ФИФА ги намали оперативните трошоци за СП 2026 година за над 100 милиони долари - Канал 5

ФИФА ги намали оперативните трошоци за СП 2026 година за над 100 милиони долари

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го намали буџетот за претстојниот Мундијал.

ФИФА ги намали оперативните трошоци за СП 2026 година за над 100 милиони долари

Во својот годишен извештај за 2024 година, ФИФА презентираше проектиран буџет за периодот од 2023 до 2026 година, во кој оперативните трошоци за Светското првенство беа проектирани на 1,12 милијарди долари и вкупен буџет од 3,756 милијарди долари, вклучувајќи ги наградите и телевизиските операции.

Како што објавува „The Athletic“, повикувајќи се свои извори во ФИФА, трошоците се намалени за повеќе од 100 милиони долари. Соодветната наредба дојде од седиштето на ФИФА во Швајцарија.

- ФИФА постојано ја прегледува ефикасноста на буџетот за да обезбеди контрола на расходите, така што да може повеќе приходи да се инвестираат во развојот на фудбалот ширум светот. Ова не треба да биде изненадување, бидејќи прегледите на буџетот рутински се спроведуваат пред сите наши турнири и настани. Тврдењата дека подобрувањата на ефикасноста на буџетот се цинично поврзани со претседателските избори на ФИФА се чиста фикција, коментираше портпаролот на ФИФА.

Оперативните трошоци беа планирани да вклучуваат 280 милиони долари за „техничко одржување“, 159 милиони долари за транспорт, 145 милиони долари за безбедност и 79 милиони долари за услуги за гости.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

Санте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминал

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи.

Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа.

Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата.
Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна.

Канал 5 ТВ Интернет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. 

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми.

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

На 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум.

На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан.

Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара.

„Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара.

Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања.

Генерален спонзор на овој музички настан е А1.

Билетите се достапни преку karti.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер