Фетел победник во Бахреин - Канал 5

Фетел победник во Бахреин

Актуелниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Бахреин што попладнево се возеше на патеката „Шахир“.

Фетел победник во Бахреин
За возачот на Ред Бул, како што јави МИА, ова беше втора сезонска победа.

На подиумот освен Фетел се искачија и второ пласираниот Кими Раиконен со 9,1 секунда заостанување и трето пласираниот Ромен Грожан (19,5 секунди поспоро) и двајцата од Лотус.

Бодови во кралстворо Бахреин освоија и возачите од четвртата до 10.позиција: Пол Ди Реста (Форс Индија), Луис Хамилтон (Мерцедес), Серхио Перез (Мекларен), Марк Вебер (Ред Бул), Фернандо Алонсо (Ферари), Нико Розберг (Мерцедес) и Џенсон Батон (Мекларен).

Во Генералниот пласман води Фетел со 77 бодови, пред Раиконен со 67 и Хамилтон со 50.

Следната трка од Ф1 е на 12 мај и ќе се вози за Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реконструкција на „Илинденска“: Мицкоски го праќа списокот со 8 нови министри во Собрание

Списокот со новиот владин кабинет е стокмен и во текот на денот од „Илинденска“ откако ќе бидат комплетирани биографиите на новите министри, ќе биде испратен во Собрание, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Реконструкција на „Илинденска“: Мицкоски го праќа списокот со 8 нови министри во Собрание

Листата брои 8 нови министри во Владата, максималниот број за да бидат избрани во процесура за реконтрукција, но веќе е извесно дека во текот на овој месец ќе има и предлог за уште еден нов минстер без ресор од редот на ДПТ откако партијата се догтовори да биде дел од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Копретседателот на Вреди, Биљал Касами во вчерашното „Само интервју“ кажа дека тие се задоволни од новата прераспределба во Владата и Откри дека во разговорите со премиерот Мицкоски тие барале да ги преземат ресорите правда и односи меѓу заедниците, за, како што рече, да можат подобро да ги застапуваат интересите на албанските граѓани. очекуваат професорот Јетон Шасивари како натпартиско решение добро да се справи со функцијата во правда, а приоритетно ќе биде решавањето на прашањето за полагање на правосуднито испит на албаснки јазик.

-Досегашниот министер за правда не беше подготвен да реши проблем кој не го решија досега неколку министри меѓу кои и беше Албанец во Владата. - Добро мислите дека персонално е проблемот и ќе биде решението и дека ако биде Албанец министер сега ќе го реши, нели работна група во Владата имаше? – Мислам дека ако збориме за решение кое би било во рамките на минситерството со внатрешните правилници во рамките на постојниот закон, законското решение за правосудниот, прашањето беше едноставно. Ако не го решил претходно некој министер Албанец зошто јас да преземам таква одговорност пред своите гласачи. Така да тоа беше наше барање, ако е таква ситуацијата тогаш ние сме подготвени да се справиме со оваа ситуација затоа што тоа е барање на студентите Албанци,- Билал Касами копретседател на ВРЕДИ и градоначалник на Тетово.

По две години влада, Касами односите во владината коалиција ги оцени како коректни, без заткулисни игри, и покрај меѓусебните искри и жестоки тонови кои порано се разменуваа меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ.

-Зборот си е збор, тоа што е договорено се реализира, нема заткулисни игри. Не секогаш се согласуваме за решенијата кои произлегуваат во јавноста но секогаш се дискутира и тоа што ќе договориме, остануваме до крај на тоа. Можам д акажам дека имаме коректен однос и со премиерот и со коалициските партнери и проблемите со кои се соочуваме ги решеваме заемно, изјави Касами.

Штом владиниот список стигне до Собрание, спикерот Гаши најави дека ќе закаже пленарна седница за избор на новите министри.

Мицкоски ги предлага Сашо Клековски за здравство и Ѓоко Велковски за социјална политика, додека Вреди освен Јетон Шасивари во правда, ги номинира и Седат Сулејмани во култура и Агон Ферати за односи меѓу заедниците.

Иван Стоилковиќ го презема министерството за локална самоуправа, а Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе раководи со земјоделство. Осмниот нов член на Владата ќе биде Ерџан Демир ќе биде министер без ресор задолжен за инклузија на Ромите, кој доаѓа на местото на Шабан Салиу.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ги пофали реформите, спасени милионите од планот за раст

Евроамбасадорот Рокас позитивно го оцени исполнувањето на реформската агенда во јунскиот рок составена од 51 реформски чекор од кои се очекува да бидат завршени 19 во кои влегуваат и 10 со грејс период од лани. 

ЕУ ги пофали реформите, спасени милионите од планот за раст

Очекувањата на Рокас се дека од 10те реформи со грејс период, за чие неисполнување трајно се губат наменетите европските средства, како што вели, „9 или 9 и половина чекори„ ќе бидат успешно завршени. За квалитетот на спроведените реформи пак, се чека Европската комисија да се произнесе со финалната оценка во септември оваа година.

-Морам да кажам дека работевме многу напорно, многу тесно со владата за да ги исполниме, многу сум уверен дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме одличен резултат. Исто така, важно е дека во сите 51 чекори има напредок. Уверен сум бидејќи видов забрзување на реформите,- - Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ .

Доколку успешно се завршат 19те реформи, би се ослободил бруто износ од околу 100 милиони евра од Планот за раст, од кои како што прецизираше премиерот, една третина се за ликвидност на буџетот додека останатите се грантови за капитални инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Како резултат на исполнети реформи, државава досега добила 142, 1 милион евра, информираа од Министерството за европски прашања. Додека пак во контекст на најавите од Брисел дека Македонија е една од трите земји кон кои би се распределиле европските пари изгубени од земјите од регионот кои не успеале навремено да испорачаат реформи, премиерот вели дека веќе се дискутираат приоритетните области кон кои би се насочиле дополнителните средства.

За реформските чекори со грејс период за кои Владата водеше преговори со Европската комисија за нивна корекција, особено оној кој се однесува на либерализација на енергетскиот пазар за кој се стравуваше дека ќе донесе повисоки цени на струјата за домаќинствата, премиерот Мицкоски најави дека веќе е постигнато решение усогласено со Европската комисија, според кое од Нова година, ЕСМ ќе испорачаува максимум 70% од потребната елекетирна енергија кон универзалниот снабдувач - ЕВН Хоум, наместо сегашните 100%.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората

Освен електронски, може да се најде и друго решение за поголема вклученост на дијаспората во изборите - премиерот Мицкоски со нов повик до опозициската СДСМ за консензус околу Изборниот законик. 

Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората

Откако предлог законот заглави во Собрание со над 13 илјади амандмани, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нови меѓупартиски преговори. Ако биде постигнат договор, повтори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде бланко поддршка на сите други забелешки од опозициските партии.

-Еве ние сме подготвени повторно да седнеме, повторно да разговараме. Гласањето на дијаспората – да најдеме модалитет да биде во обем многу поголем, со што би заштедиле пари. Еве, нека биде со писма, преку пошта, како било, да најдеме форма како да го интензивираме гласањето на дијаспората и да го направиме достапно за дијаспората,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Но, опозицискиот лидер Венко Филипче и понатаму се сомнева во намерите на власта за изборен грабеж. Со оглед дека предлогот е да почнат од претседателските избори во 2029 година, според него не треба да се избрзува, туку да се формира експертска работна група.

-Тоа што менува само да помине законот создава сомнеж. Зошто дозволува да се отвори врата за манипулација со изборниот процес и става терет на луѓето од дијаспората дека утре тие може да бидат обвинети дека учествувале во изборен грабеж? Зошто да им ставаме таков терет? Нека дојдат тука нека гласаат со фингерпринт како што ние гласаме.. Секогаш ќе бидеме конструктивни кога се работи за тие закони, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж. И сето ова што премиерот го менува ставот еднаш вака, еднаш така, отвора сериозен сомнеж дека има позадина во целото тоа,- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Од друга страна евроамбасадорот Рокас порача дека предлог-законот кој е во Собрание е позитивно оценет од европските институции и очекува дека сепак власта и опозицијата ќе најдат заеднички јазик.

-Законот сам по себе е добар, ОДИХР и Европската Комисија имаат позитивни оценки. Она што остана се модалитетите. Разбирам дека има несогласувања околу модалитетите, но чувствувам дека има добра волја да се надминат. Исто така има комисија во Собранието за Изборниот законик и се надевам дека партиите за вака важно нешто ќе седнат и ќе постигнат консензус за овие сензитивни прашања,-Микалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија.

Иако на лидерската средба во јануари партиите генрално изразија согласност за промена на изборниот модел и воведување на 1ИЕ наместо сегашнитие 6, во предложениот закон ова прашање не е опфатено.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер