Фетел поради короната, ја пропушта и втората трка во оваа сезона - Канал 5

Фетел поради короната, ја пропушта и втората трка во оваа сезона

Тимот на Астон Мартин објави дека четирикратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел се уште не се опоравил од инфекцијата со коронавирус.

Фетел поради короната, ја пропушта и втората трка во оваа сезона

Затоа ќе ја пропушти втората трка од овогодинешното Светско првенство - Големата награда на Саудиска Арабија, која е закажана за недела.

Како и на првата трка оваа година, на Големата награда на Бахреин пред пет дена, на местото на Ветела ќе дојде неговиот искусен сонародник Нико Хулкенберг. Во Манама заврши дури 17-ти. Фетел треба да го има првиот настап сезонава на ГП на Австралија од 8 до 10 април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.

IN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР

Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница.

Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции.

Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.

Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. 

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија.

Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата.

Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски.

Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии.

Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер