ФИБА ја поздрави одлуката на нашата кошаркарска федерација за прекин на првенството

Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис, ја поздравува одлуката на нашата федерација за прекин на шампионатот

-Одлуката на Кошаркарската федерација на С. Македонија да го прекине националното првенство без промоција на шампион или испаѓање, е дискрециско право на федерацијата, порача генералниот секретар на ФИБА, Адреас Заглис.

Во писмото упатено до претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, Заглис нотира:  

„ФИБА прифаќа и ги поддржува Националните федерации кои го користат своето дискреционо право во интерес за безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и гледачите, се додека има таква дискреција вежба во согласност со важечките правила и прописи“.

притисни ентер