ФормулаФетел: Не се сомневам дека Хамилтон ќе успее со Ферари Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го поддржа својот поранешен ривал Луис Хамилтон, поради тешкотиите што Британецот ги доживува откако се пресели во Ферари на почетокот на годината.Тешкотиите што го мачат Хамилтон се добро документирани, но според Фетел, кој возеше за Ферари од 2015 до 2020 година, Британецот ќе најде начин да се справи со нив. Германецот исто така изјави дека овие тешкотии биле сосема очекувани, бидејќи животот во Ферари е сосема поинаков. -Не ги знам сите теми, па затоа немам целосна слика. Но, очигледно промената е голема, особено за Луис. Ферари има свои правила, своја култура, тимот е сосема поинаков. Знам дека прават сè што можат за да му го олеснат преминот и да го осигурат неговиот успех. И ако некој може да го направи тоа, тоа е Луис. Не се сомневам во неговите способности, изјави Фетел за „Кронен Цајтунг“. Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото ВодочаНајмалку 20 пожари избувнале денеска ширум државата, од кои 11 се активни, инфгормираше пред малку првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов. Најсирозна е состојбата во струмичко, каде што има опасност за неколку села. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоловина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблициШокантни бројки од системот „безбеден град“- над 310 илјади прекршоци биле снимени од камерите на МВР од февруари кога се пуштени во употреба до завчера, а 97 отсто се за надминување на брзината. Податоците на полицијата покажуваат дека дури повеќе од половина, над 180 илјади се направени од возила со странски таблици, оние кои почнаа да се наплаќаат пред три дена на Табановце. -Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19 до 20 август оваа година, регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. - Гоце Андреевски – портпарол на МВР За разлика од претходните денови, од МВР информираат дека сообраќајот на Табановце сега е нормализиран, без поголеми задржувања. Ова според нив се должи на апликацијата преку која сега странците може да си ги плаќаат казните електронски, а истата се најавува дека наското ќе важи и за возачите од земјава. Системот за наплата на казните ќе се надградува и на другите граници, не само на Табановце, каде што деновиве особено кај бројните српски државјани се создаде револт бидејќи чекаа во редици за да платат пред да излезат од Македонија. Наспроти нервозните патници, на социјалните мрежи кружи и видео од оро за кое се тврди дека се Срби кои играат додека чекаат на граница. Покрај со парични казни, оние кои сториле поголеми прекршоци во македонскиот сообраќај одговараат и кривично. Вчера на Табановце бил лишен од слобода 35 годишен државјанин на Холандија кој од камера на „Сејф сити“ бил фатен дека со порше вози 168 километри на час, на пат кадешто е дозволена максимална брзина е 80км/ч. Од МВР информираа дека тој ќе добие кривична пријава за делото „безобзирно управување со моторно возило“. Освен преку камерите, полицијата казнува и на терен- синоќа во акција за само седум часа санкционирани се 262 возачи, од кои 102 биле на мотори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска трескаЗападнонилската треска ја зеде и петта жртва во Македонија. Станува збор за 73 годишне маж, кој имал и други придружни болести. Информацијата пред малку на прес конференција ја соопшти директорот на инфкетивната клиника д-р Фадиљ Цана. Ја следеше Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Дали се познати причините за смртниот исход кај пациентот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook