3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
1Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
3Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
ФудбалФФМ: Шкендија статистички е еден од најзаштитените тимови во ПМФЛ, но кога губат бодови секогаш други им се виновниФудбалската федерација на Македонија преку соопштение се обрати до ФК Шкендија која смета дека федерацијата го фаворизира Вардар.Тетовци вчера „киксираа“ со АП Брера играјќи нерешено 1:1, додека Вардар го совлада Силекс со 1:0, па се пожалија на нееднаков третман од страна на судиите и се заканија дека ќе ја известат УЕФА. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на ФФМ: - ФК Шкендија денеска се јави со добро познатото соопштение, кога ќе се загубат бодови, виновни се судиите, федерацијата или тревата на теренот. Интересно е што токму оваа сезона во Прва МФЛ клубот од Тетово е статистички еден од најзаштитените, без практично ниту една сериозна судиска грешка на нивните натпревари. Тоа е факт кој одамна не е тајна, го знаат и фудбалската јавност и клубовите. Но тоа очигледно не претставува проблем додека резултатите одат во нивна корист. Како лани на пример, кога токму скандалозните судиски одлуки на натпреварот со Тиквеш им овозможија да стигнат до титулата. Тоа и „птиците“ го знаат. Тогаш, се разбира, немаше соопштенија, ниту загриженост за „интегритетот“ на натпреварувањето. Денеска, по ремито со Брера, повторно се бара алиби. Истите тие судии, кои наводно се проблем денес, „дозволија“ Шкендија да победи во последната минута во Кратово пред десетина дена, како и против Вардар минатото коло. Но тогаш, очигледно, сè било во ред. Во своето соопштение Шкендија го споменува и натпреварот Силекс – Вардар, иако е симптоматично што токму Силекс, како директен учесник на тој натпревар, воопшто не се пожали на судењето. Интересно е и што од Тетово немаше ниту збор реакција кога на нивниот стадион судиите беа гаѓани со скалпел и погодени со метални пари и запалки. Тогаш, очигледно, немаше потреба од соопштенија и загриженост за судиската заштита. Очигледно е дека ова соопштение е режија на добро познатиот двоец во клубот, Љуљзим Имери и Бесник Ибраими. Двоецот кој на последните три средби со раководството на федерацијата повеќе се интересираше за интересите на другите клубови отколку за сопствениот. Шкендија како клуб, со сериозен спонзор и инвестиции како Еколог, заслужува многу поодговорно и посериозно раководење, а не ваков стил на комуникација кој се сведува на притисоци, алиби и постојани обиди за создавање теории на заговор. Ароганцијата во управувањето со клубот и постојаниот „поглед од горе“ кон сите други во лигата не водат кон успех, туку кон сосема спротивното. Кога веќе најавуваат дека ќе се обратат до УЕФА, слободно. Ќе помогнеме и во таа намера и ќе ја доставиме целата статистика и видео анализа од натпреварите на Шкендија, па нека се види колку навистина е „оштетен“ клубот од Тетово. Ова раководство на ФФМ нема намера да подлегнува на вакви обиди за притисок, ниту на соопштенија кои се појавуваат секогаш кога некој ќе загуби бодови. Таквите методи одамна се прочитани во македонскиот фудбал и нема да променат ништо. ФФМ ќе продолжи да го штити единствено интегритетот на натпреварувањето, без привилегирани и без недопирливи. Правилата важат за сите, без исклучок. Секој инцидент ќе биде санкциониран. Како за сите, така и за вас. Во тоа бидете уверени, стои во реакцијата на ФФМ. По 22 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, Вардар е лидер на табелата со 55 бодови, Шкендија е втора со 52.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваТамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сценатаНа 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум. На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан. Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара. „Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара. Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања. Генерален спонзор на овој музички настан е А1. Билетите се достапни преку karti.com.mkТагови: концерт Тамара Тодевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook