Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
1Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
ФормулаФетел не ги гледа Ред Бул како закана во МонакоРед Бул може и да доминираа целосно во првите два слободни тренинзи во Монако, но Себастијан Фетел верува дека тие можат да бидат победени в недела. Германецот ја заврши вчерапната втората сесија на тренигот за Големата награда на Монако во Формула 1 веднаш зад болидите на „биковите“. - Ред Бул секогаш изгледаат силни на слободните тренинзи. Ќе видиме дали нивната презентација ќе биде како и обично. Мислам дека ние не треба да ги гледаме нив, тука да се фокусираме на себе и да си ја напишеме домашната, категоричен е Себ. Фетел немаше поплаки до Ферари по првите две тренинг сесии. - Ми беше доста удобно во автомобилот и јас сум задоволен од тоа како помина денот. Ова е доста позабавна патека од останатите. Трасата не дозволува да правиш грешки. Јас сум сигурен дека не го достигнав својот лимит и знам дека ќе бидеме уште побрзи, додаде четирикратниот шампион./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвропските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми.Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири. ИСОС е избран за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe во 2027 година. Одлуката доаѓа само една година од пристапувањето на Институтот во оваа организација и претставува признание за неговото активно учество во европската професионална заедница. „Изборот на ИСОС за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe е голема чест. Тоа е значајно признание за нашата работа, но и можност македонската сметководствена професија и домашната економија да се претстават пред професионалци од голем број европски земји. Довербата што ни е укажана е дополнителен мотив да продолжиме активно да придонесуваме во размената на знаење, искуства и добри практики“, истакна Весна Прентоска, претседател на ИСОС. Паралелно со активностите во рамки на CFE Tax Advisers Europe, ИСОС по втор пат учествуваше и на конференцијата „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference) во Лондон, организирана од Фондацијата IFRS Лондон. Конференцијата претставува еден од најзначајните глобални форуми посветени на развојот на меѓународните стандарди за финансиско известување, а годинава обедини повеќе од 130 делегати од 70 земји. Во фокусот на дискусиите беше идниот развој на финансиското известување и потребата стандардите да бидат јасни, применливи и економично спроведливи, особено за помалите деловни субјекти кои располагаат со ограничени административни и стручни капацитети. „Она што јасно се наметнува како заедничка тема на европско и меѓународно ниво е потребата од поедноставување на регулаторните барања и намалување на административниот товар, особено за малите и средните претпријатија. Дигитализацијата, вештачката интелигенција и новите технологии дополнително отвораат можности за поедноставни и поефикасни решенија. Нашата цел е овие искуства навремено да ги следиме и да придонесеме добрите практики да бидат земени предвид и во развојот на домашната сметководствена рамка“, посочи Прентоска. Овие прашања се од особено значење и за Северна Македонија, особено во период кога сè повеќе се нагласува потребата од дигитализација, поширока примена на технологијата во секојдневното работење и унапредување на деловното опкружување. ИСОС ќе продолжи да поддржува решенија кои обезбедуваат рамнотежа меѓу квалитетното и транспарентно финансиско известување и реалните капацитети на деловните субјекти. Пораката од актуелните европски и глобални дискусии е јасна: иднината не е во дополнителна комплексност, туку во паметна регулација, дигитализација и поедноставени решенија кои ќе обезбедат доверливи финансиски информации и подобри услови за раст на малите и средните претпријатија. Преку учеството на релевантните европски и меѓународни форуми, ИСОС продолжува да ја зајакнува позицијата на македонската сметководствена професија и да придонесува кон нејзин развој како вистински партнер на стопанството. Инаку, ИСОС обединува над 6.000 сметководители и овластени сметководители во земјава и континуирано работи на јакнење на професионалните стандарди, унапредување на квалитетот и интегритетот на професијата, модернизација на процесите и засилување на својата национална и меѓународна улога. Значаен дел од активностите на Институтот се насочени кон едукација и унапредување на членството, согласно актуелните потреби и предизвици на професијата. Во изминатите години ИСОС организираше и три регионални конференции, со учество на повеќе од 1.000 професионалци, а од септември 2025 година е полноправна членка на CFE Tax Advisors Europe. Посебен фокус во своето делување, Институтот става и на привлекување млади кадри во професијата и нејзино позиционирање како современа и перспективна професионална определба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16
СветОдлучено е: Путин и Си – да; Путин, Си и Трамп – можеби Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен, додека сè уште не се знае дали ќе се одржи трилатерална средба меѓу Путин, Си Џинпинг и американскиот претседател Трамп. Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен, додека сè уште не се знае дали ќе се одржи трилатерална средба меѓу Путин, Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп. „Постигнат е договор. Нашиот лидер ќе се сретне со кинескиот претседател, тоа е сигурно. Сепак, сè уште е тешко да се каже кој термин или датум во рамките на самитот ќе биде избран за таа средба“, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, пренесе „Спутник“. Истовремено, Ушаков нагласи дека сè уште не е започната конкретна работа на евентуална средба меѓу Путин, Трамп и Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК. Одржувањето на трилатералната средба на лидерите на Русија, САД и Кина ќе зависи, меѓу другото, од учеството на Трамп на настаните во Кина, објасни Ушаков. „Но, домаќинот на самитот, кинескиот претседател, секако ќе ја иницира таа средба“, рече Ушаков. Самитот на АПЕК ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенџен. „Бидејќи Кина е домаќин на самитот на АПЕК, претпоставувам дека нашите кинески пријатели најпрво ќе испратат нацрт-програма за самитот до сите учесници. Таа програма очигледно ќе вклучува посебни термини за билатерални, а можеби и за трилатерални средби. Ако Трамп го потврди своето учество – а не мислам дека тоа е веќе стопроцентно потврдено – од тоа ќе зависи можноста за одржување трилатерална средба. Сепак, иницијативата за тоа, се разбира, ќе потекне од домаќинот на самитот, кинескиот претседател“, изјави Ушаков. Самитот на АПЕК ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенџен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16
КултураМладите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија ЏиџеваВо организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска работилница за основци „Снимај паметно, остави трага“. Овој иновативен проект, кој се одржува под менторство на истакнатиот македонски филмски режисер Марија Џиџева, се фокусира на една од најчувствителните теми во современото општество – насилството меѓу децата и младите, со акцент на булингот и сајбербулингот. Проектот има за цел да ги трансформира паметните телефони на т.н. „Алфа-генерација“ – деца родени и израснати со технологија – од потенцијален извор на дигитално насилство во моќна уметничка алатка за социјални промени. Учениците од VIII и IX одделение низ интензивни лекции ги поминаа сите фази на филмското изразување: од генерирање идеја и пишување сценарио, преку снимање со мобилни телефони, па сè до финалната монтажа. Тие учат како да ги преточат своите лични соочувања со врсничкото насилство во филмски сценарија. Ова не е само едукација – ова е платформа каде гласот на децата станува визуелна реалност, а возрасните се тука за да научат како децата го доживуваат светот денес. -Работилницата е наменета токму за децата кои секојдневно се изложени на технологијата што придонесува за алармантно зголемување на врсничкото насилство. Целта на овие кратки форми е тимски да создадеме филмови каде што ќе го чуеме гласот на младите, ќе откриеме што ги мачи и ќе им помогнеме нвозрасните подобро да разберат како децата денес ги доживуваат булингот и сајбернасилството“, истакна менторката Џиџева.. Поддршката за овој визионерски проект доаѓа директно од Општина Кисела Вода. На прес-конференцијата по повод отворањето на 11. издание на фестивалската програма под мотото „На прво светло“, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази силно задоволство од соработката со фестивалот. -Преку ова партнерство и ставањето во функција на нашите две киносали во Кисела Вода, директно придонесуваме за создавање услови за промоција на филмската уметност, даваме конкретна поддршка на младите автори и ги доближуваме современите културни содржини до граѓаните, рече Стаменкоска-Трајкоска. Кратките филмови што децата ги создадоа во рамките на тридневната работилница ќе ја доживеат својата официјална премиера пред пошироката јавност на големото платно за време на претстојното издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, кој свечено се отвора на 14 октомври во киното „Фросина“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter