ФИФА и забрани на Барселона да купува фудбалери во следните два преодни рока - Канал 5

ФИФА и забрани на Барселона да купува фудбалери во следните два преодни рока

Шпанскиот шампион Барселона доби забрана од ФИФА да купува фдбалери во следните два преодни рока. Дисциплинската комисија на ФИФА и забрани на Барселона да прави трансфери во период од една година , поради тоа што го прекршила правилото кое се однесува на трансфери и регистрација на фудбалери до 18 години.

ФИФА и забрани на Барселона  да купува фудбалери во следните два преодни рока
ФИФА примени санкции кон Барселона по истрагата спроведена минатата година од страна на ФИФА ТМС и одлуката на Дисциплинската комисија на Светската фудбалска организација.

Истрагата утврдила дека Барселона прекршила неколку одредби кои се однесуваат на меѓународните трансфери и првата регистрација на малолетни лица кои немаат шпанско државјанство со клубот.

Барселона го прекршила правото на меѓународни трансфери со фудбалери помлади од 18 години во периодот од 2009 до 2013 година , кога Каталонците ангажирале не олку значајни фудбалери кои играле за клубот и учествувале во натпреварувањата.

ФИФА исто така ја казнила Барселона и со 450 000 швајцарски франци , каталонскиот клуб воедно доби рок од 90 дена „за да ја регулира ситуацијата која се однесува на трансферите малолетните фудбалери.

Поради слични причини ФИФА изрече парична казна од 500 000 швајцарски франци и за Кралскиот фудбалски сојуз на Шпанија. Шпанскиот фудбалски сојуз доби рок од една година да го усогласи својот правилник и системот на прописи за меѓународните трансфери на малолетни фудбалери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа.

Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка.

На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер.

На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание.

Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата.

Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи.

За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер