3Видео: Вистинска лудница на Мундијалот, Португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
ФормулаФИА му дозволи вонредни тестови на „Пирели“Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ќе овозможи вонредно тестирање на гумите на компанијата „Пирели“ поради решавање на проблемите кои се појавија на неделната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Силверстоун“.Иако раководството на ФИА неодамна привлече внимание со казната за „Мерцедес“ поради прекршување на правилата за забраната за тестирање во текот на сезоната, а „Пирели“ кој е официјален снабдувач со гуми во Ф1 доби опомена, сепак поради безбедноста на возачите ќе се направи отстапка. Ваквата одлука е резултат на жестоките реакции на возачите во Формула 1 кои сметаат дека нивните животи во Силверстоун беа загрозени. На тестирањата на пневматиците на компанијата „Пирели“ планирани за следната недела во Барселона, нема да учествува „Мерцедес“ поради учество во корпорациските тестови на „Пирели“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија против новиот Изборен законикВенко Заев и Апасиев се обединија против новиот Изборен законик, бегаат од гласот на дијаспората а се грижат само за повеќе пари Паднаа маските за коалицијата на Венко Заев и Апасиев. Со над 10 илјади амандмани, СДС и Левица свесно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, закон на кој со месеци работеа политичките партии со цел да се постигне широк консензус. На Венко Заев и СДС не им одговара македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат. Причината е едноставна, затоа што Венко и СДС знаат дека ја изгубија довербата кај Македонците, и дома и надвор од државата. Затоа прават се за да го ограничат нивното демократско право на глас. Истите тие кои со своите погрешни политики придонесоа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија, денес сакаат токму тие луѓе да останат без полесен пристап до избирачкото право. Тоа е вистинското лице на СДС. Апасиев и Левица уште еднаш покажаа дека нивниот единствен интерес не се граѓаните, туку парите. Иако сите нивни барања во преговорите беа прифатени, а се однесуваа на поголемо финансирање на политичките партии и изборните кампањи, денес тие го блокираат истиот закон што го договараа. Очигледно е дека кога се во прашање личните и партиските интереси, СДС и Левица функционираат како едно. Заеднички поднесуваат илјадници амандмани, ја кочат реформата и создаваат политички хаос, само затоа што знаат дека ги очекува убедлив пораз на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од реформите. Ги повикуваме СДС и Левица да престанат со опструкциите, да ги повлечат бесмислените амандмани и да овозможат носење на Изборниот законик кој ќе обезбеди фер, модерни и поефикасни избори, вклучително и електронско гласање за македонската дијаспора. Граѓаните заслужуваат функционален изборен систем, а не политички блокади создадени од партии кои стравуваат од волјата на народот. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски пак лаже, сега и за Избориот законикХристијан Мицкоски повторно лаже, сега и за Изборниот законик.Откако насилно ја укина техничката влада и проба шверцерски да протне Изборен законик за нов изборен грабеж со злоупотреба на 200.000 гласа сега вели целта му била гласањето на дијаспората и дека СДСМ не сака да дозволи да гласаат сограѓаните од дијаспора. Ова е чиста лага. Прво затоа што дијаспората гласа и сега, со постојниот модел, второ, затоа што измените што ги предлага се за 2029 година. Целта на Мицкоски е изборен грабеж и злоупотреба на 200.000 гласа затоа што поддршката од граѓаните му падна и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку злоупотреба со „електронско гласање“ од надвор. А сите знаеме како ВМРО ги крадеше изборите. Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура, проверка, личен документ, потпис во избирачкиот список, идентификација со отпечаток од прст, Мицкоски сака да нема никакви правила и да нема никаква контрола за гласањето на дијаспората. Уште една лага на Мицкоски е разобличена. Мицкоски вели дека не се заканувал. Повторно лаже, граѓаните слушнаа како од говорница на македонското Собрание се закани со затвор и политички прогон за сите политички неистомисленици. Вели не навредувал а постојано ги навредува граѓаните како „талог на општеството“, „глодари“ „медиокритети“, „мекотели“... Мицкоски постојано лаже. Пред неколку дена рече заминува од политиката и се враќа на Факултет, вчера вели не кажав кога. Исто како што лажеше за Преспанскиот договор, враќање на името, преговарачката рамка, лагите дека е загрозен македонскиот идентитет и јазик, исто како што лаже за „економските работници“ исто како што лаже дека сме „трета економија во Европа“. Народот знае, кој лаже тој и краде. Фронтот за вистина и правда ќе ја врати власта во рацете на граѓаните а потоа сите ќе одговараат пред независното судство и пред законот. Скопје, 03.07.2026 СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Успешно реализирана обуката за дигитална писменост на постарите карпошаниВо вторникот, (30.06.2026) се одржа последниот час од бесплатните обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, кои беа реализирани како дел од проектот од годишната Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на Општина Карпош.Обуките, активно ги следеа 25 лица од три категории, вклучувајќи ги постарите жители на Карпош, лица во социјален ризик, како и граѓани од маргинализираните групи. Предавањата беа распоредени во текот на 12 недели во траење од 90 минути по сесија. Во рамки на обуките, присутните се стекнаа со практични искуства за користење на електронските уреди, пребарување на интернет мрежите, притоа, совладувајќи ги современите техники за управување со електронското банкарство и безбедно користење на јавните електронски услуги. Во оваа пригода учесниците добија и лиценцирани сертификати за посетување на обуките, со што ги унапредија своите дигитални вештини кои се неопходни во современиот свет на комуницирање, стои во соопштението од Општина Карпош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook