СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group
2СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ЕвропаФицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“ Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека војната меѓу Русија и Украина „не е словачка војна“ и нагласи дека ќе стори сè за да спречи Словачка да биде вовлечена во, како што рече, „неодговорна воена авантура“.Во видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо изјави дека не сака конфликт меѓу НАТО и Русија и оцени дека секој што сака да предизвика таков конфликт заради сопствените национални интереси, треба да ја сноси одговорноста за таквата одлука. „Војната меѓу Русија и Украина не е наша, словачка војна. Ако некој сака да предизвика воен конфликт меѓу НАТО и Русија за да ги задоволи сопствените национални интереси, тогаш мора и да преземе одговорност за таков чекор, а не да ја префрла на другите членки на НАТО“, рече Фицо. Тој оцени дека е многу лесно да се најде изговор за започнување војна, но дека државите се доволно развиени за да можат да направат разлика меѓу вистински вооружен напад и, како што рече, измислена провокација. „За време на мојата влада, никој нема да испрати словачки војници надвор од територијата на Словачка за да се борат против Русија или која било друга земја под измислен изговор“, изјави словачкиот премиер. Зборувајќи за членот 5 од Северноатлантскиот договор, Фицо рече дека оваа одредба, во случај на вистински вооружен напад врз една или повеќе членки на НАТО, остава широки можности за пружање помош на нападнатата држава. Истовремено, тој повика на крај на, како што рече, „приказната за лажната солидарност“, наведувајќи дека земјите од Европската Унија не се способни да покажат солидарност дури ни кога станува збор за цените на електричната енергија, а камоли кога се работи за смртта на војници. Фицо изјави дека Словачка ќе продолжи да води „суверена“ политика, притоа почитувајќи го своето членство во Европската Унија и во НАТО. „На тлото на Европската Унија нема да се откажеме од нашите суверени ставови, кои имаме намера да ги продлабочиме во рамките на соработката на Вишеградската група. А во НАТО сакаме да бидеме сигурен партнер, а не играчка во рацете на другите, и наш доминантен збор ќе биде мирот, а не војната“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа иметоФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии. Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира. Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума. Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap GroupЈа разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо. Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска. Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо. Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра. Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја. Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра. А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group. Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк до Руднап? Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика. Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа. Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија. „Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски. Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика. Затоа што сè е бизнис за Мицкоски. Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
БизарноДевет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?Девет жени се пронајдени мртви во близина на Јоханесбург. Постои страв од сериски убиец.За помалку од два месеца, во областа Екурхулени, источно од Јоханесбург во Јужна Африка, пронајдени се телата на девет жени. Полицијата истражува дали некои од случаите се поврзани, додека во јужноафриканските медиуми се засилуваат шпекулациите за можен сериски убиец. Полицијата досега ниту го потврди, ниту го демантираше ова. Последната жртва била пронајдена во четвртокот во Дон Парк. Се претпоставува дека таа имала околу 30 години. Телото било откриено на отворен простор покрај патот; локалните медиуми известуваат дека жената била делумно облечена и имала смртоносна повреда на вратот. Полицијата формирала мултидисциплинарен тим за истражување на смртните случаи на жените. Вршителот на должноста комесар на полицијата во Гаутенг, Фред Кекана, изјави дека истражителите откриле можни поврзаности меѓу некои од случаите, но дека се потребни дополнителни форензички и криминалистички наоди пред да се донесат какви било заклучоци. Веќе е уапсен маж во врска со едно од убиствата; полицијата проверува дали тој може да се поврзе и со другите случаи, а истовремено истражува и друго лице. Пет од деветте жртви сè уште не се идентификувани. Страв меѓу жителите Меѓу идентификуваните жртви е 38-годишната Динео Мотапане, чие тело беше пронајдено покрај патот во КваТема. Нејзиното семејство ја идентификуваше откако претходно пријави нејзино исчезнување во полицијата. Серијата смртни случаи предизвика страв кај жителите на Екурхулени и поттикна протести против насилството врз жените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter