3ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта
УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
1Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
ФудбалФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на СенегалПретседателот на ФИФА, Џани Инфантино го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал, кои во неделата во финалето на Африканскиот куп на нации против домаќинот Мароко привремено го напуштија теренот во Рабат.Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал, кои во неделата во финалето на Африканскиот куп на нации против домаќинот Мароко привремено го напуштија теренот во Рабат, незадоволни од судиските одлуки. Мароко доби пенал во судиското продолжение на второто полувреме по сугестија од ВАР собата, кратко време откако на Сенегал му беше поништен гол. Потоа, сенегалскиот тим го напушти теренот во знак на протест пред Брахим Дијаз да може да го изведе пеналот. Во исто време имаше и судири меѓу сенегалските навивачи и полицијата на трибините. Играчите се вратија 16 минути подоцна, по што Мароко не го реализираше пеналот, а Сенегал во првото продолжение постигна гол и ја освои титулата. „За жал, видовме неприфатливи сцени на теренот и на трибините – го осудуваме однесувањето на некои навивачи, како и на некои од играчите и персоналот на Сенегал. Неприфатливо е да се напушти теренот на овој начин, а насилството не може да се толерира во нашиот спорт, едноставно не е во ред. Секогаш мора да ги почитуваме одлуките на судиите на теренот и надвор од него“, напиша Инфантино на својот Инстаграм профил. Инфантино ги опиша настаните од финалето како „неприфатливи“ и изрази очекување да бидат воведени санкции против инволвираните. „Очекувам одговорните дисциплински тела во Африканската фудбалска конфедерација да преземат соодветни мерки“, додаде претседателот на ФИФА. Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“,.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“, која под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја спроведуваат Царинската управа. и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР-БЈБ. Акцијата е резултат на криминалистичка истрага поради постоење основано сомнение за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои Криумчарење и Царинска измама при што е предизвикана штета на државниот буџет од големи размери. По завршување на активностите, јавноста ќе биде дополнително информирана, стои во соопштението од Обвинителството. Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
НБАНова „голема тројка“ на ЛА Лејкерс: Дончиќ, „Коби од село“ и џин подготвен да помине низ ѕидНБА гигантот Лос Анџелес Лејкерс влегув во нова ера по заминувањето на Леброн Џејмс. Во обидот да ја освојат 18-тата титула во лигата, клубот се потпира на ново трио предводено од Лука Дончиќ. Покрај докажаната словенечка суперѕвезда, се очекува Остин Ривс да го подигне своето ниво на игра до „Ол-стар“ стандарди, додека центарот Вокер Кеслер треба да се докаже како елитен одбранбен играч. Клучниот дел од новиот тим е 25-годишниот Вокер Кеслер, висок 218 см, кој минатата сезона одигра само пет натпревари поради сериозна повреда и операција на левото рамо. Лејкерси го добија во размена со Јута Џез, отстапувајќи два незаштитени избори од првата рунда на драфтот и правата на два избори за размена. Поради овој потег, клубот нема да може да разменува избори од првата рунда во следните седум години. „Секој голем тим на Лејкерс низ историјата имал доминантен центар. Вокер Кеслер се докажа како еден од елитните високи играчи кои можат да играат на врвно ниво во двата правци. Кога се појави можноста да го споиме таков чувар на обрачот со нашите ѕвезди Лука Дончиќ и Остин Ривс во играта ’пик-енд-рол‘, не сакавме да ја пропуштиме таа шанса“, изјави Роб Пелинка, претседател за кошаркарски операции и генерален менаџер на Лејкерс. Во сезоната 2024/25, Кеслер беше стартер на сите 58 натпревари за „Џез“, со просек од 11,1 поен, 12,2 скока и 2,4 блокади. Таа сезона, тој беше најдобар во НБА-лигата според офанзивни скокови (4,6), втор според блокади и петти според вкупен број скокови. За четирите години во Јута, одигра 201 натпревар со просек од 9,5 поени, 9,3 скока и 2,4 блокади. Од неговото влегување во лигата, само Виктор Вембањама има подобар просек на блокади. Дончиќ и Ривс како основа на нападот Раководството на клубот е исто така оптимистично во однос на соработката што Лука Дончиќ (33,5 поени, 7,7 скока и 8,3 асистенции минатата сезона) и Остин Ривс (23,3 поени, 4,7 скока и 5,5 асистенции минатата сезона) ја покажаа на натпреварите што Леброн Џејмс ги пропушти поради ишијас. Ривс, познат и по прекарот „Хилбили Коби“, летово потпиша четиригодишен договор вреден 180 милиони долари – највисокиот износ во историјата за играч кој не бил избран на драфтот. Вокер Кеслер потпиша четиригодишен договор вреден 130 милиони долари. „Посебно чувство е кога некоја организација верува во тебе. Лејкерси го покажаа тоа и преку парите и преку изборите на драфтот што ги вложија во мене. Сознанието дека имаат таква доверба во мене ме прави подготвен да ’пробијам ѕид‘ за нив. Едноставно, таков сум отсекогаш“, изјави Кеслер. Лука Дончиќ го продолжи договорот со клубот уште во август 2025 година, на три години и за сума од 165 милиони долари.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Болва в уво“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Денови на комедија“ во КумановоДрамски театар Скопје на 25 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе гостува на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово со претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов.Претставата ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Фестивалот годинава се одржува од 23 септември до 5 октомври и во програмата носи 11 претстави од театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија. Десет претстави се дел од натпреварувачката програма, во чии рамки ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, актер, актерка, сценографија, костимографија и најмлад актер. „Болва в уво“, една од најпознатите фарси на францускиот драмски автор Жорж Фејдо, во постановката на Драмски театар е динамична театарска машина во која еден мал сомнеж е доволен да предизвика лавина од недоразбирања. Љубовната несигурност го придвижува светот на погрешни врати и соби, заменети идентитети, неочекувани средби и луѓе кои постојано се наоѓаат на погрешното место во погрешно време. Секој обид да се воспостави ред создава уште поголем хаос, а забрзаното темпо на сценската игра ја води фарсата кон нејзините крајни комични последици. Во режисерското читање на Синиша Евтимов, зад механизмот на фарсата стои свет во кој сите зборуваат, но никој вистински не слуша. Ликовите комуницираат преку сомнежи, претпоставки, полуинформации и недоизговорени реченици, додека љубомората, стравот и лагата стануваат движечка сила на нивното однесување. Дијалогот постои, но често само како маска за низа паралелни монолози, а малите приватни „војни“ се раѓаат во главите на ликовите уште пред да постои вистинска причина за нив. Оттаму, креветот што се врти, вратите што се отвораат и се затвораат и телата што непрестајно се разминуваат и се судираат не се само препознатливи механизми на класичната фарса туку и сценска топографија на недоразбирањето. Во навидум елегантниот свет на La Belle Époque, под површината на рационалноста и општествените правила, се откриваат ниските страсти, паранојата и човековата опседнатост со туѓите постапки. Претставата ја задржува експлозивната комика на Фејдо, но истовремено го отвора прашањето колку од тој свет на неслушање, сомнежи и однапред создадени вистини препознаваме и денес. Во претставата настапуваат: Дениз Абдула во улогите на Виктор и на Поше, Ања Митиќ како Рената, Марјан Наумов како Миле, Лазар Христов како Ристе, Игор Стојчевски како д-р Филев, Стефан Вујисиќ како Дони Карлос Хоменидес, Нина Елзесер како Луси, Владимир Петровиќ како Бегби, Рубенс Муратовски како Филип, Катерина Шехтанска-Лаковски како Оли, Томислав Давидовски како Ангел, Јована Спасиќ како Анета, Петар Стојковиќ како Бате и Ивана Павлаковиќ како Евгенија. Режијата и адаптацијата се на Синиша Евтимов, сценографијата е на Мартин Манев, а костимографијата на Раде Василев. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер Милка Анчевска. „Болва в уво“ премиерно беше изведена на 17 декември 2025 година на големата сцена на Драмски театар. Претставата трае 125 минути без пауза. Публиката повторно ќе може да ја погледне на репертоарот на Драмски театар Скопје на 10 октомври, со почеток во 20:00 часот, а билети може да се купат на билетарницата на театарот и на веб-страницата dramski.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03