ФИБА го одложи мечот Македонија - Италија во Талин - Канал 5

ФИБА го одложи мечот Македонија - Италија во Талин

Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на КОВИД-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците.

ФИБА го одложи мечот Македонија - Италија во Талин

Кошаркарската федерација на Македонија преку својата официјална интернет страници информира дека ФИБА поради ковид проблеми го одложила мечот од квалификациите за пласман на Европско првенство во балонот во Талин меѓу Македонија и Италија.

Следејќи го Протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, ФИБА одлучи да го одложи натпреварот Италија - Македонија, за квалификациите за ФИБА ЕвроБаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија.

Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на КОВИД-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците.

Остатокот од делегацијата е ставен во изолација.

Дополнително ќе се изврши ново тестирање на тимската делегација на Македонија за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец.

ФИБА ќе продолжи да ја следи ситуацијата со КОВИД-19 и да ги соопштува сите дополнителни ажурирања во врска со нејзините натпреварувања доколку е потребно, стои во соопштениетпо од федерацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално: Мечот на Ѓоковиќ е одложен!

Организаторите на Вимблдон во текот на ноќта потврдија дека четвртфиналниот меч на Новак Ѓоковиќ ќе биде одложен.

Официјално: Мечот на Ѓоковиќ е одложен!

Според распоредот, Ѓоковиќ требаше да игра втор на Централниот терен во вторник, но сепак ќе настапи трет.

Пегула и Коф ќе излезат први на теренот, како што претходно беше планирано, а по нив ќе продолжи дуелот меѓу Зверев и Лехечка, кој претходната вечер беше прекинат поради „полицискиот час“ при резултат 2-0 во сетови и 3:3 во гемови.

Тоа значи дека дуелот меѓу Ѓоковиќ и Оже-Алијасим ќе започне веднаш потоа; почетокот може да доцни околу половина час, но и многу повеќе доколку Чехот го освои третиот сет и ја искомплицира ситуацијата.

Претходно се очекуваше мечот да се одигра околу 16:00 или 16:30 часот... Ситуацијата на Теренот 1 останува непроменета – први ќе играат Синер и Штруф со почеток во 14:00 часот, а по нив ќе настапат Осака и Мухова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено тело во близина на Киев; Дали станува збор за атентаторката?

Во близина на Киев е пронајдено безживотното тело на жена. Се претпоставува дека таа е осомничената за обидот за атентат врз украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако.

Пронајдено тело во близина на Киев; Дали станува збор за атентаторката?

Според украинските медиуми, телото е пронајдено во понеделник, а според неофицијални информации, починатото лице е застрелано. Инаку, на 3 јули Интерпол издаде црвена потерница по Анастасија Березовски, 39-годишна државјанка на Украина, која е назначена за главен осомничен за експлозијата во Монако во која беше ранет украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев вечерта на 29 јуни.

Интерпол исто така објави две фотографии од осомничената, придружени со известување дека таа има тетоважа на десната рака – од рамото до лактот – за која се верува дека прикажува змија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аморим: Милан е поголем предизвик од Јунајтед

Рубен Аморим призна дека преземањето на Милан претставува уште поголем предизвик од оној со кој се соочи кога го презеде Манчестер Јунајтед. 

Аморим: Милан е поголем предизвик од Јунајтед

Португалскиот тренер официјално ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант на 6 јули; по пристигнувањето во Италија, тој разговараше со медиумите и објасни зошто ја прифатил новата работа, иако претходно изјавуваше дека би избрал помалку захтевен проект.

„Ако погледнете некое мое старо интервју, ќе видите дека ова е клуб што навистина ми значи многу. Тоа е огромен предизвик. По претходниот (Манчестер Јунајтед), си ветив дека ќе изберам помал предизвик. Но, еве ме тука – а предизвикот е уште поголем“, изјави Аморим.

Поранешниот тренер на Спортинг потпиша двегодишен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер