ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности - Канал 5

ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности

Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од домашното првенство и контролни/пријателски натпревари, за кои се евидентирани нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници.

ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности

Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА.

Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од домашното првенство и контролни/пријателски натпревари, за кои се евидентирани нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници.

Напоменуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.

Фудбалската федерација на Македонија тесно соработува со одделот за интегритет на УЕФА и со надлежните државни институции во рамки на своите надлежности, со цел целосно расчистување на сите наводи и сомнежи.

Истовремено, потенцираме дека ФФМ не е истражен орган, туку постапува согласно добиените информации и во координација со институциите кои имаат законска надлежност за понатамошно постапување.

Во моментов постојат индиции и за уште неколку натпревари, меѓу нив и мечот ФК Башкими – ФК Вардар Неготино од Втора МФЛ од сезоната 2025 одигран на 24. март, но поради чувствителноста на процесот и во интерес на истрагата, дополнителни информации ќе бидат споделени со јавноста кога предметите ќе бидат во понапредна фаза.

Во врска со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими, како што е веќе познато, истиот е во судска постапка. Од тие причини, во интерес на истрагата не сме во можност да споделуваме било какви информации.

ФФМ останува целосно посветена на заштита на интегритетот на натпреварувањето и ќе продолжи со активна соработка со сите релевантни чинители во борбата против сите форми на нерегуларности во фудбалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Речиси една година без плата – работниците на „ФАКОМ“ на протест пред Граѓанскиот суд

Со блокада на улицата пред Граѓанскиот суд, вработените од металопреработувачката команија „Факом“, го изразија незадоволството од повеќектатното одложување на постапката за отворање стечај. 

Речиси една година без плата – работниците на „ФАКОМ“ на протест пред Граѓанскиот суд

Од судот пак попладнево соопштија дека е донесено решение за отворање стечајна постапка над фирмата и е назначен стечаен управник. Денешното рочиште беше четврти обид за отворање стечај, откако претходните три биле одложени..Вработените велат дека иако компанијата имала нарачки и работа, тие од 15 април преставале да одат на своите работни места, бидејки од јануари живеат без плата, а регрес за годишен одмор не земале од 2022 година.Од синдикатите бараат судовите да даваат приоритет на ваквите предмети, бидејки зад секоја одложена постапка, велат стојат стотици работници и семејства кои со месеци и години чекаат на своите заработени пари.

-10 месеци се оставени на милост и немилост од сите. 10 месеци без придонеси и плата, 10 месеци без здравствено осигурување. Размислете, околу 500 фамилии во денешно време без здравствено осигурување. Која голгота преживуваат овие луѓе позади мене тука,- Аднан Узеировски - претставник на синдикатот на „Факом“.

„Факом“ како компанија во изминатиот период, а и моментално, има работа, има нарачки, но од нас непознати причини компанијата не може да ги исплати платите за нашите вработени. Револтот е насочен моментално према овој суд, бидејќи мислиме дека три пати одложување на едно рочиште за отворање на стечајна постапка,- Игор Герасов, претседател на синдикат на индустрија, енергетика и рударство.

На проетстот се приклучија и поранешни вработени во градежната компанија Бетон..Иако во нивниот случај стечајна постапка е отворена, велат дека веќе пет години ги чекаат заостанатите поабрувања.

-Дел од вработените позади нас се поранешни вработени од градежништво „Бетон“, каде што работодавачот е исти и на „Факом“ и на „Бетон“, меѓутоа за нивна среќа во тоа време се отвори стечајот, по неисплатени осум плати и два регреси за годишен одмор, но петта година веќе нема никаква исплата. Затоа замолуваме да каже и судијката и стечајниот управител до кога овие луѓе ќе чекаат, бидејќи сè понетрпеливи се и не се во ситуација да најдат нова работа или не се во години да можат да работат за да ги прехранат семејствата, едноставно си ги чекаат овие заостанати плати и регрес,- Иван Пешевски - Синдикат за градежништво.

Од основниот граѓански суд сооштија дека формалното речение за отворање на стечајна постапка над „Факом“ дополнително ќе биде изготвено и објавено во Службен весник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски прашања во Собранието

Од јануари догодина единствен организатор на онлајн игри на среќа ќе може да биде државата, односно Државната лотарија. 

Опозициски прашања во Собранието

Ова го предвидува новиот Закон за игри на среќа кој стапува на сила од 1-ви јануари, а освен за онлајн игрите на среќа ќе се однесува и на ВЛТ терминалите. Ова го најави вицепремеирот Аелксандар Николовски во одговор на пратеничко прашања на денешната собраниска седница упатено од пратеничката Јована Мојсовска од Левица.

Опозициските пратеници се интересираа и за теми од образованието, земјоделието и животната средина, но и за долгот во вториот пензиски фонд. Пратеникот Јован Митрески од СДСМ обвини дека долгот на ПИОМ кон вториот пензиски фонд е над 40 милиони евра. Од Власта возвратија дека и покарај доцнењето немало надминување на законските рокови за префрлање на средствата во вториот пензиски столб.

Денешните опозициски пратенички прашања следуваа откако минатиот четврток тие пропаднаа поради низата паузи побарани од народните избраници, што предизвика предивика тензии, кавги и меѓусебни навреди во собраниската сала.

Пропаднатите опозициски прашања тогаш резултураа со договор меѓу Гаши и кординаторите на пратеничките групи во идинина да нема паузи на ваквите седници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство.

Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност, потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права.

Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот за вршење на полициските работи и Законот за полиција.

Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер