КошаркаФИБА отвори истрага против кошаркарската федерација за навивањето во КумановоСветската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово.-Во оваа фаза собираме релевантни извештаи поврзани со инцидентот и сме во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот, изјавил претставник на ФИБА. Непримерното однесување на дел од навивачите го осудија Кошаркарската федерација, Министерството за спорт, и сите политички чинители во државата, а Министерството за внатрешни работи веќе презема активности за санкционирање на сторителите.Тагови: Кошаркарската Федерација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЦените на нафтата продолжуваат да опаѓаатЦените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си. До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот. Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG). Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените. Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МетеоДенес сончево со температура од 30 до 35 степени.Според Управата за хидрметеоролошки работи денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени. Од утре следува период на стабилно. сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаНа ГП „Богородица“ се чека околу 15 минутиСообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20