Фицо: Со Орбан се договоривме да се формира група за испитување на штетата на „Дружба“ - Канал 5

Фицо: Со Орбан се договоривме да се формира група за испитување на штетата на „Дружба“

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека Словачка и Унгарија ќе предложат формирање инспекциска група за испитување на штетата на нафтоводот „Дружба“ во Украина, и дека за тоа се договорил со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фицо: Со Орбан се договоривме да се формира група за испитување на штетата на „Дружба“

Фицо изјави дека експертската група е договорена откако добиле информации дека нафтоводот е функционален. Групата, смета тој, треба да биде составена од претставници на Словачка и Унгарија, како и на Европската комисија (ЕК), и дека се согласиле да го презентираат предлогот до Европската комисија, пренесува Таср.

Според него, на групата треба да ѝ се дозволи да го посети делот од нафтоводот „Дружба“, за кој украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека е оштетен и го спречува транзитот на нафта.

„Бараме техничката инспекциска група да отпатува таму што е можно поскоро“, рече Фицо и повтори дека Словачка има информации што укажуваат дека нафтоводот „Дружба“ не е оштетен, и дека Унгарците имаат исти информации.

Според него, ниту на словачкиот амбасадор во Киев, ниту на амбасадорот на ЕУ не им било дозволено да го извршат увидот на местото на наводната штета.

Истовремено, Фицо потврди дека подоцна денеска телефонски ќе разговара со Зеленски за транзитот на нафта и дека се плаши дека може да има ново одложување во обновувањето на протокот на нафта преку „Дружба“.

„Мислам дека ова е бесмислена, идеолошка и штетна одлука што се однесува до Словачка и Унгарија“, рече Фицо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечерва во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат  кон Крушево.

Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

– На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода

По една недела ограничено користење на водата и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за употреба.

Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека последните анализи по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа покажуваат подобрување на состојбата, а надлежните институции треба официјално да ја потврдат исправноста на водата за техничко користење.

„Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите. Резултатите се веќе добри и очекувам да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ги презела сите мерки што биле во нејзина надлежност, додека за утврдување на евентуална одговорност за состојбата во Гостивар надлежно е Јавното обвинителство.

„Целосната одговорност и ингеренциите за тоа што се случи во Гостивар се кај ЈО, а тие понатаму ќе утврдуваат дали има потреба од дополнителна одговорност“, рече премиерот.

Во однос на критиките од опозицијата, Мицкоски порача дека Владата останува насочена кон решавање на проблемите и обезбедување нормални услуги за граѓаните.

Кризата со водоснабдувањето во Гостивар започна минатата недела, откако по појавата на повеќе случаи на гастроентеритис беше прогласена епидемија и започна истрага за можно загадување на водоводниот систем.

Во рамките на истрагата беа приведени директорката на гостиварското јавно комунално претпријатие Артана Асани, техничкиот директор Леон Мезини и раководителот на секторот за водоснабдување Вадедин Даути.

Поради проблемите со водата беа организирани пунктови и цистерни за техничка вода, а помош пристигна и од повеќе општини, Армијата и државните институции кои обезбедуваа вода за населението.

Во меѓувреме, стручни екипи од скопски „Водовод“ спроведоа дополнителни анализи и хиперхлорирање на системот со цел отстранување на микробиолошката контаминација и целосно нормализирање на состојбата.

Според најавите, безбедна вода за пиење гостиварци треба да добијат откако ќе бидат завршени сите контролни анализи и ќе биде потврдена целосната исправност на системот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од утрово штрајк на грчките цариници- затворени се граничните премини

Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники.

Од утрово штрајк на грчките цариници- затворени се граничните премини

Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби.

Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники.

На премините Евзони (Богородица), Дојран (Дојрани) и Ники (Меѓитлија), патничките возила ќе бидат пропуштени еднаш на секои 10 минути во периодот од 6 до 10 часот по грчко време, додека товарниот сообраќај е целосно прекинат.

Поради овој режим, се очекуваат подолги застои и формирање редици, особено на преминот Евзони, кој е најфреквентен за туристите кои патуваат во одморалиштата во Грција.

Туристичките организации им советуваат на возачите да ја проверат состојбата на граничните премини пред поаѓање, да испланираат дополнително време за патувањето и да бидат подготвени за евентуални чекања.

Иако се очекува дека по завршувањето на штрајкот, сообраќајот постепено ќе се нормализира, зголемениот број возила би можел да предизвика застои во текот на остатокот од денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер