ФИБА ранг листа: Србија најдобра кошаркарска селекција во Европа

Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА ја објави новата ранг листа на европски селекции пред последниот квалификациски прозорец за ЕП 2025 година.

ФИБА ранг листа: Србија најдобра кошаркарска селекција во Европа

Бронзената селекција од Олимписките игри во Франција, селекцијата на Србија е на лидерската позиција на листата пред репрезентациите на Франција, Грција, Летонија, Турција, Германија, Литванија, Шпанија, Италија и Словенија.

Избраниците на Светислав Пешиќ веќе се пласираа на Европското првенство во претходниот ноемвриски прозорец и имаат скор од четири победи од исто толку натпревари.

- Се додека селекторот Светислав Пешиќ е насмеан, Србија ја држиме на првото место. Веќе се квалификуваше за ФИБА Евробаскет 2025 година, па има шанса да се мирно да се прилагоди пред летото - го објасни ФИБА првото место на Србија.

Србија до крајот на евроквалификациите ја очекуваат уште два меча, в петок на 21 февруари од 17:30 и гостува на Финска во Еспо, додека на 24 февруари во салата „Александар Николиќ“ од 20 часот ја пречекува Грузија.

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници. 

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта,Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија, информираат од МНРиНТ.

На средбата со министерот Сијарто, министерот Муцунски упатил искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, нагласувајќи дека оваа конкретна помош е дел од продлабоченото пријателство и соработка помеѓу двете земји, градено интензивно во изминатите девет месеци.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ја посетил и болницата во Будимпешта каде што се згрижени шест македонски пациенти. Се сретнал со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добил информации за состојбата на пациентите и упатил благодарност за грижата, професионалноста и човечноста со која унгарските лекари се вложуваат во нивното лекување. Притоа истакнал дека поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои добиваат логистичка поддршка преку дипломатско-конзуларната мрежа.

Министерот и неговиот домаќин разговарале и за унапредување на економската соработка, со акцент на инвестициите, енергетиката и трговската размена, како и за актуелната регионална динамика, стабилноста, безбедносните предизвици и континуираната поддршка од Унгарија за македонските евроинтеграции.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

САД и Украина постигнаа договор за ретки минерали.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека очекува договорот за ретки минерали наскоро да биде потпишан, објави Ројтерс.

Трамп рече дека на состанокот на делегациите од Вашингтон и Киев, што се одржува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се разговара за територијални прашања поврзани со војната во Украина и линијата за разграничување.

Трамп исто така рече дека Вашингтон разговара со Киев за можноста американски компании да поседуваат украински нуклеарни централи. Разговорите во Ријад главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, беше објавено претходно.

Сепак, Трамп рече и дека се појавиле и други теми.

„Се зборува за територија, за линии на разграничување, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните бидејќи поседуваме стручност“, рече американскиот претседател.

притисни ентер