Фетел најбрз во Австралија - Канал 5

Фетел најбрз во Австралија

Возачот на ред Бул Себастијан фетел забележа најдобри време на првите тренинзи пред Големата награда на Австралија ,воведната трка во новата сезона во Формула -1.

Фетел најбрз во Австралија



Актуелниот светски шампион доминираше на патеката Алберт парк во Мелбурн и го извозе најбрзиот круг во време од 1-25 908 минути.

Најблиску до бранителот на тронот беше неговиот тимски колега Марк Вебер, со заостанување зад фетел од 25 стотинки, трето време на тренингот имаше возачот на мерцедес Нико Розберг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Марјановиќ во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Ана Марјановиќ.

Ана Марјановиќ во „Вести плус“

Ќе има ли лек за доцнењето на терапијата на клиниката за онкологија? Што значи потврда на канцер за пациент по која патека продолжува во здравствениот систем? Дали има стратегија за скрининг програми? Со Ана Марјановиќ од хема онко

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Средба Џеко - Тадиќ: Опаа како си се набилдал

„Ал си се набилд’о“: Средбата меѓу Џеко и Тадиќ во Најмеген стана хит.

Видео: Средба Џеко - Тадиќ: Опаа како си се набилдал

НЕК Најмеген направи големо изненадување и се пласираше во последното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако го победи Олимпијакос со 2:1 по продолженијата.

Сепак, покрај драмата на теренот, вниманието на јавноста го привлече средбата меѓу пријателите Един Џеко и Душан Тадиќ.

Капитенот на БиХ, Џеко отпатува во Холандија за од трибините да му даде поддршка на својот голем пријател и поранешен соиграч од Фенербахче екс капитенот на Србија, Тадиќ.

Нивната средба била снимена и набрзо стана вирална на социјалните мрежи.

Двајцата пријатели се поздравија за време на претставувањето на играчите, а уште поемотивна средба уследи по натпреварот, кога Џеко слезе пред соблекувалната за да му честита на Тадиќ.

„Имаш многу пари“, се пошегува Џеко. Тадиќ одговори: „Ни донесе среќа“.

Набргу потоа им се придружи Емре Мор, поранешен соиграч од Фенербахче и херој на натпреварот, кој го постигна победничкиот гол за НЕК. Џеко и Тадиќ играа заедно во Фенербахче од 2023 до 2025 година, а нивното пријателство очигледно остана цврсто и по разделбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 200 загинати во Колумбија, спасувачите сè уште не стигнале до епицентарот!

 Повеќе од 200 загинати во Колумбија, спасувачите сè уште не стигнале до епицентарот!ЕУ доделува помош од 2 милиони евра поради земјотресот, Фон дер Лајен се обрати на шпански.

Повеќе од 200 загинати во Колумбија, спасувачите сè уште не стигнале до епицентарот!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера објави дека ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија, откако земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала однесе повеќе од 200 животи и уништи илјадници згради и куќи.

„Додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија секаде каде што е тоа можно“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Таа изјави дека ЕУ става на располагање помош од два милиони евра за заедниците во најтешко погодените подрачја.

– Откако Колумбија го активираше Механизмот за цивилна заштита, работиме на тоа помошта да одговара на потребите на терен. Ова е европска солидарност – заклучи Фон дер Лајен во соопштение на шпански јазик.

Колумбија во понеделникот беше погодена од земјотрес во кој, според Си-Ен-Ен (CNN) и податоците на локалните власти, загинаа најмалку 200 луѓе, а спасувачките екипи сè уште не успеале да стигнат до епицентарот на земјотресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер