Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
2Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
ФудбалФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулатаФудбалската федерација на Македонија соопшти дека е покрената дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите..Според најавите, дали и какви санкции ќе бидат изречени, ќе се знае следната недела, по објавената снимка на која фудбалерите и членовите на Вардар, шампионската титула ја прославија пеејќи вулгарна навивачка песна, во која се споменуваат пејачката Каролина Гочева и Градот Битола. Од ФФМ за Канал 5 велат дека дисциплинскиот инспектор се уште постапува по случајот, а дека во пракса слични инциденти во минатото завршувале и со суспензија.. Скандалозната прослава на шампионската титула се случи во петокот во ресторан во Струга, по победата над домаќинот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСП2026: Канада прв осминафиналистКо-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето! Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0). Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи. Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛитванскиот министер за надоврешни работи во посета на МакедонијаМинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска во министерството ќе има средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Македонија. Во рамките на посетата е предвидена тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција..Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Пожар на островот Вис во ХрватскаГолем пожар на отворено избувна на островот Вис синоќа околу 22:30 часот. Огнот зафати борова шума и ниска вегетација во областа на Комижа, долж патот кон Подхумље, објави веб-страницата „Firefighters 193“. Сите расположиви противпожарни сили од оперативното подрачје Вис веднаш биле испратени на местото на настанот. Во интервенцијата учествуваат пожарникари од противпожарните одделенија на Комижа и Вис. Противпожарната одделенија на Комижа распореди девет возила и 35 пожарникари, а противпожарната одделенија на Вис распореди шест возила и исто така 35 пожарникари, со што вкупно на местото на настанот се наоѓаат 15 возила и 70 пожарникари. Пожарот е сè уште активен, а неговото гаснење го отежнуваат сувата вегетација и ширењето на пожарот на отворен простор. Иако немаше силен ветер во текот на ноќта, пожарот се прошири брзо во првите часови поради екстремно сувата почва. Од утрово на терен се и три авиони канадари, додека четвртиот авион пристигнува и ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook