќи ги главните улоги на патот до тронот. Дејан Бодирога тогаш беше официјално прогласен за најкорисен играч (МВП) на целото првенство, со просек од 14,7 поени, пет скока и 2,2 асистенции по натпревар, а особено се истакна во полуфиналето против домаќинот Грција, кога постигна 31 поен. Од друга страна, Жељко Ребрача блесна токму кога беше најпотребно, одиграјќи го својот најдобар натпревар во финалето против Русија – натпревар што Југославија го доби со резултат 64:62. Ребрача беше апсолутен херој и најефикасен поединец на натпреварот со 16 поени и 11 скока; тој беше избран во идеалната петорка на турнирот, а неговата клучна блокада и офанзивен скок во последната минута директно го решија исходот на натпреварот. Нивната спортска соработка успешно продолжи и на клупско ниво, бидејќи во периодот од 1999 до 2001 година заедно го носеа дресот на атински Панатинаикос и, под водство на Жељко Обрадовиќ, ја освоија титулата европски шампион. Сепак, по завршувањето на нивните блескави играчки кариери, животните патишта и општествениот ангажман ги однесоа на сосема спротивни страни на српската политичка сцена. По крајот на кариерите на паркетот, Дејан Бодирога се посвети на спортскиот менаџмент и ја презеде функцијата претседател на Евролигата, а Ребрача е сосптвеник на кошарксрка школа. Бодирога во јавниот и политичкиот живот на Србија влезе преку давање отворена поддршка за студентските протести и иницијативата „ПроГлас“. На парламентарните избори одржани кон крајот на октомври 2026 година, тој настапи како 24-ти на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, а со полагањето на заклетвата на 17 ноември 2026 година, официјално го започна својот прв пратенички мандат во 15-тиот состав на Собранието. За разлика од него, Жељко Ребрача, по богатата кариера во Европа и НБА – каде што настапуваше за Детроит, Атланта и Лос Анџелес Клиперс – ја извршуваше функцијата претседател на Кошаркарскиот клуб „Војводина“, а својот политички ангажман го поврза со Српската напредна странка. Како долгогодишен член на владејачката партија, тој го започна својот прв пратенички мандат во февруари 2024 година, а на изборите во октомври 2026 година, зазеде високо 19-то место на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и со тоа обезбеди нов мандат. Така, некогашните соиграчи, кои пред речиси три децении ѝ донесоа огромна радост на нацијата на кошаркарскиот терен во Атина, денес станаа политички ривали кои седат на спротивните страни во собраниската сала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter