Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
2Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
ФормулаФетел: Сакам титула и со ФерариВозачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој со Ред бул беше четири пати по ред шампион на Формула 1 во сезоните 2010-2013 година, посакува нова титула и со сегашниот клуб.Во меѓувреме по бројот на титули него го стигна возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон. Фетел и Хамилтон оваа сезона ќе се борат и за титулата „возач на генерацијата“ со што ќе се изедначат со легендарниот возач Хуан Мануел Фанџо. Фетел пред Големата награда на Австралија наведе дека освојувањето на титула со Ферари за него би претставувало огромно задоволство. - Ако погледнам против кого сум се натпреварувал во текот на кариерата, тоа се главно истите луѓе. Тогаш повеќе не се грижиш против кого се натпреваруваш и тоа ти причинува поголемо задоволство. Сега го барам последното задоволство, титула со Ферари, најголемиот тим во историјата. Тоа ми е главна цел, да освојам титула со Ферари и да освојам титула против најдобрите, а Луис е недвосмислено еден од нив, истакна Фетел. Новата сезона во Формула 1 почнува овој викенд во Мелбурн со Големата награда на Австралија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ФудбалМодриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.Капитенот Лука Модриќ го одигра својот 206-ти натпревар за репрезентацијата на Хрватска на дуелот против Шпанија, со што се доближи до Лионел Меси на листата на играчи со најмногу настапи на сите времиња.Модриќ играше до 66-тата минута од мечот во Сплит, во кој Хрватска загуби со 2:1, кога беше заменет од Петар Сучиќ. Светски рекордер е Кристијано Роналдо со 234 настапи за Португалија, а пред Модриќ се наоѓа само Меси, кој одиграл 207 натпревари за Аргентина. По натпреварот, капитенот го коментираше исклучувањето на Иван Перишиќ. -„Што да коментирам? Кукуреља сам се доведе во таа ситуација. Дури и не знам што се случува со новиот ВАР... Да останевме со еднаков број играчи на теренот, сигурно немаше да загубиме“, смета Модриќ. Тој беше краток во врска со дуелот со шпанскиот лев бек. „Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“. Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредениНапад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.Нападот го извршил ученик Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба. Уапсен по бегството По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев. Policjanci z Ostrołęki w pobliżu plaży miejskiej zatrzymali 19-letniego mężczyznę podejrzewanego o zaatakowanie ostrym narzędziem osób w pobliżu i na terenie szkoły w Ostrołęce. Ze wstępnych informacji wynika, że mogło dojść do zranienia 7 osób. Policjanci na miejscu wykonują czynności i ustalają przebieg zdarzenia. — Policja Mazowsze (@PolicjaMazowsze) October 7, 2026 Фото:„Policja Mazowsze“ Тагови: Полска ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКаранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во ЕвропаСветка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија. „Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска. Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек. „Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска. Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот. „Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска. Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти. „Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска. Скопје, 07.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00