Фидан во Дубровник: Не може да се исклучи употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина - Канал 5

Фидан во Дубровник: Не може да се исклучи употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина

Фидан ова го изјави на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, Хрватска.

Фидан во Дубровник: Не може да се исклучи употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека ризикот од ширење на руско-украинската војна е поголем од кога и да е и дека не може да се исклучи употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување во конфликтот, пренесува Анадолија.

Фидан ова го изјави на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, Хрватска.

Фидан ја повтори поддршката на Анкара за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и посочи дека Турција од самиот почеток вложува дипломатски напори за завршување на војната, нагласувајќи ја улогата на Анкара во одржувањето на преговорите меѓу завојуваните страни, таа е посредник во размената на затворениците и во функционирањето на Црноморската иницијатива за жито.

Тој посочи дека конфликтот во Украина ја влошил глобалната поларизација.

Во однос на учеството на Русија во преговорите, Фидан истакна дека одржливо решение може да се постигне само со вклучување на сите страни, вклучително и Русија во преговорите.

Шефот на турската дипломатија рече дека осигурувањето безбедност на храната, слободна пловидба, заштитата на нуклеарните капацитети и заштитата на критичната инфраструктура може да помогне во ублажувањето на уништувањето.

Самитот, кој првпат се одржа во грчката престолнина Атина во август 2023 година, а потоа во Тирана, Албанија, во февруари 2024 година, ги собра лидерите на Украина и земјите од Југоисточна Европа во Дубровник.

За време на посетата на Дубровник, Фидан се сретна и со својот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на Франција

Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.

Зинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на Франција

Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал.

Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година.

Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација.

Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави:

Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

„Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година. И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеник

Француски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.

Француски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеник

Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување.

„Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X.

Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“.

Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер